Фан Клуб: Вардар

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Е ова личеше на утакмица,борбеност,игра,квалитет тоа се бара од Вардар.
За голот на Положани немам зборови совршенство:cuc:
ПС: 3-ката е Горан Сиљановски...изгина детето,секоја чест,башка и тој го даде првиот гол.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Честито победа:helou:и ве чекаме наредна недела во голем број(ако се игра у недела заш и ренова и шкендија играат исто дома):helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Добро одигра 22, ептен ме бендиса, а малиот “Меси“ - 14, малку претерува на моменти. Добра му е улогата да игра крило, ама треба да јаде шљаки коа ќе почне да се праи Зарате. Впрочем и Зарате треба шљаки да јаде. :icon_lol:

Исто така, неверојатен е стариот, 21... фантастичен стопер. Туку, има ли некој линк, или барем нека ги испише играчиве, не знам веќе кој е кој во екипава, сто играчи сменивме, ги гледам, двајца играчи не знам по име и презиме :(
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
1. Горан Симов
2. Арбен Нухиу
3. Горан Сиљановски
5. Даниел Мојсов
10. Никола Трипуновски
8. Артим Положани
7. Александар Пандовски
14. Иван Настевски
21. Благоја Милевски
18. Симеон Христов
6. Милан Илиевски

Овие ги знам само отприлика :smir:
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Потврдено дека натпреварот помеѓу Тетекс и Вардар ќе се одигра во недела 25 Април, Ренова ќе игра у петок така да ве очекуемо браќа Комити:vozbud::helou:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
И Ренова "поплавена" од Вардар!
* Комплетна доминација на Вардар, евро гол на Положани, погодени плус дирек и пречка за "црвено-црните" се моментите од вардаровата приказна за посрамување на лидерот во шампионатот
ВАРДАР - РЕНОВА 2:0 (1:0)
Национална арена "Филип Втори Македонски". Гледачи: 1.000. Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Ристески и Љупчо Димоски (сите од Прилеп). Делегат: Сабри Алими (Куманово)
Стрелци: Сиљановски 31', Положани 77' (В). Ж. картони: Мојсов, Положани (В); Стојанов, Тодоровски (Р).
Играч на натпреварот: Артим Положани

ВАРДАР
Симов 3
Илиевски 3
Сиљановски 3,5
(66' Ѓурѓевиќ 3)
Милевски 3
Мојсов 3
Спасески 3
Симовски 3
(46' Џангаровски 3)
Глишиќ 3,5
Трипуновски 3
Положани 4
(82' Ард. Нухији /)
Настевски 3,5

РЕНОВА
2 Ковачевиќ
1,5 Стојанов
1,5 Игњатовски
1,5 Статовци
2 Мемеди
1,5 Гаши
1,5 Емини
(1,5 Османи 46')
2 Тодоровски
1,5 Нухију
(1,5 Бајрами 46')
1,5 Али
1,5 Толески
(/ Јанчевски 75')

Преку серија индивидуални извонредни потези, а на крајот крунисани со погодок ретко виден на нашите терени Артим Положани во 77. минута ја заокружи вчерашната беспрекорна фудбалска приказна на вардаровиот состав против лидерот и најсериозен кандидат за годинашната шампионска титула, Ренова.
Продолжувајќи ги своите одлични пролетни изданија "црвено-црните" го забележаа и петтиот бод од последните три средби со најдобрите три екипи во лигата останувајќи непоразени во дуелите со Металург и Работнички, а вчера сосема заслужено совладувајќи ја и фаворизираната Ренова. Избраниците на Илчо Ѓоргиоски низ нешто поизменета тактичка поставеност вчера им одржаа лекција по мотив, желба за надигрување, ангажман и квалитет на противничките фудбалери веројатно неметнувајќи го размислувањето всушност кој е кој од двата состави на првенствената табела.
"Вардарците" до заслужениот триумф стигнаа пред с$ по одличното свое второ полувреме иако предност стекнаа уште по првиот дел. Низ стартните 45 минути малку што и двата тима оставија за одбележување освен убавиот погодок на младиот Горан Сиљановски во 31. минута по одлично изведениот слободен удар на Никола Трипуновски. Ренова во првиот дел имаше повеќе удари кон противничкиот гол, и трите на Тодоровски, меѓутоа сосема безопасно за голот на искусниот Горан Симов.
И, во вториот дел комплетна доминација на вардаровиот тим. Одлуката на стратегот Ѓоргиоски оваа средба да ја одигра со нешто изменета тактичка и формациска улога за поединците во тимот, исфрлувајќи го Положани во првата линија од нападот заедно со Иван Настевски, а без класичен центарфор, донесе резултат. По неколку неискористени убави шанси на Илиевски и Глишиќ, а потоа и погодените дирек, односно пречка од голот на Ренова од страна на Настевски и Положани во една иста акција, следеше и потегот на Артим Положани, кој предизвика восхит меѓу присутните на "Филип Втори", а со кој Вардар го запечати триумфот над водечката екипа во македонското првенство.
В. Булатовиќ

ВО РАМКИ
ВАРДАР РЕНОВА
2 корнери 10
11/8 удари/ во 6/3
19 прекршоци 13
1 офсајди 4
2 ж. картони 2

Минута по минута...
10' - Одличен удар на Тодоровски од околу 25 метри, но сантиметри над пречката од голот на Симов
20' - Убав центаршут на Илиевски од десната страна на вториот дирек каде Настевски упати удар со глава, но лесен плен за Ковачевиќ
1:0 - 31' - Одлично изведен слободен удар на Трипуновски од десната страна од околу 25 метри. Гостинскиот голман ја одбива топката на која натрчува Сиљановски од околу 15 метри сместувајќи ја под самата пречка
37' - Нов шут на Тодоровски од работ на шеснаесетникот ниско по земја, но Симов на место
44' - Повторно Тодоровски, сега се обидува од слободен удар од 25 метри, но покрај десниот дирек од домашниот гол
57' - Убав продор на Положани по средината од теренот, го проигрува Илиевски по десната страна, кој од работ на шеснаесетникот се одлучува на шут, но непрецизно
62' - Сиљановски краде топка пред голот на Ренова, го проигрува Илиевски, кој од прва шутира од околу 18 метри, но Ковачевиќ не дозволува изненадување
73' - Бајрами го проигрува Тодоровски по десната страна кој веднаш нафрла пред голот на Вардар, но таму ниту Али ниту Толески во позиција за шут
73' - Глишиќ мајсторски се пробива по левата страна нанижувајќи неколку гостински дефанзивци, доаѓа осамен на десеттина метри пред голманот Ковачевиќ, но неговиот удар во последен момент блокиран од Стојанов
74' - Настевски откако се ослободува од двајца гостински фудбалери, од 18 метри извонредно шутира, но го погодува десниот дирек од голот на Ренова, на одбиената топка од прва од околу 15 метри шутира и Положани, но неговиот шут сега завршува во пречката
2:0 - 77' - Феноменален погодок на Положани. Откако во извонреден манир се ослободи од двајца гостински дефанзивци од околу 20 метри забележувајќи го нешто подистрчаниот Ковачевиќ се одлучува на лоб удар мајсторски сместувајќи ја топката под самата пречка
90' - Ѓурѓевиќ избегнува офсајд позиција по десната страна, меѓутоа место веднаш да го проигра осамениот Нухију пред голот на гостите се одлучува на удар кој завршува во надворешниот дел од мрежата на голот на Ковачевиќ

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
Илчо Ѓоргиоски
"Одигравме онака како што посакуваме. Од натпревар на натпревар го постигнуваме неопходниот прогрес во играта кој верувам дека ќе продолжи во континуитет и на следните дуели. Сосема заслужена победа. Мора да им се честита на фудбалерите за желбата, квалитетот на играта и максималниот ангажман", истакна тренерот на Вардар.

Влатко Костов
"Сосема заслужена победа на Вардар. Домашните фудбалери повеќе ја посакуваа победата покажувајќи како се бранат боите на сопствениот дрес. Ќе повторам сосема заслужен триумф", рече стратегот на Ренова.

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" СТАРТУВААТ СО НОВИ ЗАСИЛУВАЊА И КОНСТРУКЦИЈА НА ТИМ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Нигериецот Оса и Ганецот Френсис пристигнуваат на "Филип Втори"
Од новото раководство на "вардарците" веќе размислуваат за кроење на организациската поставеност и играчкиот кадар за следната сезона. Наредниве денови, според најавите, се очекува најтрофејниот македонски клуб да се засили со уште двајца фудбалери кои ќе бидат на располагање за следната сезона, поранешниот фудбалер од средниот ред на Македонија ЃП, Нигериецот Гуобадија Оса, но и поранешниот младински репрезентативец на Гана, Френсис.
"Црвено-црните" најавуваат доаѓање и на уште еден квалитетен фудбалер од афричкиот континенет со кој дополнително би се засилил играчкиот кадар за следната сезона. Главниот трансфер пазар во обидот следната сезона Вардар повторно да биде вратен на старите патеки, во секој случај, планирано е да биде во јуни.


