Катастрофа...
Јас не знам кај видовте 100% шанси за Вардар, јас цел натпревар само два шута кон гол видов (еден во рамки на голот). Се освен победа на Шкендија ќе беше сосема незаслужено денес, едноставно имавме среќа што не изгубивме со 5-6 разлика. Ардијан Нухију ги претрчуваше нашиве дефанзивци како сака и кога сака, ние душа немавме ни 15 минути да изиграме како што треба. Премногу се плашеа децава од топката, од врв на Северна се гледаше дека стравот во коски им е влезен. Како што кажа некој погоре ова е убедливо најслабото издание на Вардар и Комити оваа сезона, слободно можам да кажам дека ако се продолжи со истиов тим до крај на првенството, односно доколку нема промени од КОРЕН, Вардар за првпат ќе го гледаме во втора лига. Комити џабе беа преку 1000 кога звучеа како 100 да се, рака на срце, повеќе се слушаше обичнава публика.
Сум го кажал ова 100000 пати па ќе го повторам уште еднаш, среќа што во лигава сите екипи без исклучок се КАТАСТРОФА, е сега некоја е помалку катастрофална, а некоја повеќе, инаку со ваков тим пред 5-6 години немаше ни во трета лига да бидеме меѓу првите 3-4 екипи.