Фан Клуб: Вардар

Член од
26 февруари 2011
Мислења
122
Поени од реакции
279
Сигурно ќе се потпише со Сусо? Затоа што прочитав дека минатата недела му пропаднал трансфер во Крка зошто веќе бил регистриран за 3 тима сезонава и ваљда има некое правило дека не смеел за четврти тим да потпише во иста сезона. Ако потпише, според статистиката (7 гола на 12 настапи), а и според денешниов настап би требало да е сосема солидно засилување.
Мислам дека нападот ни е најдобро покриен со Швајц и Лемос на крила и Алтипармаковски и црнчево како најистурени. Според она како играше на припремиве Горазд мислам дека со 4ца напред ќе игра и двајца во средина. Единствен проблем тука е ако мора да игра Омерагиќ ради правилото за младинец. Плус го имаме и Шушњара од клупа да покрие на крило. Средината ми е најенигма затоа што овој Бришки доаѓа последен и веројатно нема да игра на почеток, а и Мујезиновиќ бил повеќе клупа играч досега во прва лига. Одбраната ни останува најутепан дел од тимот, иако Ѓурковски и Ѓуриќ треба да се ниво погоре од оние што ги имавме есеноска, не дај боже да не задесат повреди само таму.
Се надевам нема да се напраи пропуст, налик на Гостивар од лани. Иако мислам дека се работи за некакво недоразбирање, го читав текстот од словенечки портал, на кој алудираш и ти. Како прво, тој бил слободен играч уште во декември 2022 кога ја напуштил Малта и по некоја логика не може да се брои како клуб од тековната сезона, а дискутабилна е и регистрацијата за италијански нисколигаш зимово, која никаде официјално не е потврдено дека се случила. Сепак административните служби убаво би било уште еднаш темелно све да прочешлаат.
Голмани: Филип Гачевски (33), Методија Велковски (23), Никола Филевски (младинец, 18 години)

Одбрана: Ненад Мишковски (штопер, 37), Јорго Папули (штопер, 22), Дејан Ѓуриќ (штопер, 25), Александар Ѓурковски (штопер, 23), Дарко Глишиќ (лев бек/лево крило, 32), Владица Брдаровски (десен бек, 35), Давид Велковски (десен бек/десно крило, 23)

Средина: Мартин Блажевски (дефанзивна средина/штопер, 31), Михаел Бришки (дефанзивна средина/штопер, 25), Кристијан Николовски (дефанзивна средина, 26), Ѓорѓи Дошев (дефанзивна средина, младинец, 19 години), Дарко Мицевски (средина, 31), Филип Дурански (средина, 32), Мустафа Мујезиновиќ (средина, 30), Горјан Цветков (офанзивна средина, младинец, 18 години), Огнен Здравковски (средина/десно крило(?), младинец, 19 години), Матеус Лемос (лево крило/десно крило, 26), Марјан Ристовски (лево крило/лев бек, 27), Лука Шушњара (лево крило/десно крило, 26)

Напад: Марјан Алтипармаковски (32), Азер Омерагиќ (младинец, 21), Кеба Кебел Сусо (26)

Од прилика составот е овој. Од помладите играчи ги вклучив Филевски ко трет голман, Здравковски, Цветков, Дошев и Омерагиќ.
Само 5 играчи имаме од кои мора еден константно да е на терен. Од нив, Филевски нема шанси да брани, Здравковски, Дошев и Цветков сите се на иста позиција, со тоа што Огнен покриваше и на други позиции во прва полусезона и секако Омерагиќ како најголем кандидат за прва постава.

Имаме 9 нови играчи, ама некако непропорционално се засиливме.
Не знам овој Бришки како што е планиран, да не заигра штопер на крајот.
Мицевски е аут цела сезона, така што ќе биде интересно да се види кој ќе биде стартер на средината.
Дали тоа би биле Мујезиновиќ со некој од Дурански и Николовски, дали они двајца како во прва полусезона или пак тоа ќе биде позицијата која ќе ја жртвуваме за да игра младинец.

Сега крилата и нападот ни изгледаат далеку поинаку од прва полусезона. Имаме три квалитетни леви крила. Лемос принудно го играме десно, а веројатно повторно ќе биде ист случајот. Претпоставувам лево ќе оди Швајц, со Шушњара како резерва.
Во напад можно е да напаѓаме со двајца. Ако Омерагиќ стартува, тогаш или Мацата или Сусо ќе му прави друштво. Викаат црниов бил доста физички јак.
Во нападов ќе сме далеку подобри, отколку кога се мачевме со Жоглев, Цветановски, Трајковски итн.

