Фан Клуб: Динамо Загреб

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Со оглед на тоа дека имаше далеку потешки противници во другите група,Д-групата спаѓа во полесните односно според мене има големи шанси да минеме понатаму.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Штета што им се падна Паок,кој беше најјак од 4 шешир,можеа полесно да поминат.Сепак имаат добри шанси,да се пласираат во следната рунда.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Групата е многу изедначена.ПАОК е незгоден противник и Бриж исто.Со нив може да се игра и можат да се победат,но исто може и да се изгуби.Виљареал е 2 класи на останатите и ако успее со нив да се исчупа бод ќе биде успех.

Инаку почнаа засилувањата.Од Спортинг Лисабон стигна Тонел.Тој е 30 годишен дефанзивец.Последните 4 сезони ги има пројдено во Спортинг и таму беше до лани стандарден.Има 2 настапа за Португалија,најновиот му е пред 5 месеци.Таман ќе дојде добро бидејки ни фалат јаки играчи на таа позиција.Останува уште да се купи добар напаѓач бидејки и таму фали еден.Има гласини дека ќе се доведе некој стварно добар напаѓач(Џиби Фаје од Локомотив Москва,а на некои форуми прочитав и нешто за Давид Суазо).Мамиќ почна со добри купувања,прво Халилхоџиќ,светска класа тренер и сега Тонел.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Завеши преодниот рок.Не се доведоа некои ѕвезди,но се купија доста корисни играчи.Се добива впечаток дека прв пат до сега Динамо купува плански,како што треба.Доведен е Јакуб Силвестр од Слован Братислава.21 годишен фудбалер,може да игра и како напаѓач и како крило.Го најавуваат како еден од најталентираните Словачки фудбалери.За младата репрезентација на Словачка има 13 настапи и 6 гола,додека на клубско ниво 91 настап и 20 гола во словачкото првенство.Не е некоја најдобра статистика,но сепак за својот клуб има играно само како крило,не како напаѓач.Дал голови против Штутгарт и Ајакс.Второто засилување во нападот е Фатос Беќирај од Будуќност.22 години напаѓач,А репрезентативец на Црна Гора.Физички доста јак играч со добра завршница.Знае добро да се постави и да искористи шанса.Нема некоја убавина во неговота игра,но е многу ефикасен(80настапи 40 гола во првенството).


Гол против Србија

Гол против Хрватска

Вториот гол против Штутгарт е негов
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ај и овде да го најавам дербито.На 11ти септември на Пољуд во Сплит се игра големото дерби Хајдук-Динамо.Едвај чекам да дојде :))
П.С На денешен ден 67 се случи најголемиот успех на Динамо во својата историја.Го освои купот на Велесаемските градови(денепна Лига Европа).Во финалето беше победен Лидс.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Хајдук - Динамо 1-1
Саммир и Шарбини се стрелци на головите.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ауууууу ги преслушаа:):):)
Ни на крај памет не ми беше дека може овоа да се случи:)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Лелелелелелелелл не ми се верува што гледав сега.Одлично!!!!!Не можам сеуште да се соземам..........
Саммир,те молам до крај на кариера седи во Динамо...
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Честито победата,имате шанси за пласман во следната рунда. Поздрав :smir:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Браво Динамо !!

- Ваква представа од нив немам гледано од времето на Дуду, Модрич, Чорлука и остала банда. Искрено мислев дека и оваа ќе им биде само уште една лејм сезона во Европа, но денес ме порекнаа. Секоја им чест, падна (барем на лист) најтешкиот противник во групата, против К.Бриж и ПАОК би требало да биде полесно, со уште поубедливи победи.

ПС - Ајде и Хајдук нека се покаже против соседите ни. :) :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Каква само игра на Динамо.Нека гледаат сите поготово Балканскиве тимови како се игра,како се гине на терен.Буквално тоа го имаше денеска на Максимир.Честито победа и само така да продолжиме.Конечно публиката пресреќна.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Многу добро изиграно.Се гледа кој е Халилхоџиќ.Со овој состав Динамо се посрамоти со Копер,изгуби од Ријека и испадна од Шериф.Ја зема екипата кога беше најдоле,моралот низок,играта никаква и ужасна атмосфера околу екипата.Ама тренер од светска класа како Халилхоџиќ го смени тоа.
Бишчан никогаш подобар не бил,Саммир исто.Рукавина ја поправи играта во овие месец дена повеќе од колку последните 3 години.Играта одлиќно ја постави,од дамна вака дисциплинирано во одбрана и напад не играле.Контрите милина за гледање,реализацијата пак тапа.
Келава - 6.5 Немаше премногу работа,тоа што требаше солидно го заврши.
Куфре - 8 ЦАР,никој не го помина,кон напред беше доста опасен.
Тонел- 6 немаше и тој нешто премногу работа,еднаш добро расчисти и доби некои воздушни дуели и то е се.
Бишчан - 7.5-8 човекот е во животна форма,како расчистуваше ситуации,ја контролираше одбраната,скоро сите 1 на 1 дуели(ако не и сите) го доби.
Врсаљко 7 - овој ќе биде светска класа.Игра вака со 18 години,а ова не му е единствена добра утакмица.Цело време игра вака.Борбен,јак во дуели,уклиза еднаш многу добро.Игра и со лева и со десна......Ќе го биде дечкото
Адеми 6 - ништо посебно,не се виде многу.Само го приметив кога имаше жолт картон.
Бадељ 7 - не знам како да го оценам.Имаше еден куп добри потези,но и доста ситни грешки.Битно ја подобрува играта од натпревар во натпревар
Моралес 6.5 - Како по обичај невидли доста од времето.Има добри потези,се гледа дека е добар техничар.Имаше една добра шанса,но тоа е се.
Томечак 6.5 - Имаше некои глупости,но доста борбен,брз правеше доста проблеми по десната страна.А со оглед дека беше повреден со месеци до сега одлично е.
Саммир 10-Овој човек е во животна форма.Асистенција,гол,одлични топки кон напред,го изнуди првиот жолт од Сена,ги направи магариња.......Немам зборови за него,генијалец.
Рукавина 7.5 - даде гол и направи малце притисок на нивните дефанзивци,ги натера да погрешат,но тоа е се што направи.
Чаго 8 - Ќе се убиев кога го видов во 55та минута како влегува.Мислев кај овој влага,што к** бара Ваха сега да се брани,но испадна како одлично решение.Затвори дупката по средината,одезма многу топки,кон напред беше одличен.Доста добро изигра.
Беќирај и Ибањез играа многу малку.

--- надополнето ---

Dali imaja Bojkot BBB za ovu igru ?
Да.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom