Фан Клуб: Вардар

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.064
Поени од реакции
2.951
Тие кај тапанот беа од моја населба,после отидоа нагоре негде.Ај ке дојдат другата утакмица пак не се секирајте





Слики
http://komiti.org/galerija/index.php?sfpg=0eXn7u3gIDIwMDktMjAxMC_Q4OHu8u3o9-roLcLg8OTg8CAxMS4wNC4yMDEwLyoqNjIwMDVjNjIxMDY1ZWVjNzQ1MThjZjYzOGI3NTE2ZjQ

Видео

Комити Запад (Работнички-Вардар 11.04.2010) 2/2

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.500
Поени од реакции
28.920
Па на девојките немораше да им ги покриеш фаците:pos2:
Иначе поради нив во изработка се кошули ВАРДАР кој сака да си нараша по ПП...хахахахаха
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.064
Поени од реакции
2.951
На тие од кај Кире не им се покриени,а овие пошто незнам од кај се(може да се од кај мене)им ги покрив,ако добијам нивна дозвола ке ги поставам незаматени :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.079
КРАЈНО КОНТРОВЕРЗНО СУДЕЊЕ НА МЛАДИОТ И НЕИСКУСЕН АРБИТАР ОД СКОПЈЕ, СИТЕ ЧЕТИРИ ПРОБЛЕМАТИЧНИ ОДЛУКИ ГИ ДОСУДИ НА ШТЕТА НА РАБОТНИЧКИ

РЕМИ ПО "ЗАСЛУГА" НА СУДИЈАТА ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ!!!

*Ајде првиот гол на Бојовиќ да бил фаул, ајде вториот гол на Божиновски офсајд, нека биде и пеналот слободно судиско убедување ама зошто свирна крај во 90. минута без да продолжи најмалку три минути

По долго, долго време кога играат Работнички и Вардар место играчите, тренерите, навивачите, во главна улога беше судиската тројка на чело со младиот и неискусен Дејан Јакимовски. Ете тоа се случи на вчерашното 34. соседско одмерување на силите. Работнички постигна три гола, Вардар еден, а крајниот резултат на овој натпревар гласи 1:1. Крајно контроверзно делење на судиската правда на Јакимовски потпомогнат од својот прв помошник Марјан Кировски. Сите четири проблематични одлуки на оваа средба ги досудија на штета на Работнички. Вардар се бореше, можеби заслужи бод, но објективно Работнички беше тој што може и треба да жали за останатите два бода. Во 35. минута на 0:0 Раденко Бојовиќ постигна гол, но беше поништен поради фаул во напад. Во 54. минута при резултат 1:0, Боби Божиновски постигнува гол со глава, а Марјан Кировски "мафта" дека било офсајд. И во таа 84. минута Даниел Мојсов е во продор, влета во шеснаесетникот, имаше контакт, но не за пенал, но тоа слободено судиско уверување на Јакимовски "вели" тоа е пенал за Вардар. Положани погоди за 1:1. Ако било фаул, зошто никој од домашните фудбалери не "заработува" жолт картон. И сосема за крај кога веќе говориме за тој Јакимовски. Се игра точно 90. минута. Работнички тргнува очајно во напад. Тренерот Зоран Стратев во игра ги става напаѓачите Марсио и Петковски, замислете Јакимовски свири крај. А каде се тие најмалку три минути продолжение. Но тоа го нема кај Јакимовски.

Но доста за Дејан Јакимовски. Иако дербито не ги оправда очекувањата, сепак, имаше агресивност, желба, мотив кај двете екипи. Посебно кај младите "вардарци", кои беа решени овој пат, во третиот меч со Работнички во оваа сезона да освојат најмалку бод. Уште во 3. минута Настевски и Христов имаа 200% шанса, но се сплеткаа и резултатот остана 0:0. Како што одминуваше времето Работнички беше тој што ја преземаше играта во свои "раце". Постигна на време гол преку Боби Божиновски во 40. минута, овој пат Јакимовски немаше ни промил причина да го поништи и со 1:0 се замина на одмор.
Во вториот дел Вардар тргна малку поофанзивно, имаше и две можности за гол, додека Работнички не успеа да "проработи" во контрите. Можеби тука е грешката на "романтичарите", можеби не требаше да им дозволат на "вардарците" да ја контролираат играта.
На крајот "вардарците" презадоволни, "романтичарите" бесни и очајни. Посакуваа и очекуваа нова победа, трета оваа сезона над Вардар, но Јакимовски не го дозволи тоа.

З. Ѓоршоски

РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 1:1 (1:0)
РАБОТНИЧКИ
Богатинов 2
В. Божиновски 2.5
Секуловски 2
Бојовиќ 2.5
Димовски 2.5
Б. Божиновски 3
Муарем 2.5
Фабио 2
(72' Т. Брњарчевски /)
Глигоров 3
Туневски 2
(85' Марсио /)
Вандар 2
(89' Петковски /)

ВАРДАР
2.5 Симов
2.5 Илиевски
2 Симовски
(/ Ѓурѓевиќ 82')
2 Митрев
2 Милевски
3 Мојсов
2.5 Глишиќ
3 Положани
2 Ард. Нухиу
(2 Трипуновски 61')
2 Христов
(2 Т. Џангаровски 71')
2 Настевски

Стадион: Национална Арена "Филип Втори" во Скопје. Гледачи: 2.500. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Помошници: Марјан Кировски и Џенан Хајдари (Скопје). Делегат: Кирчо Трендафилов (С. Николе). Стрелци: Б. Божиновски 40' (РАБ), Положани (п) 84' (ВАР). Ж. Картони: Положани (ВАР).
Играч на натпреварот: Артим Положани (Вардар).

Минута по минута...
3' - Добар центаршут на Ардијан Нухиу до Христов, кој од 10 метри од свртување шутира над голот на Богатинов
8' - Вандаир во продор по десната страна и кога дојде на околу 15 метри "распали", но топката заврши во задниот дел на мрежата на Симов
18' - По "киксот" на Богатинов, настана мешаница пред голот на Работнички. Од само 4-5 метри Христов и Настевски не знаеја да постигнат гол. Од голема желба тие како да си попречија еден на друг
34' - Одлична шанса за Работнички, Фабио сам, шутира во пад, Симов одбива, налетува Муарем и тој шутира, а голманот на Вардар повторно прекрасно брани
1:0 - 40' - По една течна акција на "романтичарите" топката дојде до Боби Божиновски, кој од околу 15-16 метри од свртување млако, но доста прецизно шутира во спротивниот агол на Вардар и ја тресе мрежата
43' - Секуловски се најде во поволна можност, но неговиот силен шути заврши високо над голот
68' - Муарем сега се обидува, но и неговиот удар заврши во "облаци"
80' - Добра шанса за Вардар, Настевски шутира од добра позција но з амалку непрецизно
1:1 - 84' - Продор на Мојсов, влета во шеснаесетникот, падна, а судијата Јакимовски покажа на белата точка. Бадијала жестоките протести на "романтичарите". Положани "распали" под пречката и му носи реми на Вардар
87' - Последна шанса за Работнички, Вандаир од околу 12 метри место да ја "скине" мрежата тој шутира почетнички

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

ЗОРАН СТРАТЕВ:

"Не ми јасно како Ставрев беше четврти, а Јакимовски главен судија. Работнички беше оштетен, не само поради пеналот, па нам два гола ни се поништени, сигурно дека барем еден беше чист гол. Замислете, Јакимовски пред сведоци истакна дека немало продолжение поради тоа што резултатот бил 1:1. Па што не свиреше крај во 84. минута кога Вардар израмни. Не знам што да кажам, знам само дека драстично сме оштетени. Не можам да им замерам ништо на моите играчи, се бореа и за мене се морални победници. На играчите на Вардар им честитам за борбеноста, посакуваа да дојдат до позитивен резултат и на крајот успеаја во тоа", изјави крајно револтираниот стратег на Работнички.

ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ:
"Имавме свои шанси, имаше и Работнички исто така и според мене ова реми е најреално. Вардар одигра второ одлично полувреме, постигнавме гол и успеавме заслужено да израмниме. Мислам дека клучен момент беше тоа што го ставив Мојсов како напаѓач, во одреден момент имавме дури четири напаѓачи. Ризикот се исплатеше, овој бод за нас е од огромно значење", изјави тренерот на Вардар.

РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР
6 корнери 4
7/3 удари/во 4/2
30 прекршоци 19
2 офсајди 2
/ пенали 1/1
/ ж. картони 1

Мојсов како центарфор!!!

Во 71. минута стратегот на Вардар ги шокираше присутните на стадионот. Му нареди на својот стопер Даниел Мојсов да мине во напад, да биде четврти напаѓач. И токму тој беше еден од најзаслужните што Вардар израмни. Имено, Јакимовски во таа 84. минута виде фаул над него и покажа на белата точка.

