Вардар не ги доби Ѓурѓевиќ и Божиновски во битката за опстанок
Најтрофејниот македонски фудбалски тим во земјава, Вардар, не успеа во намерата да го ангажира тандемот Фахрудин Ѓурѓевиќ - Боби Божиновски, со што осетно ќе се засилеше во битката за опстанок во елитното друштво. Ѓурѓевиќ, како аматер, без професионален договор играше за „црвено-црните“ во есенскиот дел од првенството, потоа во зимскиот преоден рок замина на проба во францускиот Ланс, а одигра неколку тест-меча и за гигантот Пари сен Жермен.
Раководството на Вардар се обиде да го задржи, но 18-годишниот напаѓач се избори за уште една шанса во Ланс, каде што ќе тренира со првиот тим до лето. Ако дотогаш ги задоволи вкусовите на челниците на францускиот прволигаш, ќе ја продолжи кариерата во земјата на „галските петли“.
Божиновски, според информациите на „Дневник“, е заминат за Казахстан каде што настапуваше до скоро. Тој беше член на Локомотив Астана во финишот на ланската и почетокот на оваа сезона. Сега се работи за друг клуб, кој ќе биде четврти во интернационалната кариера на 30-годишниот играч од средниот ред. Божиновски ја почна одисејата во странство во 2006 година во литванска Ветра, потоа настапуваше за Судува, екипа од истата земја, а лани ја засили Локомотив Астана. До пред неколку дена тренираше со Вардар, клуб што му е матичен и каде што ги направи првите фудбалски чекори, но до договор со „црвено-црните“ не дојде. Вардар моментно е претпоследен со 13 бода и има уште 14 натпревари за да ја надомести разликата од 9 бода во однос на Скопје и да се спаси од директно испаѓање од елитната лига. Вардар заедно со Силекс се единствените екипи кои се редовни прволигаши во 19. фудбалски шампионати од осамостојувањето на Македонија.
(З.П.)
Превземено од:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=06D6460E79E741418B34F9AE954E4B44
Што во превод значи тешка пролет за нас, али на маката се познаваат јунаците
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EBE2C93B4EE5EC44895D1B72788F1B07