Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ако имаше бар малку светло во тунелот, ќе го донесоа Мартин Ѓоргиевски од Пандев, освен ако овие веќе не му имаат најдено трансфер во странство. Тодоровски откако дебитираше во лигава на 16 години и заедно со Тошевски ги пумпаа дека се квалитет за Лил, Гент и не знам ти кој, си остана истиот играч. Ништо поразличен трансфер од претходните, освен трансферот на Цикарски кој е комедија. Не памтам некад вака добро да сме склопиле позиција во тимот како што ни е моментално левата бековска со Мите, Ким, Маневски и Ќосиќ.
Аман бе момци и Диме ли не чини? Дај не зезајте, детето е доктор за нашава лига. Два гола и три асистенции есенва, колку цел наш среден ред учинок.
 
Да беше доктор немаше да заглави 6 години во тимови од средина на табела. Солиден играч, предност му е можда младоста и тоа што немаме моментално креативец во тимот, али ништо вау.
 
Тешко за него, од то шо знам уште од летоска имаше понуди за надвор, но се реши да остане во Брера веројатно уште оваа сезона. Тодоровски е добар играч.
 
Да беше доктор немаше да заглави 6 години во тимови од средина на табела. Солиден играч, предност му е можда младоста и тоа што немаме моментално креативец во тимот, али ништо вау.
А кој играч е вау од Македонско првенство?
 
За Мартин од Брера имало интерес и од Sвезда,

ЦЗ го следи повеќе од година дена, на над 20 натпревари на Брера имаат свој скаут поради тој играч
 
Реално, Вардар може далеку да стигне ако стане сериозно!
Аман бе момци и Диме ли не чини? Дај не зезајте, детето е доктор за нашава лига. Два гола и три асистенции есенва, колку цел наш среден ред учинок.
 
Ако имаше бар малку светло во тунелот, ќе го донесоа Мартин Ѓоргиевски од Пандев, освен ако овие веќе не му имаат најдено трансфер во странство. Тодоровски откако дебитираше во лигава на 16 години и заедно со Тошевски ги пумпаа дека се квалитет за Лил, Гент и не знам ти кој, си остана истиот играч. Ништо поразличен трансфер од претходните, освен трансферот на Цикарски кој е комедија. Не памтам некад вака добро да сме склопиле позиција во тимот како што ни е моментално левата бековска со Мите, Ким, Маневски и Ќосиќ.

Се согласувам со тебе дека Мартин е одличен, плус е роден лидер и дека прави разлика на средината од теренот. Ама не се согласувам дека Тодоровски е промашен трансфер. Дури и ме изненади кога видов дека доаѓа во Вардар, со оглед дека пајташи го водат клубот.
 
Не реков јас нигде дека е промашен трансфер, туку дека е горе-доле ист по квалитет како и претходните (Пинтер, Јанкулов, Маневски...).
 
Знам дека повеќето што ги водат фан страниве за Вардар на социјалниве мрежи се членови на форумот, па убаво би било да се сподели следново, за да се информира пошироката јавност за работи за кои е срамота да дискутираме на оваа возраст.

Козарот повторно во обид да ги дискредитира дечките од Маркетинг тимот, кои веќе три години работат во клубот.

Со договорот потпишан летото, социјалните мрежи останаа да бидат водени од здружението составено од Комити, кои овие години го спасија клубот од распаѓање. Уште на самиот старт Миленко не го почитуваше договорот и вестите за новите играчи прво ги објавуваше на неговиот ФБ профил. Со тек на време забрани коментари на неговите статуси, освен од неговите рамноземјашки следбеници, па неможејќи да ја преземе ФБ и Инстаграм страната на ФК Вардар, спротивно од договорот направи твитер страна на која објавува "ексклузивни" вести, често оцрнувајќи вардаровите навивачи. Не пропушта прилика да нагласи дека ова е АД Вардар, мислиш се работи за нов клуб кој самиот го воскреснал од мртвите.

Кога виде дека на твитер буквално никој не го следи, пак го наруши договорот и направи веб страница, мислејќи дека така ќе ја привлече вардаровата јавност. Сиромашната веб страница, со срамни текстчиња за историјата на клубот и аматерските видеа водени од сопругата на Гача, му доживеа ново фијаско, и сега му остана само како баба да плука преку статуси на ФБ.

Messenger_creation_A7F1D267-0602-463A-B1A2-699FDC229866.jpeg

Некој е многу нервозен дека не може да има целосна контрола на социјалните мрежи, да стави забрана за коментари, да нема пресови (како што кажа во поткастот во кој гостуваше), па пишува статуси на рамниште на прво одделенци.

Но, најмногу го боли што воопшто не влијае врз тие дечки, не го ебат два посто и професионално продолжуваат да си работат.

Значи, ФБ и Инстаграм страната се водени од наши деца (а твитерот и веб страната од Миленко), што може да се препознае по професионалноста на известувањето, сликите и видеата. Немањето рестрикции за изразување незадоволство.
Се навестува дека периодов треба да излезе и официјална веб страница, каква што навистина ќе доликува на еден клуб како ФК Вардар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom