Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
А да направите еден фан клуб на Фејсбук. Така би било подобро и би биле поблиску до информациите за Депортиво. Многу ги поштовам луѓето кој не навиваат за "големите" клубови, всушност, таков сум и јас :) време e Депортиво да се врати на врвот. Поздрав :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Извлечени двојките за следната сезона :)
Во првото коло ДЕПОРТИВО-Осасуна :D
Одлична прилика да се почне сезоната со поволен резултат...

Мал апдејт на настаните:
Останавме без голем број на играчи...
Замени уште не се најдени, освен Андре Сантос кој дојде на позајмица, досега не е дојден друг фудбалер. Истотака му беше продолжена позајмицата на Соломао.
Ни отидоа двајцата клучни фудбалери Колото и Гвардадо. Си отиде и Пабло Алварез на крилната позиција, Раул младиот лев бек отиде во Алмерија Б, Морел си отиде како слободен играч, а на Циско и на Борха Фернандез не им беа продолжени позајмиците...
Истотака и Ласад го напушти клубот и искрено не верувам дека ќе се врати...

Со еден збор целосно нов тим ќе имаме :)

Мора да се пополнат доста дупки во составот. Ни фали десно крило, ни фали лев бек, ни фали централен дефанзивец (еден или два), и секако минимум 2 напаѓачи...

Бар голмани имаме :icon_lol:
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Немавте во тимот некој Улоа кој имаше 25-6 гола? или тој не играше за Депортиво ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Немавте во тимот некој Улоа кој имаше 25-6 гола? или тој не играше за Депортиво ?
Не не за Алмерија мислам дека игра тој...
И он беше поврзуван со нас летово ама ништо не испадна...
Во моментов имаме само двајца напаѓачи Рики и Бодипо (вториов немора ни да се спомнува :D).

Бтв заборавив, Селта-ДЕПОРТИВО во 9 коло на 28 октомври :)
--- надополнето: 10 јули 2012 во 15:28 ---
FIRST ROUND
19/Aug/2012: Deportivo Vs Osasuna (matchday 01)
26/Aug/2012: Valencia CF Vs. Deportivo (matchday 02)
02/Sep/2012: Deportivo Vs. Getafe CF (matchday 03)
16/Sep/2012: Granada CF Vs. Deportivo (matchday 04)
23/Sep/2012: Deportivo Vs Sevilla FC (matchday 05)
30/Sep/2012: Real Madrid Vs. Deportivo (matchday 06)
07/Oct/2012: Rayo Vallecano Vs. Deportivo (matchday 07)
21/Oct/2012: Deportivo Vs. FC Barcelona (matchday 08)
28//Oct/2012: RC Celta Vs Deportivo (matchday 09)
04/Nov/2012: Deportivo Vs RCD Mallorca (matchday 10)
11/Nov/2012: Real Zaragoza Vs. Deportivo (matchday 11)
18/Nov/2012: Deportivo Vs. Levante UD (matchday 12)
25/Nov/2012: Athletic Bilbao Vs. Deportivo (matchday 13)
02/Dec/2012: Deportivo Vs Real Betis (matchday 14)
09/Dec /2012: Atletico Madrid Vs. Deportivo (matchday 15)
16/Dec/2012: Deportivo Vs. Real Valladolid (matchday 16)
22/Dec/2012: RCD Espanyol Vs. Deportivo (matchday 17)
06/Jan/2013: Deportivo Vs. Malaga (matchday 18)
13/Jan/2013: Real Sociedad Vs. Deportivo (matchday 19)

SECOND ROUND
20/Jan/2013: Osasuna Vs. Deportivo (matchday 20)
27/Jan/2013: Deportivo Vs. Valencia CF (matchday 21)
03/Feb/2013: Getafe CF Vs. Deportivo (matchday 22)
10/Feb/2013: Deportivo Vs. Granada CF (matchday 23)
17/Feb/2013: Sevilla FC Vs. Deportivo (matchday 24)
24/Feb/2013: Deportivo Vs. Real Madrid (matchday 25)
03/Mar/2013: Deportivo Vs Rayo Vallecano (matchday 26)
10/Mar/2013: FC Barcelona Vs. Deportivo (matchday 27)
17/Mar/2013: Deportivo Vs. RC Celta (matchday 28)
31/Mar/2013: RCD Mallorca Vs. Deportivo (matchday 29)
07/Apr/2013: Deportivo Vs. Real Zaragoza (matchday 30)
14/Apr/2013: Levante UD Vs. Deportivo (matchday 31)
21/Apr/2013: Deportivo Vs. Athletic Bilbao (matchday 32)
28/Apr/2013: Real Betis Vs. Deportivo (matchday 33)
05/May/2013: Deportivo Vs. Atletico Madrid (matchday 34)
12/May/2013: Real Valladolid Vs. Deportivo (matchday 35)
19/May/2013: Deportivo Vs. RCD Espanyol (matchday 36)
29/May/2013: Malaga Vs. Deportivo (matchday 37)
01/Jun/2013: Deportivo Vs. Real Sociedad (matchday 38)
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Кај ја најде листава, ме интересира за други клубови да видам ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Кај ја најде листава, ме интересира за други клубови да видам ?
Од страната на Депортиво :)

Бтв штотуку се засиливме со еден играч на Атлетико. 22 годишниот плејмејкер/крило Луис Мигуел Алфонсо "Пици" доаѓа на позајмица до крајотн на годината. Доаѓа по препорака на Фелипе Луис :)


Сега Португалската колонија се зголемува на 5 играчи, а многу возможно е и следното засилување да биде Португалец.

Скоро сигурно нов лев бек ќе ни биде Евалдо од Спортинг Лисабон кој истотака би дошол како позајмица.

Очигледно е дека не се планира да се купуваат играчи па најчесто ќе доаѓаат на позајмици. Лендоиро најави нешто големо за следниве денови. Некаква си БАНАНА ОПЕРАЦИЈА :icon_mrgr: Најавува дека во оваа операција се вклучени неколку тима од повеќе земји, дека е доста комплексна и ако се помине во најдобар ред може да биде историска за Депортиво :eek:
Стварно неможам да проценам за што се работи :confused:
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Во Атлетико беше донесен како замена за Форлан, ама не му се даде шанса !
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Го добивме и третото засилување за оваа сезона. Иако денес сите го очекуваа Евалдо да дојде во Ла коруња, сепак пристигна друг играч од тимот на Спортинг Лисабон. Како замена за Колото во одбраната е доведен 28-годишниот Перуанец Алберто Жуниор Родригез. Е сега не е јасно дали ова е третиот позајмен играч од Спортинг Лисабон или па се работи за трансфер. Утре ќе биде презентацијата и деталите...
На кое дереџе дојдовме да станеме втор тим на Спортинг Лисабон :)
Тоа е реалноста...
Искрено не го знам фудбалеров, играл 5 години стандардно во Брага, лани во Спортинг играл на првите 13 мечеви и имал дсолга повреда после тоа...Ќе видиме како ќе се покаже. Португалско дуо во одбраната Родсригез-Зе Кастро :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Многу работи се сменија во меѓувреме. Иако пишав дека Алберто Жуниор Родригез е наше трето засилување, сепак типот не поминал на медицинските прегледи и отпаѓа од комбинација. Сепак одново земавме играч од Спортинг Лисабон на позајмица, а тоа е левиот бек Евалдо.

Откако Морел го напушти тимот, останавме само на Ажозе на таа позиција. Се надевам конечно во Евалдо ќе добиеме еден прав лев бек нешто што го немаме по заминувањето на Фелипе...

Го догбивме и четвртото засилување, одново се работи за позајмица од една година. Од тимот на Херкулес доаѓа средњакот Колумбиецот Абел Агилар.

Е сега ќе видиме што има Олтра во план. Имаме доста играчи на оваа позиција, па би требало еден од Агилар и Хуан Домингез да го замени Валерон на AMC пошто не верувам дека Ел Флако ќе може да изигра повеќе минути во исто темпо.
Тука се и Андре Сантос, Алекс Берганињос, Хесус Васкез, Хуан Домингез и Хуан Карлос. Најверојатно младиот Хуан Карлос ќе оди на позајмица оваа сезона.
Алекс треба да игра стандардно како DM, а другиве ќе видиме како ќе ги искомбинира.
Незнам ни Пици на која позиција ќе игра...
Гледам дека на пријателскиве го игра како лево крило.

Лендоиро вчера на презентацијата кажа дека бараме двајца напаѓачи и двајца дефанзивци. Бидејќи имаме одлична врска со Атлетико Мадрид се бара некој од нивните напаѓачи, ама како што кажа Лендоиро едно е да имаш одлични врски со еден клуб а друго е да ти даваат играчи бесплатно :D
Гриземе за Диего Коста ама ќе видиме што ќе биде.
Уште еднаш укажа дека не сме во можност да купуваме играчи, туку се ќе бидат позајмици и слободни играчи.
Истотака напомена дека кратењето на буџетот што се случува секоја година, конечно ќе престане од следната сезона, а од 2015 се очекува буџетот да расте.

Во првиот тим во моментов е земен и Пабло Инсуа кој настапуваше за Шпанија U-19 на Европсково. Големи проблеми имаме во моментов во одбраната бидејќи Зе Кастро има повреда, па останавме само на Ајтами. Па за пријателскиве беа земени младите Уксио и Каридад.
Рочела во меѓувреме беше позајмен на Сантандер, Пабло Алварез го напушти Депортиво и отиде во третолигашот Луго, додека Ласад го нема никаде и најверојатно нема да се врати.

Во моментов првиот тим изгледа вака:

Голмани: Аранзубиа, Лукс

Одбрана: Мануел Пабло, Сеоане, Лауре (десни бекови), Ажозе, Евалдо (леви бекови), Зе Кастро, Ајтами (централни дефанзивци)

Средина: Алекс Бергантињос, Хесус Васкез, Андре Сантос, Хуан Домингез, Хуан Карлос, Агилар, Валерон (дефанзивни средњаци/средњаци/офанзивни средњаци), Пици, Саломао (леви крила), Саул, Бруно Гама (десни крила),

Напад: Рики, Бодипо

*Тие со сина боја се на едногодишна позајмица кај нас.

Досега изиграни се три пријателски и остварени три победи со послаби противници.
Вивеиро-Депортиво 0-5 (Васкез, Бодипо, Рики х2, Бруно Гама)
Расинг Вилаблес-Депортиво 0-1 (Бруно Гама)
Понферадина-Депортиво 0-1 (Рики)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Искрено се надевам дека Депортиво годинава ќе остане во лига. Па и Бетис лани влезе без посебен состав па завршија доста солидно. Со Селта годинава ќе има јаки дуели :D. Се прошетавте лани низ лигата... убеден сум дека ќе имате добар пласман годинава упте едно до две засилувања нема да бидат на одмет ако земете. Со среќа. Позз:)
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Ваљадолид, Гранада и Селта отпаѓаат ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Tежок пораз на вчерашната пријателска со Хихон од 4-1...
Сепак игравме со комбинирани состави од резерви и младсинци, но ипак овој пораз ги извади на виделина многуте слабости во тимот, пред се во одбраната.
Игравме со Ајтами и Сеоане во одбраната во отуство на Зе Кастро и бевме жива смешка...
Се зборува дека следни засилувања на Депортиво, ќе бидат двајца играчи кои ќе дојдат позајмени од Бенфика.
Се работи за 21-годишниот централен дефанзивец Родерик Миранда и 20-годишниот напаѓач кој беше цел на неколку Премиерлигашки тимови Нелсон Оливеира.
 
2

~2A

Гостин
Tежок пораз на вчерашната пријателска со Хихон од 4-1...
Сепак игравме со комбинирани состави од резерви и младсинци, но ипак овој пораз ги извади на виделина многуте слабости во тимот, пред се во одбраната.
Игравме со Ајтами и Сеоане во одбраната во отуство на Зе Кастро и бевме жива смешка...
Се зборува дека следни засилувања на Депортиво, ќе бидат двајца играчи кои ќе дојдат позајмени од Бенфика.
Се работи за 21-годишниот централен дефанзивец Родерик Миранда и 20-годишниот напаѓач кој беше цел на неколку Премиерлигашки тимови Нелсон Оливеира.
Ако го земите овој напаѓач алал ви вера... :cuc:
Ги следев минатава година Бенфика,кога и да влезеше од клупа Оливеира играше добро..
Со оглед на тоа дека вие сте малце покуси во офанзивата(со заминувањето на Гвардадо)ова ви е вистинскиот потег. (y)
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Читав на Марка дека претседателот на Депортиво го сака Диего Коста. А шо е работава со позајмициве ? немате пари или ? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Читав на Марка дека претседателот на Депортиво го сака Диего Коста. А шо е работава со позајмициве ? немате пари или ? :D
Шворцоина веќе подолги години :D
Нема да дадеме пари за играч до следните 3 години, едина опција ни се слободни агенти и позајмици :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom