Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Ајде сега и Валенсија :sneaky:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Денес е денот за одмазда (или сепак не :D) :icon_mrgr:
Гостување кај лутиот ривал, екипата која ни зема титула во меч што на нив ништо не им значеше и екипата која не прати во втора лига во меч кој истотака ништо не им значеше.
Гвардадо веќе после 2 кола има можност за се соочи со својот екс клуб :D Вчера изјави дека ако даде гол нема да го прославува. Искрено се надевам дека воопшто нема да има шанса да прославува нешто :D
На наша страна Марчена има враќање на неговата Местаља, и се надевам со крената глава ќе го напушти теренот :D

Три играчи се надвор од составот од почетокот н сезонат, сите тројца би биле дел од првиот тим ако се здрави. Лауре, Саломао и Зе Кастро.

Мечот се игра во 11 вечер :tapp:
За жал најверојатно нема да бидам во можност да го гледам...
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Денес е денот за одмазда (или сепак не :D) :icon_mrgr:
Гостување кај лутиот ривал, екипата која ни зема титула во меч што на нив ништо не им значеше и екипата која не прати во втора лига во меч кој истотака ништо не им значеше.
Гвардадо веќе после 2 кола има можност за се соочи со својот екс клуб :D Вчера изјави дека ако даде гол нема да го прославува. Искрено се надевам дека воопшто нема да има шанса да прославува нешто :D
На наша страна Марчена има враќање на неговата Местаља, и се надевам со крената глава ќе го напушти теренот :D

Три играчи се надвор од составот од почетокот н сезонат, сите тројца би биле дел од првиот тим ако се здрави. Лауре, Саломао и Зе Кастро.

Мечот се игра во 11 вечер :tapp:
За жал најверојатно нема да бидам во можност да го гледам...
Јас ќе го гледам, па ајде и јас да направам едно review после утакмицата :)
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Епа време е и јас да оставам едно review после утакмица. И со ќеф ќе го оставам бидејќи ова беше најдобрата гостинска во последните 10 години колку шо го следам Депортиво. Можеби резултатот не изгледа така (3:3) али други работи се дешаваа на терен! Saber Rider искрено не знам како можеш да искачаш на вакво дерби, не ми е јасно, дефинитивно не знаеш шо си пропуштил :)
Па да почнеме.
Лошо започнато прво полувреме. Како да беа импресирани од утакмицата. Некако многу млитаво се понашаа на терен. Валенсија даде 2 брзи гола. А реално и не игравме толку лошо во целина колку што киксираше одбраната посебно Евалдо. Катастрофа невидена целосно се изгуби, и 2-та кикса (и двата голови) му влијаеа до крај на утакмица беше тотално загубен али Олтра не го смени. На 2:0 се вративме во игра преку Агилар. Овој тип го немав гледано многу претходно али со еден збор - ѕвер. Каква утакмица изигра тоа чудо невидено. Валенсија си даде и трет гол одма потоа и толку. Немаше ништо до крај на полувреме, можеше уште еден да лапниме и мислев дека до крај ќе ни ја наполнат мрежата - едно 5-6.
Али дојде второ полувреме и навистина не знам шо се дешавало у соблекувална. Подбирање од 46 мин. па до крај. Валенсија беше ставена буквално во пакет на сред местаља. Агилар го забоди и вториот гол и од тој момент, постоеше само еден тим на теренот - Депортиво. Валенсија буквално се изгубија, а Гуардадо го немаше цела утакмица. Се гледаше дека не му е сеедно и буквално ништо не направи цела утакмица. После се редеа некои шанси пред голот на Валенсија, посед на топка 30-70 за Депорот. Следеше пенал за депор и црвен за валенсија. Пизи даде гол и депор притисна уште повеќе, Оливеира, Бруно Гама, Пизи... сите промашија а најубавата шанса ја имаше Гама во 91 кога ги маана 2-ца од игра и немаше сила во петерецот да шутира посилно. На крај изгледа Депор се откажаа (последни 2 минути) и ја олабавија играта. Заборавив да кажам дека во 89 имаше уште еден пенал за Депор, кристално чист над Оливеира, али знаев дека судијата нема да свирне два пати на местаља и не не свирна.
Ова беше најдобрата гостинска утакмица на Депор во последните 10 години. Комбинаторна игра слична на онаа на Барса. Ако успеат да ја истемпираат формата, Депортиво дефинитивно ќе се бори за лига на шампиони оваа година. Ако валенсија игра во ЛШ и секоја година е 3-та на крај позади реал и барса, дефинитивно и ние сме таму. Само да не изгледа ова форсирање на почеток и крах потоа. Во секој случај овој Супер Депортиво има страшен тим сосавен од ветерани и талентирани деца. И да, Atleti MKD, дефинитивно треба да се плашите од овој тим:)
FORZA DEPOR!!!
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
darius Незнам ќе видиме. Кога видов 3:3 ептен се израдував:) И поради Депортиво кој ми е еден од поомилените екипи во Шпанија, и поради тоа што Валенсија ја сметам како ривал за 4-то место оваа сезона. Ќе биде добро доколку победиме денес против Атлетик.

А за тоа дека можете да одите на 3 место зад Барса и Реал е невозможно. Како што разбрав од Saber Rider вие сте во криза (исто како и ние) па поради тоа тешко дека може да се очекува такво нешто. Треба да ги искористите слободните трансфери и да поткупите нешто.

Него колку сте во долгови?
И како игра Пици ме интересира? :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
3-3 ијааааа што сум пропуштил, али јебига немав избор :icon_mrgr:
Браво браво, ќе гледам хајлајтси утре, сега сум мртов :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071

Имало и ефтини провокации од нивна страна:


Затоа ова реми е уште послатко :D

После две кола, 3 бода пред Реал, 2 пред Валенсија, 6 пред Селта... :icon_mrgr:
Сепак сеуште си стојам на тоа дека борбата за опстанок е нашата цел за сезонава :)

Агилар растура... Го земале за Колумбија да игра :D
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22

Имало и ефтини провокации од нивна страна:


Затоа ова реми е уште послатко :D

После две кола, 3 бода пред Реал, 2 пред Валенсија, 6 пред Селта... :icon_mrgr:
Сепак сеуште си стојам на тоа дека борбата за опстанок е нашата цел за сезонава :)

Агилар растура... Го земале за Колумбија да игра :D
Абе што збориш опстанок, остај ти шо кажуваат играчите , нели гледаш каква клупа има Депор? Камуњас, Оливеира, дремат на клупа до 70-та минута, Андре Сантош нема ни заиграно ами Салмао, ами Лауре да се вратат???
Гледам цело време зборуваш опстанок, опстанок. Маани си го тоа од главата, и играчите знаат каков капацитет има овој тим, само онака не форсираат демек ко аутсајдери да не сметат а тоа е најголема грешка во фудбалот - потценување.
Веруваj дека Депортиво оваа година ќе биде подобар од 14-15 тима :D
А за провокациите, остај ги, педерски тим, паразитски тим, зависат од помалите тимови во примера, само чекаат да лапнат некој подобар играч од кај нив, ама затоа пак им се враќа со тоа што Барса или Реал им ги лапаат нивните играчи. И затоа ќе бидат вечно трети, се надевам оваа година ни ЛШ нема да фанат. Најгејскиот тим у шпанија е токму Валенисја...потоа Атлетико хахаха
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Ќе видиме до каде ни се можностите во дуелот со Атлетико Мадрид :D
Плус ги фаќаме во време кога имаат 3 меча за една недела...

Најверојатно нов напаѓач на Депортиво ќе биде Кристијан Стуани. Одлично засилување според мене кое само ќе ја комплетира напаѓачката линија. Денеска поминал на медицинските прегледи и скоро сигурно е наш играч, но сепак требало да се надминат некои мини проблеми околу договорот со него. Би требало утре да излезе официјално. Уште не се знае дали ќе биде позајмица од Сантандер или целосно ќе го откупиме...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Од каде само идејата дека следен меч ни бил со Атлетико Мадрид :tapp::pos:

Во сабота во 8 часот играме дома со Гетафе. Лопо се враќа дома... :icon_mrgr:
Да го испратиме со неколку гола... :icon_mrgr:
Иако Бруно Гама беше неизвесен за овој меч сепак малата повреда му е санирана и повторно ќе настапиме со сличен состав.