eve gi site igraci so brojki:
1.Goran Simov
2.Arben Nuhiu
3.Goran Siljanovski
4.Zekirija Ramadan
5.Daniel Mojsov
6.Milan Ilievski
7.Aleksandar Pandovski
8.Artim Polozani
9.Fahrudin Gjurgjevic
10.Nikola Tripunovski
11.Ardijan Nuhiu
12.Marjan Madzarovski
13.Redzep Sulejmani
14.Ivan Nastevski
15.Dusan Simovski
16.Darko Glisic
17.Zlatko Ristov
18.Simeon Hristov
19.Toni Dzangarovski
20.Vasko Mitrev
21.Bobi Milevski
22.Filip Spaseski
30.Dino Najdoski
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.353
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" СТАРТУВААТ СО НОВИ ЗАСИЛУВАЊА И КОНСТРУКЦИЈА НА ТИМ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Нигериецот Оса и Ганецот Френсис пристигнуваат на "Филип Втори"
Од новото раководство на "вардарците" веќе размислуваат за кроење на организациската поставеност и играчкиот кадар за следната сезона. Наредниве денови, според најавите, се очекува најтрофејниот македонски клуб да се засили со уште двајца фудбалери кои ќе бидат на располагање за следната сезона, поранешниот фудбалер од средниот ред на Македонија ЃП, Нигериецот Гуобадија Оса, но и поранешниот младински репрезентативец на Гана, Френсис.
"Црвено-црните" најавуваат доаѓање и на уште еден квалитетен фудбалер од афричкиот континенет со кој дополнително би се засилил играчкиот кадар за следната сезона. Главниот трансфер пазар во обидот следната сезона Вардар повторно да биде вратен на старите патеки, во секој случај, планирано е да биде во јуни.


eve gi site igraci so brojki:
1.Goran Simov
2.Arben Nuhiu
3.Goran Siljanovski
4.Zekirija Ramadan
5.Daniel Mojsov
6.Milan Ilievski
7.Aleksandar Pandovski
8.Artim Polozani
9.Fahrudin Gjurgjevic
10.Nikola Tripunovski
11.Ardijan Nuhiu
12.Marjan Madzarovski
13.Redzep Sulejmani
14.Ivan Nastevski
15.Dusan Simovski
16.Darko Glisic
17.Zlatko Ristov
18.Simeon Hristov
19.Toni Dzangarovski
20.Vasko Mitrev
21.Bobi Milevski
22.Filip Spaseski
30.Dino Najdoski
Освен африканците што ќе дојдат кои други играчи во овој состав се наши,а кои на Македонија ЃП?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
Освен африканците што ќе дојдат кои други играчи во овој состав се наши,а кои на Македонија ЃП?
Симов, Силјановски, Ѓурѓевиќ, Настевски, Митрев, Мојсов, Илиевски, Милевски, Сулејмани и Маџаровски :)

Инаку мило ми е што се мисли од сега за идната сезона. И се надевам дека сето тоа ќе се оствари :vozbud::vozbud:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.353
Симов, Силјановски, Ѓурѓевиќ, Настевски, Митрев, Мојсов, Илиевски, Милевски, Сулејмани и Маџаровски :)

Инаку мило ми е што се мисли од сега за идната сезона. И се надевам дека сето тоа ќе се оствари :vozbud::vozbud:
И мене ми е мило што се мисли за следната сезона затоа што мора.Ако не почнеме да купуваме уште сега играчи за следната сезона,ако си одат тие од МЃП ќе имаме слаб состав.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
И мене ми е мило што се мисли за следната сезона затоа што мора.Ако не почнеме да купуваме уште сега играчи за следната сезона,ако си одат тие од МЃП ќе имаме слаб состав.
Уствари тие се повеќе луѓе на Благојче (спонзорот) отколку на Ѓорче. Па се ќе зависи од него. Ако остане он ќе останат и они, ако направат некоја фузија и Ѓорче да се врати во прва лига, ондак ќе се враќчаат таму, или во краен случај ќе бидат слободни играчи :smir:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.722
Поени од реакции
6.361
Одвак чекам да дојде недела ке биде јако во Тетово со браќата:vozbud:!!!!!!!!! Saber Rider немој да кажеш дека имаш за полагање и нема да дојдеш:wink:ти простивме 1 од форумов за во Битола:wink:
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Симов, Силјановски, Ѓурѓевиќ, Настевски, Митрев, Мојсов, Илиевски, Милевски, Сулејмани и Маџаровски :)

Инаку мило ми е што се мисли од сега за идната сезона. И се надевам дека сето тоа ќе се оствари :vozbud::vozbud:

И Симовски:smir:
btw Силјановски и Симовски ви се тетовчани :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.142
Одвак чекам да дојде недела ке биде јако во Тетово со браќата:vozbud:!!!!!!!!! Saber Rider немој да кажеш дека имаш за полагање и нема да дојдеш:wink:ти простивме 1 од форумов за во Битола:wink:
Имам полагање ама ќе најдам време. Блиску е тетово:vozbud:. Имаш ти неоправдан затоа што мечов со Ренова го преседе на страна :tv:

И Симовски:smir:
btw Силјановски и Симовски ви се тетовчани :)
Сум го скокнал :) Затоа беше толку борбен Силјановски :vozbud:
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
maestralna igra na vardar posebno na polozani golot sto go dade e retkoviden ne samo na nasive tereni nego i posiroko.BRAVO ZA VARDAR!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom