Фан Клуб: Вардар

Член од
17 август 2014
Мислења
3.715
Поени од реакции
5.977
Што беше ова на крајов тепачкава?
Тој ќепецот не ја врати топката на Вардар кога ја исфрливме во аут ради играч на терен повреден шо лежеше, па после Гача му се пуште на крајот на натпреварот па настана мешаница..
Но пак од друга страна фаулот преку кој погодивме, го добивме на ист начин, кога Потук лежеше на терен, а ние не ја исфрливме топката..кој ги ебаТ :kuracc:
 
Член од
13 август 2019
Мислења
629
Поени од реакции
3.381
Ко што би рекол колегата @Незапирливи 1903/87, од приказната дека ќе не' спасуваат маџари, на крај ќе остане тоа дека ќе се спасуваме со играње на домашен терен во МАЏАРИ :D
За овие пензионери кои ги имаме, само ваков терен е лекот и крш тревник, да не може да се дрибла, само да рогаш.

Маааалку подобро изигравме денес, ако ништо друго имаше желба за надигрување во вториот дел и сосема заслужено израмнивме. Босанчиќ е добро засилување, штета што од само познати причини на идното раководство на ФФМ не купивме ниту еден асален напаѓач и крило.

Мециновиќ е новиот Вецески. Планира ли Најдовски некогаш да се врати на терените?
Договорен Виктор Ангелов, ама татица го стопирал трансферот, за да може синчето да се занимава професионално со фудбал, да не игра по турнири…
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
559
Поени од реакции
1.831
Прво вистинско странско засилување и се осети разлика у многу сегменти од играта, крунисано со гол.
Козар, знам дека читаш, гледаш кога спортски работник ќе донесе засилување без провизии, наспроти твоите просечни играчи?
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
199
Поени од реакции
757
Тој ќепецот не ја врати топката на Вардар кога ја исфрливме во аут ради играч на терен повреден шо лежеше, па после Гача му се пуште на крајот на натпреварот па настана мешаница..
Но пак од друга страна фаулот преку кој погодивме, го добивме на ист начин, кога Потук лежеше на терен, а ние не ја исфрливме топката..кој ги ебаТ :kuracc:
Не се уопште исти ситуациите што ги споредуваш. Скоро никој веќе не исфрла топка при свој напад кога лежи противнички играч, па така и ние си продуживме да играме. А кај индијанциве, што не знаат ни од кај се повеќе, очигледно има недостаток на фер-плеј затоа што не ја вратија топката исфрлена ради укажување на лекарска помош.
Договорен Виктор Ангелов, ама татица го стопирал трансферот, за да може синчето да се занимава професионално со фудбал, да не игра по турнири…
Ај па и тоа гомно скапано што е еден многу јак играч. Затоа е без ангажман цела година, а последни две сезони му се во 2 лига Романија. Башка забораи ли дека не извиси у задњи момент дур се мачевме по второлигашките ливади.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
645
Поени од реакции
1.554
А кај индијанциве, што не знаат ни од кај се повеќе, очигледно има недостаток на фер-плеј затоа што не ја вратија топката исфрлена ради укажување на лекарска помош.
Најиритантна екипа се заедно со оние вошкарите.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
629
Поени од реакции
3.381
Ај па и тоа гомно скапано што е еден многу јак играч. Затоа е без ангажман цела година, а последни две сезони му се во 2 лига Романија. Башка забораи ли дека не извиси у задњи момент дур се мачевме по второлигашките ливади.
За Азер го измислил фудбалот, каков и да е, за оваа лига кога би играл он место Азер би биле најмалку 30% појаки… Дека не извиси тогаш си во право, се согласувам.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
456
Поени од реакции
2.264
@Saber Rider
Мециновиќ е новиот Вецески. Планира ли Најдовски некогаш да се врати на терените?

Вецески за него е Паоло Малдини лично. Најдовски ќе се врати набрзо, некаде отприлика за Струга дома...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.844
Поени од реакции
40.422
Јас знам дека Комити и Вардар треба да се стремат кон Европа и кон културата што ја имаат европските клубови, за гостопримство и секогаш да се борат за присуство на гостински навивачки групи, ама во ситуацијава кога си опкружен со тешка сељачана залудно е да се бориш за некакви стандарди, кога тоа ти се одбива од глава. Изминативе две-три сезони верувам дека сите управи на клубовите биле пречекани на највисоко ниво колку дозволувале средствата, ама од сега па натаму, на екипи како Гостивар, Воска и сличните, не смее ни управата да им се прими на стадион, или ќотек како тогаш на Шкендија кога седеа и провоцираа членови на Балисти. Преку таквото веќе од вакви екипи што си праат што сакаат во лигава, и кој им го дал тоа право бе да забраниш присуство на публика? Па зашто играат фудбал тогаш ако не сакаат никој да ги гледа? Што кур е со лигава и со федерацијава да го дозволува ова? И кога ќе ми рече некој, ејјј пратиш Англиско првенство, или Италијанско, Шпанско, па што да гледам од овде бе? Гостивар како си ги затвараат вратите на стадион и не примаат никој? Обичен фер плеј што не знаат да испоштуваат идат одма педерски да дадат гол? Тоа ли да го гледам? Сељачка лига уште посељачки клубови.
 
Член од
7 јули 2023
Мислења
26
Поени од реакции
179
И се ќе беше подобро ако уште од старт се почнеше со овој муабет, да се избегнеа помпезните најави дека доаѓаат Канте и Жиру. Сите ке дадевме целосна поддршка без разлика какви и да се резултатите, сепак ќе имавме каква таква надеж дека можеби ете има некој долгорочен план за да клубот застане на здрави нозе после долго време. Нејсе, да не ги урочам ама последнава утакмица како да покажаа некаква иницијатива, ама следуваат ептен тешки утакмици па сепак нема ама баш никаков простор за еуфорија. "... и ништо не е вечно само ти ќе живееш...":)
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.271
Ќе има негде пренос? На ФФМ Јутјуб каналот има пренос само за неколку натпревари.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.271
Не е можно дека работнички губи од шкендија арачиново
Можно е кога месечарот Илиќ брани. Инаку за овие од Арачиново игра Десниќ, а брани Бурхан Мустафа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom