Се е ова убаво што си го пишал, и јас апсолутно те поддржувам дека Град Скопје мора во секое време да му се најде на ФК Вардар. Но кaко реално стојат работите. Знаеш и самиот дека Градот го носи буџетот за оваа година на крајот од претходната, што значи дека пари за ФК Вардар не се предвидени. Втора многу битна работа се долговите, што и ти сам си ги напоменал како најголема опасност се долговите кои ги има клубот. И реално така е. Тие се најмалку 2,5 милиони евра, играчите и вработените немаат земено плата точно една година. Еве да речеме и да се изгура полусезоната некако, се поочигледно е дека Вардар пак ќе остане без лиценца за настап во Европа. Која е таа будала што ќе покрие толкава сума на пари.
Ја стварно не знам до кога Самсоненко ќе си игра со трпението на вработените, играчите, стручниот штаб, навивачите и целокупната јавност?! Од една страна постојано тврди нема пари да ги финансира клубовите, а упорно не се повлекува.
Битна ствар што треба да ја знаете е дека сите тие негови сателити (Самоил, Мирко, Седло) во раководството си имаат редовни примања, што само ме наведува дека у суштина тој цело време ја генерира кризата и тоа секогаш бира специфичен момент. Пред двомечот со Фенербахче, пред Ф4 и сега пред старт на полусезоната, а сето тоа нормално во предизборен период...