Па за вакви смешни приказни и ми беше муабетот. ФК Вардар, како и неговиот претходник за време на бугарска окупација ФК Македонија и уште пред тоа ФК Граѓански во рамки на СХС се практично истиот клуб само со 3 различни имиња и во континуитет најдобар клуб од Македонија во тие фудбалски шампионати (Граѓански е единствен македонски клуб кој настапува во прва лига на СХС, а Македонија во прва бугарска лига, исто како и што Вардар ќе биде поголем дел од времето единствен македонски клуб кој настапува во прва југословенска лига). ФК Победа од Скопје е тотално небитен клуб, искористен за фузијата за да се продаде приказната. Играчи на ФК Вардар во 1947 се истите играчи што до тогаш се во ФК Македонија. Сигурно дека никој во 1958-ма, во комунистички времиња, нема да кажува зошто е сменето името навистина, туку ќе измислува вакви смешни приказни, Скопје не можело да ги издржи ФК Македонија и ФК Победа, како тогаш можело да ги издржи Вардар и Работнички кој во тие први повоени години на два пати настапува во прва југословенска лига тогаш?
Настрана што тогашните функционери најчесто биле опортунисти и нормално дека би ширеле вакви приказни, во склад со времето во кое живееле, затоа што од тоа имале лична корист. Еден од претседателите на Вардар за време на Југославија ми е многу близок роднина, цела фамилија го знаеме како "лева рука, десни џеб" тип на човек, само такви приказни имаат да кажат моиве за него. На татко му на Миленко, кој е исто така претседател на Вардар во тоа време, скопскиот прекар му е Боро Превара. Такви луѓе се пробивале тогаш. За луѓето кои им ги заклучувале под казна соблекувалните на фудбалерите после победа над Партизан од 5-0 затоа што ја посрамотиле гордоста на ЈНА имам и претходно пишувано. Сите тие луѓе во вакви Вардарови монографии се угледни луѓе кои многу се бореле за клубот
. Исклучоци се луѓето кои биле на позиција, а кои стварно вределе. Му го заборавам името (а ме мрзи да гуглам) на претседателот на клубов кога се распаѓа Југославија и се формира државава. Он е главен против-кандидат на Ѕинго за претседател на ФСМ тогаш. За него има на пример често многу добри муабети и се збори дека е најголема штета што не добил шанса да ја води федерацијата тогаш.
Нејсе, сакав само да се надоврзам на муабетот на
@Matt Brendel за митовите околу црната броја на дресовите ама мислам дека повеќето не ме разбрале и можда си го сфатија ова и како некаков напад кон клубот. Имаме побитни теми за мислење сега од некакви историски дискусии.