Знам дека повеќето што ги водат фан страниве за Вардар на социјалниве мрежи се членови на форумот, па убаво би било да се сподели следново, за да се информира пошироката јавност за работи за кои е срамота да дискутираме на оваа возраст.
Козарот повторно во обид да ги дискредитира дечките од Маркетинг тимот, кои веќе три години работат во клубот.
Со договорот потпишан летото, социјалните мрежи останаа да бидат водени од здружението составено од Комити, кои овие години го спасија клубот од распаѓање. Уште на самиот старт Миленко не го почитуваше договорот и вестите за новите играчи прво ги објавуваше на неговиот ФБ профил. Со тек на време забрани коментари на неговите статуси, освен од неговите рамноземјашки следбеници, па неможејќи да ја преземе ФБ и Инстаграм страната на ФК Вардар, спротивно од договорот направи твитер страна на која објавува "ексклузивни" вести, често оцрнувајќи вардаровите навивачи. Не пропушта прилика да нагласи дека ова е АД Вардар, мислиш се работи за нов клуб кој самиот го воскреснал од мртвите.
Кога виде дека на твитер буквално никој не го следи, пак го наруши договорот и направи веб страница, мислејќи дека така ќе ја привлече вардаровата јавност. Сиромашната веб страница, со срамни текстчиња за историјата на клубот и аматерските видеа водени од сопругата на Гача, му доживеа ново фијаско, и сега му остана само како баба да плука преку статуси на ФБ.
Некој е многу нервозен дека не може да има целосна контрола на социјалните мрежи, да стави забрана за коментари, да нема пресови (како што кажа во поткастот во кој гостуваше), па пишува статуси на рамниште на прво одделенци.
Но, најмногу го боли што воопшто не влијае врз тие дечки, не го ебат два посто и професионално продолжуваат да си работат.
Значи, ФБ и Инстаграм страната се водени од наши деца (а твитерот и веб страната од Миленко), што може да се препознае по професионалноста на известувањето, сликите и видеата. Немањето рестрикции за изразување незадоволство.
Се навестува дека периодов треба да излезе и официјална веб страница, каква што навистина ќе доликува на еден клуб како ФК Вардар.