Ништо од 3 од 3 за Стратев

Само 6-7 минути го делеа Зоран Стратев од перфектни 3 од 3 во победи оваа сезона како тренер на Работнички во соседските дербија. Ова беше прво негово реми на клупата на "романтичарите" против соседот. По 2:1 и 1:0, Стратев мора да се задоволи со реми и со само еден бод од третиот натпревар против Вардар.


Еве го извадокот од спорт. Имам да му вратам нешто на новинаров.
На претходниот меч со Работнички. Ај што дадоа гол од непостоечки пенал, ај што судијата ни креваше непостоечки офсајди цело време, туку баш се чудам како во 45-та минута кога бевме во идеална акција, и кога Божиновски играше со рака на работ на нивниот шеснаесетник, место слободен, тој свирна крај. Тогаш уште па имаа напишано за што се бунеа Вардарци. И јас баш се чудам за што се бунат Работнички :tv:

Втор болд: Хмм, не сум знаел дека мора да се даде жолт картон по досуден пенал. Ќе да е некое стручно правило :tv: Што не ќе научиш од нашиве весници :tv:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Судијата според мене судеше по нарачка на Ренова,не за да му помогне на Вардар да освои бод тука за да не победи Работнички,зашто ако победеше Работнички,а следно коло Ренова игра со Вардар,а Работнички со Милано ке се намалеше разликата со Ренова и ке им беше густо до крајот
И само да прашам кој е тој Глишиќ што играше кај вас?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.079
Судијата според мене судеше по нарачка на Ренова,не за да му помогне на Вардар да освои бод тука за да не победи Работнички,зашто ако победеше Работнички,а следно коло Ренова игра со Вардар,а Работнички со Милано ке се намалеше разликата со Ренова и ке им беше густо до крајот
И само да прашам кој е тој Глишиќ што играше кај вас?
Точно е дека освоивме бод со помнош на судиите, но револтиран сум што на слично вакво судење на прошлиот меч, но во ваша корист наидовме на сосема друг натпис во спорт. Немаат ист аршин и го лажат народот :nenene:

Инаку Глишиќ е момче од нашата школа.Мислам дека оваа година премина од кадети во младинци.
Инаку две победи сред Чаир :bip:

Кадети: Слога-Вардар 0-1
Младинци:Слога-Вардар 0-3

За Скопски Вардар, песна се ори, Слога го пуши ние сме шампиониии..... :baklja:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Судијата според мене судеше по нарачка на Ренова,не за да му помогне на Вардар да освои бод тука за да не победи Работнички,зашто ако победеше Работнички,а следно коло Ренова игра со Вардар,а Работнички со Милано ке се намалеше разликата со Ренова и ке им беше густо до крајот
И само да прашам кој е тој Глишиќ што играше кај вас?
Луд е оној кој мисли дека Ренова нема да биде прва. А и луд е оној кој се надева дека Работнички во македонската лига може да ја стигне и да биде првак. Ајде да речеме и дека ќе успее Работнички да стигне десет (ако победеа со Вардар осум) бода до крајот на сезоната. Последно коло гласи Ренова - Работнички. Тој тим кој ќе ја победи Ренова дома, во борба за титула, ја ќе му честитам и ќе му признаам дека не е од оваа планета.

А судијава, не ми е јасно, виде некој дали сигурно беа или не беа офсајд и фаул тие ситуации? Сигурен е? Плус, во прво полувреме и Вардар имаше еден офсајд што мислам дека не постоеше и сеа треба тоа нешто да значи? Па Вардар на домашен терен го јадел од судии против тимови како Турново, па дури и Пелистер.

