Фан Клуб: Вардар

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.148
Поени од реакции
4.028
Лигава е таква боранија што колку и да е во криза и крш Вардар, пак има реални шанси за опстанок кога ќе се види конкуренцијата: Воска и Беса се дупки, Брера и Тиквеш делуваат распад систем, со малку засилувања Вардар веќе би можел лесно да парира за опстанок. Само Воска за сега е сигурен второлигаш, останатите 4 екипи (а и Пелистер е тука некаде) сите се на слично ниво и имаат прилично еднакви шанси. Останува да се види кои засилувања ќе ги донесат зимава сите овие клубови. Брера уствари ми делува најкритична оти имаат сериозни финансиски проблеми и во моментов делува дека претежно само на младинци ќе останат (слично како Воска), но останува и да се види дали/колку „помош“ ќе има Пандев од Омерагиќ вторава полусезона преку судиите.

Според мене ако Вардар продолжи со засилувањава, не гледам зошто да немаат шанси за опстанок.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
785
Ооо Фабриициооо,намалии...ама ти да повлечеш црта од тоа у каква форма бил тогаш,и сега..клуб без играч,и нула од форма..да него заборави Дианеси?!
И тој во некој момент од неговата кариера вредел грдна пара,а сега кај е?! И во каква форма...
А бе лепи кој збори уопште у каква форма се наоѓа моментално играчот. На крај крајева нема ни никаква потврда дека доаѓа кај нас.
Чисто ти реплицирав да не се палиш со муабети у стилот афрички канти затоа што индијанците од продажба на црњите земаа преку 1,5 милион евра. Да те потсетам дека Вардар има заборавено кога последен пат продал некој играч воопшто. Полека малку со занесувањево, намалете доживљај...
Уште не ви е јасно дека сезоната е завршена и дека патуваме сосема заслужено во втора лига, ако тешете се уште дека има надеж во мај ќе ви стане јасно.
Се додека е оваа структура во Вардар бел ден нема да видиме.
Сезоната била завршена на 15 кола до крај и разлика од само 5 бода меѓу 7 и 11. место!? Дај олабави со анализиве жити се...
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.797
Поени од реакции
2.351
Овој Маневски мислам дека и претходно го поврзуваа со Вардар. Претходната сезона ако не се лажам. Многу грешки имаше оваа сезона и при негови грешки, Тиквеш примаше голови. Ако не ништо друго барем почнаа да носат домашни играчи.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.215
Овој Маневски мислам дека и претходно го поврзуваа со Вардар. Претходната сезона ако не се лажам. Многу грешки имаше оваа сезона и при негови грешки, Тиквеш примаше голови. Ако не ништо друго барем почнаа да носат домашни играчи.
Дечкото е изгубен на неговата позиција убаво напиша @newcastle играч е за втора лига, ама цела одбрана ни е за втора лига па кога ќе размислиш на свое сме,место да идеме напред ние надоле идеме
А бе лепи кој збори уопште у каква форма се наоѓа моментално играчот. На крај крајева нема ни никаква потврда дека доаѓа кај нас.
Чисто ти реплицирав да не се палиш со муабети у стилот афрички канти затоа што индијанците од продажба на црњите земаа преку 1,5 милион евра. Да те потсетам дека Вардар има заборавено кога последен пат продал некој играч воопшто. Полека малку со занесувањево, намалете доживљај...

Сезоната била завршена на 15 кола до крај и разлика од само 5 бода меѓу 7 и 11. место!? Дај олабави со анализиве жити се...
Да не ти се обратам со зборови што ќе те навредат,продолжи си да веруваш во раководството и во играчите имаме сигурен опстанок за 15 кола може и за во Европа да се бориме.
Не пишувам повеќе во оваа тема бар не додека е козарот во клубот и додека има луѓе како овој цитираниот и ред други да не ги пишувам што веруваат во него и управата.
Поздрав
.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
785
Дечкото е изгубен на неговата позиција убаво напиша @newcastle играч е за втора лига, ама цела одбрана ни е за втора лига па кога ќе размислиш на свое сме,место да идеме напред ние надоле идеме

Да не ти се обратам со зборови што ќе те навредат,продолжи си да веруваш во раководството и во играчите имаме сигурен опстанок за 15 кола може и за во Европа да се бориме.
Не пишувам повеќе во оваа тема бар не додека е козарот во клубот и додека има луѓе како овој цитираниот и ред други да не ги пишувам што веруваат во него и управата.
Поздрав
.
Дај не изигравај сеа и комичар, покрај стручен аналитичар те замолуем. Каква везе има опстанокот со довербата во раководството фино лепо објасни ми. Они може и титула да донесат, ама ставот што го иам према тие бандити нема никогаш да го сменам.
Сепак тоа не значи дека ќе давам смешни анализи као твоиве од типот сезоната е завршена и готово ние се пакуваме у Втора лига. Преаматерски морам да констатирам.
Ти сфаќаш бе дека позади себе имаат ветер у грб од централна власт, на пролет од федерација и судии, и ќе си дозволат да отпаднат у оваа боранија од лига кога се на еден бод заостаток. Доволно добро ги познавам состојбите у нашиов фудбал, за да знам дека нема теорија да се деси такво сценарио.
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
495
Поени од реакции
395
Podobra opciija na lev bek vi e Gligor Doncev, jas pred nekolku godini koga bev vo fudbalot togas se resiv za Doncev pred Manevski i ne zgresiv, dvajcata bea togas vo akademija pandev i dvajcata bea isprateni na pozajmica ama Mikata ti e veciti talent.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.148
Поени од реакции
4.028
Podobra opciija na lev bek vi e Gligor Doncev, jas pred nekolku godini koga bev vo fudbalot togas se resiv za Doncev pred Manevski i ne zgresiv, dvajcata bea togas vo akademija pandev i dvajcata bea isprateni na pozajmica ama Mikata ti e veciti talent.
Дончев последните 6 месеца беше без клуб, a во последната полусезона (пролетва) скоро и да не играше, така не знам баш во каква форма е моментално по година дена без натпревари.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.797
Поени од реакции
2.351
Podobra opciija na lev bek vi e Gligor Doncev, jas pred nekolku godini koga bev vo fudbalot togas se resiv za Doncev pred Manevski i ne zgresiv, dvajcata bea togas vo akademija pandev i dvajcata bea isprateni na pozajmica ama Mikata ti e veciti talent.
Само Швајц ќе беше идеално решение. Не му е природна позиција лев бек, ама за овие споменатите е доктор.
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
495
Поени од реакции
395
Дончев последните 6 месеца беше без клуб, a во последната полусезона (пролетва) скоро и да не играше, така не знам баш во каква форма е моментално по година дена без натпревари.
Veruvaj deka e podobra opcija od Manevski, Doncev kako mladinec imase povreda sto go unazadi u karierata ako ne bese taa povreda ke bese eden od najdobrite bekovi vo drzavata, vo taa generacija mora da go izdvojam Filip Mihailov fudbaler vnuk na Baldovaliev uste ne mi e jasno kako ne napravi kariera deckoto ima strasna tehnika i leva noga, isto na desen bek go imate Rickov vase dete sto sega e vo voska i e podobra opcija od ova sto sega go imate.
Автоматски споено мислење:

Isto spic go imate Pepi Gorgiev sloboden iako poslednite 6 meseca ne igrase i sanirase povreda za Omeragic i toj crnecot e doktor isto ne e skapa opcija.
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
840
Поени од реакции
1.378
Дај не изигравај сеа и комичар, покрај стручен аналитичар те замолуем. Каква везе има опстанокот со довербата во раководството фино лепо објасни ми. Они може и титула да донесат, ама ставот што го иам према тие бандити нема никогаш да го сменам.
Сепак тоа не значи дека ќе давам смешни анализи као твоиве од типот сезоната е завршена и готово ние се пакуваме у Втора лига. Преаматерски морам да констатирам.
Ти сфаќаш бе дека позади себе имаат ветер у грб од централна власт, на пролет од федерација и судии, и ќе си дозволат да отпаднат у оваа боранија од лига кога се на еден бод заостаток. Доволно добро ги познавам состојбите у нашиов фудбал, за да знам дека нема теорија да се деси такво сценарио.
Ми се чини дека БигМак јава само на бранот на коментари и само од тоа го формира своето мислење,како што и му се скоро сите коментари,врска нема од ништо но ќе спои нешто и пишува.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.048
Поени од реакции
74.569
Ете и Влатко Стојановски сме го зеле. Последниве две засилувања ќе беа одлични пред 2-3 години. Стојановски сигурно од короната нема стапнато на терен.
 
Член од
18 август 2019
Мислења
255
Поени од реакции
424
Ете и Влатко Стојановски сме го зеле. Последниве две засилувања ќе беа одлични пред 2-3 години. Стојановски сигурно од короната нема стапнато на терен.
Минатата сезона беше стандарден во Работнички се до кобната повреда на 14ти Април.Сепак и тогаш не беше во некоја форма и имаше постигната само 2 гола до повредата.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.861
Поени од реакции
7.516
Значи само продолжуваме таму кај што застанавме, мува не ги лази, овие се буквално ист тип на трансфери како тие летото.

Влатко Стојановски ќе чекаме да ја извади сезоната... :pos:
Дечкото беше добар во 2018 година кога играше за Ренова, после направи трансфер во Франција и од тогаш кариерата му е во слободен пад.
Последните 5 сезони на 98 натпревари има постигнато 9 гола, плус се враќа од тешка повреда и прашање е колку воопшто може да игра, ништо чудно на крај да испадне и овој како Најдо да го плаќаме за лежење.

И овие бековите ништо посебно, повеќе ги гледам како калибар на Мециновиќ и Шаркоски отколку како некое засилување.
Пинтер и тој штоперот Сенгхор јасно е дека се на Седло шема.

Единствено ми се свиѓа трансферот на Талески, барем нема да го гледаме веќе Гача наркоманот на гол и да се тресеме секоја секунда дали ќе направи некој кикс.

На крај ако избориме опстанок тоа ќе биде само поради слабата конкуренција и смешниот квалитет на нашата лига, а ништо чудно и оваа сезона пак да играме бараж, само овој пат тоа ќе го постигнеме со четири пати поголем буџет за разлика од претходните две сезони.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.743
Поени од реакции
6.129
Ако е буџетот 1м евра, од една страна не може да се има премногу очекувања за звучни имиња кога во прашање се трансферите, не е ова 2010та година кога останатите екипи во лигава имаа по 150-200 000 евра буџет, па да направиш екипа која ке се прошета во првенство.
Но пак од друга страна, со добра работа и добар скаутинг, сум пишал и пред некое време, со тие пари можи од Бразил фудбалеришта да се донесат.
Левото крило бразилецот на Тиквеш, машина, на почеток на сезона играше за нив, од тогаш не го имам видено во состав, ако има заминато нека го соберат.
Сакам да поентирам дека ако со многу помали средства се можело да се донесат играчи како Лемос, тогаш со овие средства не дозволиво е "најдобро" лево крило во екипава да е Кореецот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom