znaci nema poveke standardni slogani i ke glumime bratstvo i edinstvo... plus ova slucajno se slaga so novata politika na sdsm, ffm i pred se novite gazdi... ne be ne, tribinata ni e 100% nezavisna sega
Јас ти гарантирам дека тие што се замараат со водење на групата, целосно тргнаа политика од истата.
Секако, тука не можеш да спречиш да дојдат и постари членови кои влечат кон партии или некои што дошле да се испукаат, ама и на двата натпревари кога рандом фаци почнаа со навредливи скандирања, одма беше пресечено. Општо, тие скандирања ја уништија групата. Прво, со скандирањата против другите градови се изгуби членството надвор од Скопје. Второ, скандирање мртов шиптаар, добар шиптаар со Силекс, може да ти донесе само парична казна за групата и клубот, а ефект нула. Комити ниту имаме противник на трибини, ниту нешто ќе постигнеме со скандирања. Само негативен публицитет кој потоа навлекува тепање деца кои врска немаат со навивачки свет и секако огромни казни. Групата уште не може да подмири казни од пред 10 години за инциденти како Нерези и Кале.
Со противничките групи како Шверцери и Балисти си имаме начини како да се соочиме и како што гледаш, целосно се распаднаа во ситуација кога не можат да соберат членство од омраза кон Комити, пошто ем не нема во нивна лига, ем си тераме наш филм.
Комити треба да биде група од градски деца, што ќе тераат филм со љубов кон клубот, градот и државата, не треба да биде трибината место за лечење фрустрации.
Користејќи го нашето име, секој што не може да го истури гневот од ситуацијата во државата, прави бељи на грбот на групата. Утре ќе прекине да оди на стадион, а казната и негативниот публицитет ќе останат на име на групата.
Дете не остана во Комити, цели генерации изгубивме. Пример, со 2 инциденти на етнички план (случај лизгалиште и случај Саздо), се изгубија 2 генерации од по 200 деца од Кисела Вода. На трибина нема НИТУ ЕДЕН член од населба која има 5 основни школи и 1 средно, а да не коментирам и колку жители има.
Не е дека групата отстапила од своите идеали, само истата прво треба да изгради јасна основа, па после да функционира и како основа за некоја НВО која ќе стои константно зад правата на македонците.
Комити е навивачка група на ВАРДАР и тука завршува секоја приказна.
Дојди наредни утакмици на трибина, да видиш какво мислење имаат членовите за сдс, пошто инсинуираш глупости.