Плус, ова се бодови од огромно значење за Вардар. Работнички може комотно да почне да шитка, зашто немаат шанси ни да паднат на четврто место, ни да бркаат титула.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Девојките се од моја населба, и следната пак ке идат да ве информирам, да се дотерате малце хехе:smir:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.742
Поени од реакции
6.457
Девојките се од моја населба, и следната пак ке идат да ве информирам, да се дотерате малце хехе:smir:
Знаат веќе јас ги информирав:wink:,иначе со Ренова играме па после идеме во Тетово кај Тетекс со браќата:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.079
Со Ренова играме во недела или нашава управа е на став да се играат утакмиците во сабота???
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Кога Мојсов ќе тргне во напад..., "романтичари" плачат
* "Единствено логично решение беше во нападот да уфрлиме висок, снажен играч кој ќе успее да ја разбие противничката одбрана", вели Ѓоргиоски
Неколку натпревари едноподруго "црвено-црните" насочени единствено кон решение на својот најгорлив проблем - реализацијата. Ефикасноста или не на вардаровите офанзивци, постојаните очекувања за погодок, желбата да се стави крај на безопасниот напад... на крајот шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓоргиоски ја реши, на изненадување на сите присутни во неделата на дерби натпреварот против Работнички на "Филип Втори", со никој друг но со последниот играч од одбраната, стоперот Даниел Мојсов.
Одлуката од 71. минута Мојсов да одигра на позицијата класичен центарфор, на крајот вроди со изнуден од него удар од белата точка, погодок на Положани и бод, пред с$ од психолошки аспект, повеќе од значаен за Вардар.
"Сигруно не дека Мојсов и понатаму ќе настапува во офанзивните редови, меѓутоа на средбата со Работнички беше единствениот логичен потег. Последните 25 минути од дуелот немаше што да браниме. Единствено логична одлука беше во нападот да уфрлиме висок, снажен фудбалер кој ќе може и на база на сопствено сериозно прволигашко искуство да се 'бори' со противничката одбрана. Верував дека Даниел може тоа да го одработи", вели Илчо Ѓоргиоски околу потегот кој му го донесе ремито.
"И, Мојсов се покажа како одлично решение. Неколкупати ја разби одбраната на противникот и н$ доведе до погодок", дополнува тренерот на "црвено-црните" според кого односот на стоперот е можеби пример и за фудбалерите од офанзивата.
"Им покажа и на напаѓачите околу неопходноста на дрскост, цврстина и одлучност во нападот".
Како и да е, Ѓоргиоски е генерално задоволен од ефектот на сите негови избраници иако јасно е дека дербито немаше некоја посебна убавина.
"Можеби не одигравме спектакуларно, но мора да им честитам на фудбалерите кои покажаа храброст и карактер. Играа од срце и тоа сигурно е најголемата придобивка од оваа средба", вели Ѓоргиоски, кој апсолутно не се согласува со обидите преку 'наводни катастрофални судиски грешки' да се омаловажи трудот на неговите фудбалери на теренот. Напротив, Вардар беше барем теренски подоминантен низ дуелот наспроти "романтичарите", кои во второто полувреме не создадоа ниту една шанса освен акцијата при поништениот погодок на Божиновски.
"Ако сакаме објективно да го погледнеме натпреварот тогаш за сите присутни на 'Филип Втори' јасно е дека Вардар ја имаше доминацијата, поседот на топка, теренската иницијатива... Жално е противникот пропуштената можност за победа да ја бара во судиски грешки кога и самите се свесни дека не одиграа за победа", истакнува тренерот на Вардар ден по средбата компарирајќи ја ситуацијата во двата клуба.
"Потребно е секој од нас пред с$ да ги бара грешките во самиот себе, а потоа во другите. Ако ја согледаме реално целокупната ситуација, Работнички има осум странци, тим кој повеќе од две години игра заедно, одработени комплетни зимски подготовки и сите можни создадени и организациски и финансиски услови неопходни за еден тим... Наспроти нас, кои на ден пред пролетното првенство го собравме овој тим, без заеднички подготовки, без услови за тренинг, без соодветен здравствена грижа за играчите, витамини. Погрешен е и впечатокот дека овој тим е оној шампионскиот состав на Македонија ЃП. Од тој тим има само четворица фудбалери, Мојсов, Милевски, Илиевски и Митрев, а с$ останато се млади фудбалери кои не беа ниту резерви во тој тим. Го имаме Положани, кој е одличен фудбалер, но без подготовки влезе во игра пролетва, како и неколку прволигашки фудбалери кои за зимската пауза останаа во Вардар дополнети со младинскиот погон па на тој начин компонираме тим кој во од се воигрува. Па, ако реално се погледа фактичката ситуација тогаш мислам дека многу добро се снаоѓаме пролетва. Не бевме надиграни од ниту еден противник, па ниту од Работнички во неделата. Сигурен сум дека при една организациска стабилизација по крајот на сезоната, со една одлучна стратегија Вардар може да создаде тим кој ќе биде непобедлив во македонското првенство, враќајќи се на неговите стари добро препознатливи триумфални времиња", вели Илчо Ѓоргиоски.
В.Булатовиќ