Одбраната ќе биде најголем проблем. Мишко стандарден со 37 години. Брда десно со 35, со Велковски како замена кој во одбрана е очобол, а во напад е малку подобар.
Лево останува Глишиќ неприкословен, со тоа што можно е Швајц да покрива некогаш таму, бидејќи порано тоа му беше природна позиција.
Кој ќе му прави друштво на Мишко? Ѓуриќ е најсериозен кандидат, можеби овој хрватов ќе игра штопер, ако е добар, можеби ќе игра деганзивна средина како основна позиција. Папули и Ѓурковски тешко да добијат некоја минута.

За почеток мислам ќе имаме некоја од овие формации:

Гачевски
Брдаровски - Ѓуриќ - Мишковски - Глишиќ
Лемос - Дурански - Николовски - Ристовски
Сусо - Омерагиќ

Или одбрана со Бришки место Ѓуриќ. Во средина Мујезиновиќ место некој од двајцава. Или средина Мујезиновиќ и Бришки, а Ѓуриќ позади.

Ако Омерагиќ оди на клупа, тогаш Здравковски средина, а Сусо и Мацата во напад.
Тешко Здравковски ќе дојде до некоја посериозна минутажа, имајќи во предвид дека Швајц и Лемос ни се најдобриот дел од тимот. По она што го гледам од припремите, Шушњара и Мујезиновиќ не се во прв план кај Горазд, што ми дава заклучок дека се надвор од форма двајцата, но преамбициозно ми делува замислата дека ќе стартуваме со двајца напаѓачи. Барем не на гостинските мечеви.
Исто така, добро прашање за која позиција примарно е планиран Бришки. Претежно човекот во кариерата фигурирал како стопер, но позитивна околност е секако што покрива на повеќе позиции.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.217
Поени од реакции
4.112
Криво ми е за Милосавич што си отиде , ја крена формата на крај , даде и важни голови.

Ако Бришки игра одбрана , тогаш и на средината сме тенки , Јусуфи ни отиде а го земавме само Мујезиновиќ кој незнаеме во каква форма е , што правиме ако еден од Николовски или Дурански ради картони или повреда неможе да игра , ке се мачиме во креирање акции (Мицевски не го рачунам излеа му отиде сезоната), така да сметам дека требаше уште еден во средина да купиме и трансфер периодот ке супер ..

Најдобро се засиливме во нападот , овој Швајц одма почна да дава голови се гледа дека е добар играч , со Лемос и Сусо напред ке бидеме класа поопасни од претходно ..
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492
За почеток мислам ќе имаме некоја од овие формации:

Гачевски
Брдаровски - Ѓуриќ - Мишковски - Глишиќ
Лемос - Дурански - Николовски - Ристовски
Сусо - Омерагиќ

Или одбрана со Бришки место Ѓуриќ. Во средина Мујезиновиќ место некој од двајцава. Или средина Мујезиновиќ и Бришки, а Ѓуриќ позади.

Ако Омерагиќ оди на клупа, тогаш Здравковски средина, а Сусо и Мацата во напад.
briski do leto 3 godini po red igral standardno vo 1. slovenecka liga (i polusezonata vo 4. italijanska liga, ne e visok level, ama pa i ne bas osetlivo poslab level od 1. MFL), taka sto ne mi se veruva deka toj nema da bide starter. ne sum go gledal, no cisto po CVto takov bi trebal da igra kaj vardar, dali kako stoper ili kako defanziven vezen. isto mujezinovic bi trebal da igra, ama kaj nego prasanjeto e vo kakva forma e i kolku mu se igra. balkanec, dogovor kaj gostivar i naskoro ke napolni 31 godina, nisto cudno da ne se zamara ozbilno. ke se vidi slednite meseci.

toj suso e enigma. 26 godini (kaj tie rodeni vo afrika i nikogas ne se znae, voobicno se 2-3 godini postari), 2022/23 odigral statisticki dobra sezona vo 2. liga na malta, ama pa mesto da zavrsi vo 1. liga na malta (kade sto ima klubovi koi plakaat dosta solidno) potpisal vo 2. slovenecka liga kade sto platite se poniski nego vo 1. MFL. dobro e sto ima dobra statistika i mozda e nekoj od tie koi pokasno se probivaat, pa ako vardar ima sreka mozda i ke pokaze nesto.

Се надевам нема да се напраи пропуст, налик на Гостивар од лани. Иако мислам дека се работи за некакво недоразбирање, го читав текстот од словенечки портал, на кој алудираш и ти. Како прво, тој бил слободен играч уште во декември 2022 кога ја напуштил Малта и по некоја логика не може да се брои како клуб од тековната сезона, а дискутабилна е и регистрацијата за италијански нисколигаш зимово, која никаде официјално не е потврдено дека се случила. Сепак административните служби убаво би било уште еднаш темелно све да прочешлаат.
podatocite na transfermarkt ne se sekogas tocni, cesto nekoj ke se izvadi od timot ako ima najava deka zaminal, ama toa ne znaci deka navistina go raskinal dogovorot. mozda imal karanica so klubot od malta i bil isfrlen od timot, no sepak registriran. vo sekoj slucaj ne mislam deka nesto ima bidejki se gleda koga kade bil registriran i vardar sigurno ne bi go potpisal vo slucaj ovaja sezona veke da bil registriran na 3 mesta.
 
Последно уредено:
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.475
Поени од реакции
3.539
Склопивме супер тим како за зимски преоден рок. Крила имаме екстра класа за нашава лига, а мисалм дека и овој Габонецов добро ќе се покаже и ќе биде по корисен од Мацата. Бришки игра стопер примарно и е 2 класи подобар од Ѓуриќ. Горазд според она што го видов, ќе започне со Азер на шпиц како млад играч. Инаку, со Гостивар ќе се игра во сабота.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Домашните натпревари во Маџари ќе ги играме или постои шанса за Градски?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Домашните натпревари во Маџари ќе ги играме или постои шанса за Градски?
Мислам дека полека треба да се помириме дека реновирањето на Градски ќе ја опфати и оваа полусезона :D
 
Член од
18 август 2019
Мислења
150
Поени од реакции
191
Мислам дека полека треба да се помириме дека реновирањето на Градски ќе ја опфати и оваа полусезона :D
Некаде прочитав дека од третиот круг Работнички ќе се врател на Градски
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.217
Поени од реакции
4.112
Вчера го гледав Вардар и задоволен сум од прикажаното , со новите играчи одма се гледа разлика на терен ..

На 0-0 Ристовски погоди статива од прекин по центаршутот на Глишич , за после тоа исто нов центаршут на Глишич и гол на Мишковски , голема штета што не издражвме уште неколку минути ке беа тоа златни три бода , но реално и пред мечот да ни понудеа 1 бод верувам сите ке го прифатевме со оглед дека Гостивар е во горниот дел на табела ..

Повредата на Лемос беше удар во лицето така да не е нешто сериозно и ке се врати наредно коло дома со Брегалница , која денес со многу среќа успеа да ја сврти против Тиквеш во 88 и 97 ..

Ке биде тоа во недела многу битен дуел во борба за опстанок со Брегалница и со победа да ги поминеме на табела , додека Ѓорче и Воска изгубија така да се уште сме на - 2 од нив ..

Во недела очекувам голема поддршка на стадион, Брегалница мора да се победи ...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Штета што не победивме, се гледа голема свежина со засилувањата, споредено со првиот дел од сезоната разликата во играта е небо и земја.

Се надевам на победа на 25ти со Брегалница, за нас тоа ќе биде еден од најбитните натпревари оваа сезона, мислам дека со вчерашната претстава дечките заслужија да се појавиме во солидна бројка во недела.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Штета што не победивме, се гледа голема свежина со засилувањата, споредено со првиот дел од сезоната разликата во играта е небо и земја.

Се надевам на победа на 25ти со Брегалница, за нас тоа ќе биде еден од најбитните натпревари оваа сезона, мислам дека со вчерашната претстава дечките заслужија да се појавиме во солидна бројка во недела.
Солидна бројка е до 75% пополнетост на стадионот во Маџари, а јас верувам ке биде 100%! Така да нема да е солидна бројка. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Најголем проблем ќе биде теренот во Маџари. Тешка нива, топката не оди. На стадионон во Зелениково е подобра тревата.
Ебате главниот град, нема еден терен асален.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.475
Поени од реакции
3.539
Супер натпревар во Гостивар. Швајц и Лемос кинат по страните, а и Глишиќ е во добра форма. Ме изненади Ѓуриќ кој го затвори црнецот во целост па дури и скокачки. Бришки очекував да си биде солиден. Се на се супер натпревар одигравме. Конечно имаме сега и замени што може да покријат солидно, а недостасуваше и Брда поради ситна повреда. Во недела сите во Маџари да ги дигнеме уште повеќе и да славиме голема победа.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
428
Поени од реакции
2.188
Штета што Брегалница сврте во последни 7-8 минути, да кикснеа и да ги тепаме следно коло на домашен, ќе беше одличен почеток на полусезонава... Солиден тим имаат и они, ама како домаќини мислам дека треба и мора да ги добиеме, еден од побитните натпревари е овој со нив викендов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom