Фелипе е цар !! Очигледно е дека игра за себе, џабе ќе игра за другите кога се камења. Уште не ми е јасно како се одлучија за Џигаури пред Којашевич...
Џигаури не беше воопшто лош, напротив можам слободно да кажам, најдобар наш поединец денеска, заедно со Фелипе.
Новак игра катастрофално после повредата, али паметно од страна што го одмараше Муслиу за домашно отколку да го троши непотребно во резултатски небитни средби. Додека со Демири стварно не ми е јасно што се дешава. Дечкото треба да иде на бајачка очигледно, а Вардар по секоја цена да пазари лев бек зимово.
Марковиќ вообичаено слаб. Колку само погрешно предадени топки.
Вардар се гледа дека кога му се остава простор, може да се надигрува, впрочем најдобрите утакмици беа денешнава и таа со Розенборг на гости, но останува впечатокот дека се примаат премногу лесни и наивни голови. Што е, тоа е, сепак мора да бидеме горди на постигнувањата од оваа година, нешто што досега беше незамисливо за клубот, и секако со надеж дека нема да застане само на овој пласман во групна фаза.