ЗА "ВАРДАРЦИ" ПО ПОГЛЕДНАТИТЕ СНИМКИ СУДИСКИТЕ ОДЛУКИ ИСПРАВНИ
Грешките треба да се бараат во себе
Во вардаровиот табор вчера максимално изненадени од ставот на противникот дека главниот судија е тој кој донел реми за "црвено-црните".
"По погледнатите снимки очигледно е дека сите судиски одлуки се исправни. Немаше апсолутно никакви спорни моменти, ниту тенденциозно судење... А дали имало грешки или не, тие секогаш ќе бидат дел од фудбалот. Најжестока беше реакцијата околу поништениот погодок за офсајд. Кога сте на терен апсолутно не можете ништо да тврдите, но по погледнатата снимка очигледно е дека голот беше од офсајд. И досудениот пенал за многумина на 'Филип Втори' беше очигледен. Ако зборуваме искрено натпреварот беше скратен за околу 30 секунди, но зошто тоа би било одлука на штета на Работнички? Па во тој случај тоа е одлука и контра Вардар затоа што и ние сме тие на кои им се потребни бодовите", вели Ѓоргиоски.

Глишиќ ја добива довербата на Ѓоргиоски
За стратегот на "вардарци" вреден момент од дерби дуелот е и дебито на младиот новопечен репрезентативец во составот на Бобан Бабунски, Дарко Глишиќ.
"Глишиќ имаше одлично деби и покрај неколку грешки во првиот дел. Вредно е за Вардар богатството кое го добива од својот младински погон. Интенцијата е и во иднина да ги промовираме талентите од вардаровата школа. Се разбира согласно заслугите и трудот низ тренажниот процес многу помлади фудбалери ќе добијат своја шанса без никаква поделба на мои-твои. Ние, всушност и секој натпревар го почнуваме со 3-4 фудбалери под 18 години што, можеби заедно уште плус и со Пелистер, сме единствените тимови во Првата лига", истакнува Илчо Ѓоргиоски.

Илчо, гледај си го Вардар, остави го Работнички!!!
*"Што има толку Ѓорѓиоски да говори и да го анализира мојот тим, нека си го гледа својот Вардар. Самиот вели дека ние сме имале подготовки, сме играле две години заедно, сме биле организиран клуб, што му е грижа нему за Работнички", вели Зоран Стратев
Иако изминаа до денеска веќе три дена од 34. соседско дерби меѓу Работнички и Вардар, во таборот на "романтичарите" с$ уште е топ - тема овој меч кој заврши 1:1. Играчите, стручниот штаб, раководството на Работнички с$ уште не можат да прежалат како тоа не успеаја по третпат да слават оваа сезона над лутиот ривал.
Стратегот на "романтичарите", Зоран Стратев, се осврнува на изјавите на неговиот колега од спротивниот табор Илчо Ѓорѓиоски во вчерашниот број на нашиот весник.
"Илчо, гледај си го Вардар, остави го Работнички. Што има толку тој да го анализира мојот тим. Самиот вели дека ние сме имале подготовки, дека сме играле заедно две години, дека сме биле организиран клуб. Што му е грижа толку нему за Работнички. Да, имавме подготовки и тоа докажува дека сме клуб за респект. Но, не е точно дека сме играле заедно две години. Само Димовски, Вандаир, Бојовиќ и Секуловски се од минатата сезона. Колку за потсетување, јас дојдов во Работничи минатиот јуни, значи пред неполна година", посочува Стратев.
Инаку, тој не се согласува со зборовите на Ѓорѓиоски дека Вардар бил подобар.
"Статистика е егзактна наука. Нема лажги, а таа вели дека ние сме имале двојно повеќе удари и покрај и во противничкиот гол. Јас не гледам како Вардар тоа бил подобар. Искрено, никој не го омаловажува успехот, односно бодот на Вардар. Веднаш по мечот изјавив дека им честитам на 'вардарците' за борбеноста и бодот. А за судењето што уште повеќе да говорам, да коментирам. Сите објективни љубители на фудбалот видоа дека сме оштетени во таа 84. минута кога беше покажан пенал во корист на Вардар, но и за чистиот гол на Раденко Бојовиќ. Демек ние сме 'плачеле' на судиите и сме го омаловажувале Вардар. Навистина некоректно од негова страна".
И сосема за крај Стратев потенцира...
"И му благодарам на Илчо за тоа што ми кажува како тоа се добива дерби натпревар. Демек јас немам искуство и не знам како се добива натпревар кога ривали се Работнички и Вардар. Илчо, на овие средби не се важни подготовките, не е важен квалитетот во моментот, најмалку моменталната форма. Кога играат Работнички и Вардар победува оној тим што ќе направи помалку грешки, еден потег, судиски грешки, како што се случи во неделата, поединец. Ова ми е шесто дерби и добро знам како е, имам доволно искуство. И сум победувал и сум губел. Така е тоа во фудбалот. Боли што некој друг ќе те оштети, особено судијата, како што тоа нам ни се случи во неделата".
З. Ѓоршоски
Мојсов, а не Бојовиќ направи фаул
"Пеналот беше непостоечки, пенал немаше, тоа требаше да биде фаул во напад. Мојсов во најмала рака требаше да биде казнет со жолт картон поради инсценирање фаул. А Јакимовски, замислете, покажува на пеналтикот. Според мене, Мојсов беше тој што фаулира, а не Бојовиќ. А за голот на Бојовиќ исто така поништен нема што да се коментира. Чист гол, но Јакимовски покажа фаул во напад. Вџашен сум од ваквата арбитража на главниот судија. Можам да претпоставам што ќе се случеше ако Вардар беше оштетен како Работнички на ова дерби. Но тоа е тоа. Инаку, јавно го прашувам Јакимовски зошто не го продолжи натпреварот со потребните 3-4 минути. Можеби Вардар ќе постигнеше гол и ќе славеше. Вака на овој начин тој го оштети самиот натпревар", вели Стратев.

Голот на Боби беше офсајд
Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, Стратев, како што самиот ни изјави неколкупати, ја гледал касетата од дербито. Ја гледал и анализирал сам, потоа со играчите, а на крај и со раководството на клубот.
"Можам слободно да кажам дека вториот наш поништен гол беше од офсајд. Значи Марјан Кировски, помошниот судија на овој меч, правилно го подигнал знаменцето и му сигнализирал на Јакимовски кога Боби Божиновски во вториот дел го постигнува својот втор гол. Ова го видов на касетата и можам слободно да кажам дека Кировски правилно постапи".

Срамно е ако Јакимовски добие добра оценка!?
Неофицијално Дејан Јакимовски на арбитражата на дербито бил оценет со 8.
"Не знам за тоа, но ако навистина добил таква оценка тогаш тоа е срамно. Јас не знам што треба да направи уште за да добие слаба оценка. Но од друга страна не ме чуди оценката, ако е таква. Јакимовски беше испратен со намера, со задача и тој таа задача во целост ја исполни".

АНГЕЛ БУНГУРОВ:
Го искарав Јакимовски!!!
Во текот на вчерашниот ден го исконтактиравме комесарот за делегирење судии Ангел Бунгоров. Едноставно прашање како тој го коментира судењето и зошто на ваков дерби меч делегирал млад и неискусен арбитар.
"Според она што јас го знам контролорот на тој натпревар Стојанче Саздов на Јакимовски му дал позитивна оценка. С$ уште не можам да го кажам мојот став за судењето на Јакимовски зошто не сум ја гледал касетата. Кога ќе го сторам тоа, тогаш ќе дадам изјава. Единствено дознав дека Јакимовски погрешил што не го продолжил натпреварот. Одредено време по средбата му се јавив и го искарав, притоа му посочив дека без разлика на резултатот тој морал да дозволи да се одиграат тие неколку минути продолжување. С$ уште нема дефинитивна оценка, за тоа ќе одлучи Судискиот одбор. Тој или ќе ја потврди оценката на контролорот или, пак, ќе ја зголеми или намали. Но за тоа потоа. А за тоа зошто сум го делегирал Јакимовски на ваков дерби меч, сакав нашите млади и таленирани судии да се калат, а тоа ќе го сторат на вакви мечеви. Како што Стратев и Ѓорѓиоски ставаат во 'оган' млади и таленирани фудбалери така и јас мислам дека правилно постапив што го делегирав Јакимовски за главен судија", истакна Бунгуров.
 
П

Паспарту

Гостин
Овој па Стратев глуми лудило, влегол во филм и се замислува дека е Фабио Капело, а да не беа Работнички и Брацо, сега ќе беше тренер на ФК Дељадровце...

Кога играме со "македонско челзи", во сабота или недела? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom