Не мислев на Ѕвезда и Динамо кои се друга галаксија во однос на нас, ниту пак на Хајдук и Партизан како големи тимови, туку на останатите екипи од лигите од каде што се почесто се прават добри трансфери. Пример играчи од Чукарички, Лучани, Имт, TСЦ завршуваат во Манчестер Сити, во Салбзург, Ватфорд, Бриж. Од проста причина што скаутите ги следат тие лиги многу почесто како рудник за таленти, додека од кај нас може да се пробие единствено преку Европски натпреварувања каде би се направил одреден резултат (како примерот што го спомнуваш со Николов, пример еве Борац Бања Лука сезонава) или преку репрезентација што иде малку потешко и поспоро.