Инаку на неколку часа до крајот на трансфер рокот нема ништо ново кај нас. Кристијан Стуани во последен момент место кај нас отиде во Еспањол. Јебига неможеме да парираме финансиски на никого :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Хмммм интересен крај за нас на трансфер периодот ама сеуште нема сигурни вести. На неколку часа пред крајот на предониот рок беше овјабено дека двајца играчи се во Ла Коруња на медицински прегледи и скоро сигурно потпишуваат со Депор.
Едниот е Тиаго Пинто, лев бек кој има настапувано за Порто, Спортинг Лисабон и Рио Аве како последен клуб, за кого се шпекулира дека сме потпишале 4 годишен договор (доаѓа како слободен играч) и вториот е Иван Класниќ :vozbud:
За мене би бил бомбастичен трансфер ко за нас, ама сепак освен Марка нигде не е потврдено, а се шират гласини дека не бил склучен договор со него во последен момент.
Ќе видиме утре, сепак мислам дека Пинто ќе дојде а Класниќ не.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.071
Сумка сумарум на се што се случувало на последниот ден од трансфер периодот.
И официјално Тиаго Пинто (син на славниот Португалски фудбалер Жоао Пинто :D) , 24 годишниот екс играч на Рио Аве е нов играч на Депортиво. Се работи за лев бек кој и претходно беше поврзуван со нас, но не дојде поради доаѓањето на Евалдо. Сепак по првите две кола јасно се виде дека со Евалдо и Ажозе не правиме ништо на левата бековска позиција, по што беше потпишан и Тиаго Пинто.
Притоа Пинто ќе биде пријавен како играч на Фабрил.
Втората вест онаа позанимливата беше околу Класниќ. Лендоиро и дефинитивно посочи дека има интерес за него но немало ништо конкретно и дека веста дека бил на медицински прегледи во Ла Коруња е лага.
Меѓутоа слободен агент можеме да потпишеме и по завршувањево на трансфер периодот. Лендоиро нагласи дека ќе се бара уште еден напаѓач кој е слободен агент во моментов, а не ја исклучи можноста тоа да биде и Класниќ.
Оставено е едно место во составот, и оставен е дресот со број 12 кој би го носел планираниот напаѓач.
Бројката е намерно одбрана, ако не се најде напаѓач дресот со број 12 останува за НАВИВАЧИТЕ :)

Финалниот состав е:
1. Аранзубиа
2. Мануел Пабло
3. Евалдо
4. Алекс Бергантињос
5. Зе Кастро
6. Ајтами
7. Саул
8. Андре Сантос
9. Пици
10. Хуан Домингез
11. Рики
12.
13. Лукс
14. Абел Агилар
15.Лауре
16. Бруно Гама
17.Ажозе
18. Камуњас
19. Родерик Миранда
20. Хесус Васкез
21. Валерон
22. Саломао
23. Бодипо
24. Марчена
25. Нелсон Оливеира

Во првиот тим се сметаат уште и слесдниве играчи кои ќе бидат пријавени како играчи на Фабрил:
Тиаго Пинто
Сеоане
Хуан Карлос


Во последен момент младиот Хуан Карлос избегна позајмица во Хуеска, бидејќи закаснил на потпишување на договорот. Интересно Ласад на крај заврши во Леванте :tapp:




Депортиво оваа сезона го напуштија следниве играчи: Гвардадо (Валенсија), Колото (Еспањол), Борха Фернандез (Гетафе), Морел (Индепендиенте), Пабло Алварез (Луго), Циско (Њукасл), Ласад (Леванте) и Рочела (пратен на позајмица во Расинг Сантандер).

Дојдоа: Диего Саломао, Евалдо Дос Сантос, Андре Сантос (позајмици од Спортинг Лисабон), Пици (позајмица од Брага), Хавиер Камуњас (позајмица од Виљареал), Абел Агилар (позајмица од Херкулес), Нелсон Оливеира, Родерик Миранда (позајмица од Бенфика), Карлос Марчена и Тиаго Пинто (потпишаа како слободни агенти).


Доста активен период за Депортиво, иако во глобала не беше остварен ниту еден трансфер за кеш:D Сите играчи ни заминаа како слободни агенти или па им завршија позајмиците, а сите што дојдоа се или на позајмица или како слободни агенти. Тоа е кога си финансиски лимитиран :)

Имавме одличен почеток на сезоната, а вечер одиме по три нови бода!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom