Десниќ би требало да биде ок играч за втора лига како опција плус во нападот од клупа/за ротација, ама не очекувам некој посериозен учинок искрено од него. Од друга страна, со него, плус Симеон Христов, Попзлатанов, Демир и Парталко плус ако го планираат младиот Величковски, делува дека веќе нападот е комплетиран, што малку загрижува бидејки на крајот пак сме без квалитетно решение за централната позиција. Попзлатанов би требало да е сигурен стартер десно, очекував Демир и Христов да се борат за левата крилна позиција и многу подобро решение ќе беше да се донесе шпиц наместо да го трупаме составот со уште еден играч кој преферира да игра на крило.
Од многу играчи се ослободивме, а некако слабо одат засилувањата, ако не можеа да договорат шпиц тогаш имаше ли воопшто потреба да се ослободуваме од Фичо Петковски? Загубивме доста со заминувањето на Ричков, очекував голема минутажа за него како у21 играч, а не планираат ваљда да останат на Давид Велковски како единствен десен бек? И во тој случај, зошто воопшто се ослободија од Ване Јованов? И на штоперската позиција не е идеално, останавме на Ристески и Мишковски кои се ок, ама фали квалитетно засилување, Мишковски е веќе во години, а од друга страна ќе се ослободи и просотр за Ристески да игра на десен бек по потреба со оглед дека сме доста тенки и таму. Ќе почекаме уште малку за комплетна анализа, можеби ќе изненадат со уште некое име, ама не е многу ветувачки за сега и повторно се доведуваме во ситуација да го ставаме пласманот под знак прашалник.
П.С. Има ли официјално најава кога и каде ќе се одвиваат припреми, пријателски и слично?