Убава утакмица,убав фудбал,убава атмосфера и јаки пичици на југ
Мислам дека се заљубив таму
Комити имаа совршено издание,феноменално одработена кореографија,одличен избор на песни,добар тајминг......бројка накај 600-700 души.Се на се издание за 10ка.Пријатно сум изненаден и од бројот на семкари на југ.Низ цел Центар вриеше од луѓе со маици и дресови од Вардар и Комити.За карта во секој момент во тобакото имаше по 3-4 луѓе,а редица имаше и пред билетарите на стадионот.
Фудбалот одличен цела утакмица.Вардар во првото полувреме перфектен.Работнички ни 2 топки не сврзаа,а и 5-0 на полувреме немаше да биде неправедно.Маневски и Хименез феноменални. Го размонтираа тие двајца Работнички.........не верував дека и двајцата се способни вака добро да изиграат.
Ѓоргиев труп,трчаше нешто во напад се трудеше, али нивниот бек у џеб го стрпа.Да не збориме што не се врати ниту еднаш на своја половина.Цикарски сирот се сам мораше да покрива,одма вишок по таа страна правеа.Костовски спиеше во офсајд и е преспор,ај се извади некако шибна гол.Одбраната катастрофа, 2 грешки на одбраната, 2 шута - 2 гола примивме.Се гледаше и во прво дека може лесно да пукне,али ништо поконкретно не направија играчите на Работнички.Во второ секој нивни посед на топка ми застануваше срцето. Ранѓеловиќ солиден и Темелков исто.Добро засилување добивме со него.Захов доста добар и правовремен, иако прими 2 гола.Јебига, не беа негова вина 1 на 1 го оставаа.
Во одлична атмосфера Вардар покажа добар фудбал,особено во првиот дел.Да не беа тие 2 катастрофални грешки ќе беше целата вечер и целокупниот впечаток за 10ка.