И секако кратко резиме на најважното од текстот:
1) Овој Вардар со Гоце Седлоски на клупата, просто воодушевува.
2) Во неколку наврати сме истакнале, но треба тоа постојано да се кажува. Зад овие успеси на тимот стои и раководството на клубот кој во зимскиот преоден рок одработи перфектно. Со тоа и му помогна на Седло да има подобар и поширок ростер, а на шампионскиот стратег и не му треба повеќе, се останато тој знае како треба да го одработи.
3) Овој Вардар е нешто сосема друго од оној есенскиот. Овој Вардар со Седло си ГАЗИ ли ГАЗИ.
4) Ако до пред некој месец пред секој меч на Вардар прашање беше со колкава разлика ќе биде поразен, сега веќе не е така. Сега прашањето колку тимот на Седло ќе му „испорача“ на противникот.