- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
Па види стручњак што успеа да го испадне Силекс во онаква смешна конкуренција како лани, не смее да го води Вардар!Za trenerot od start znaev deka veze nema.. Mora da se reagira odma
Па види стручњак што успеа да го испадне Силекс во онаква смешна конкуренција како лани, не смее да го води Вардар!Za trenerot od start znaev deka veze nema.. Mora da se reagira odma
Башка тоа што луѓе и играчи блиски до Силекс кажуваат дека Симов после купот знаел дека ќе го бркаат и за 60.000€ го продал баражот… Таков чоек воопшто не ни треба, башка тоа што е најслаб тренер што сме го имале години уназад… Андреев за него е МурињоПа види стручњак што успеа да го испадне Силекс во онаква смешна конкуренција како лани, не смее да го води Вардар!
Запознаени беа за игрите на Силекс и Воска надвор од теренот, но некако пренаивно веруваа дека квалитетот на екипата е доволен гарант. А тимот, пред се стратегот потфрлија два пати во четири кола. Tу мач.Уште кога го видов распоредот, реков дека ќе биде тежок стартот. Практично, одигравме со скоро сите потешки противници. Поминаа тешките гостувања во Дебар и Велешта, како и директните дуели со Силекс и Воска.
Од 9 можни бодови на гости, освоивме само 1. И тој еден бод го земавме со младински состав. Со Силекс не заслуживме пораз, а денес загубивме сосема заслужено.
Играњето го пониски лиги кога имаш два богати директни конкуренти не е само игра на терен. Нема тука имиња на клубови, има фрлање пара, ургирање кај судии, фаќање на други екипи да играат за тебе. Така Воска и Силекс си ја подолеснија работата, а ние уште сме како паднати од Марс по тоа прашање. Екипите имаат голема мотивација против нас, па ќе треба време додека фатиме залет. И во минатото јаки екипи знаеле да стартуваат лошо, па после почнувале со победи и завршувале први. Притисокот што е наметнат дека мора да се вратиме одма се чини е преголем кај нашите фудбалери.
Несфатливо е вакво издание, особено што на хартија сме најјаки. Спомнав и порано, не ми се допадна што напред изнасобраа само постари фудбалери, кои не се доволно подготвени за 90 минути, а и не се желни за докажување. Велешта не тепа со 100 годишен Нијази Лена, со Стојанче Велинов и тренер како Џигерот, кловн невиден. Ама знаеа како, не фатија на ура, за 10 минути два гола ни акнаа. Паненка на Илиќ му маваат. Пеналот беше меееех, неколку пати ни кренаа сомнителен офсајд, а после вториот гол си одиграа паметно со задржување време. Оправдување нема, да беше натпреваров во некое друго време, ќе речев дека сигурно имало закани и притисок, ама кога те даваат на ТВ, кога колку толку заличија на екипа, го нема она играње на калаши и кршење нозе. Па, Скопје ги победи лани во натпревар кој им значеше бараж. Ама Скопје имаа убаво одмерен тим како за втора лига.
Дополнително, поразите на Вардар и Победа викендов се доказ дека двете екипи непотребно се трошеа со први состави во купот пред три дена, натпреварување во кое секако ниту една од нас нема никакви шанси. Не можеа да одат денес нашиве.
И да се смени Симов, кого би ставиле? Ете Тиквеш го лапна Костов денес, другото не вреди да се спомене...
Не знам за ова со баражот, ама не ме чуди. И пред 15 години, како голман беше меѓу играчите кои беа поткупени од раководството на Шкендија за финалето на Купот со Ѓорче, но помладите на чело со Фичо Ивановски им ги расипааа сметките.Башка тоа што луѓе и играчи блиски до Силекс кажуваат дека Симов после купот знаел дека ќе го бркаат и за 60.000€ го продал баражот… Таков чоек воопшто не ни треба, башка тоа што е најслаб тренер што сме го имале години уназад… Андреев за него е Мурињо
Па веќе има некои најави дека за неколку дена може да биде бивши.Добар ден,Симев уште е тренер на Вардар ?
Не си во право. Како прво Блажевски и Петковски се уште од лани, а од играчите што дојдоа летово, претежно се со прволигашко искуство: Мишковски, Стојанов, Стојковски, Глишиќ, Блажевски, Пеев, Љамчевски, Петров, Костовски, па чак и младиов Николов. За разлика од нас, Силекс изгуби преку 10 првотимци, а единствени што ги донесоа како имиња со прволигашко педигре се Стојчевски, Танушев и Каланоски. Другите во најголем дел се дојдени од второлигашки средини. Но мислам дека направија подобар избор за тренер со ангажманот на Горазд Михајлов, кој има доста искуство од работа во Втора лига.Не знам зошто мислите дека имаме некаков добар тим на хартија па поготово во споредба со Силекс. Со Блажевски и Петковски што ги извадивме од пензија и Пеев што пред пет-шест години кога другарче држеше кафич секој викенд се правеше дрво пред утакмици, можам да замислам каков е сега. Сигурен сум дека и другите не се нешто подобри. Тотална непознаница ми е втора лига и знам дека многу ќе кажат абе доволно е тоа за пласман у прва, ама уште од летоска сум скептик. Уште не сум се натерал да ги гледам годинава, преуморен сум од глупости али целата атмосфера околу новите газди, а со тоа и тренер и играчи ми е вештачка и невардарска.
Мислам дека и Злате, Фичо и Ниџо заслужија да им се даде шанса да го водат тимот, со се што дале за Вардар апсолутно треба да им се даде шанса, ако ништо друго сигурен сум дека од Симов ќе бидат многу подобри, така да добра вест...Симов е веќе бивши. Најверојатно ќе го наследи некој од момците во стручниот штаб по тоа што успеав да разберам, ама да сочекаме од самиот клуб да се произнесат.
Би се сложил со поголемиот дел од напишаното, засега нема многу простор за критика и замерки, освен киксот со документациите за прво коло. Со оглед во каков хаос беше клубот, имаа добар почеток, изборот на играчите според мене беше океј и не верувам дека имаше многу простор за нешто повеќе, апсолутно никој нема да дојде да игра втора лига од поасалните. Ми се допаѓа и што свикаа прес-конференција по превземањето, ги реактивираа и страните на социјалните мрежи, се надевам ќе добиваме редовно инфо за случувањата во клубот, а колку што сум запознаен имаше и состанок со Комити и беа доста отворени и транспарентни и желни за соработка.Околу новите газди, секој има право на свое мислење, но според мене досега сосем коректно тераат. Го оспособија кампот, кој бил запуштен и буквално испразнет, вратени се тренери во младинската школа што беа тргнати претходно, го поставија Бајо за спортски, бараат решение за Академијата да биде повторно некаде во самиот град, а да не забораиме колку време се губи на решавање на наследени проблеми. И според мене што е најбитно, луѓето засега се постојано со екипата, дали на натпревари или тренинзи, тука се присутни цело време, значи очигледно постои желба и интерес да напраат нешто со клубот. Е, сега кога ќе се направи споредба со последните 3 години од владението на Самсоненко, кого буквално човек не можеше да го види да се сврти, дали во клупските простории или на некој натпревар на Вардар, мислам дека коментар не е потребен. Јас не знам кој и дали стои некој позади нив, како што не знам ни дали ќе успеат во она што го започнале. Времето ќе покаже. Гаранција во фудбалот и спортот нема никаква...