Едно не ми е јасно, зошто си вадите очи едни со други тука, кога сеуште ништо не е официјално и 90% од муабетите се само шпекулации? Во ред е да имате различни ставови за некои работи, ама да му ебам мајката Вардарци сме сите. Кире ваков, Кано онаков, Миленко вака-така. Намалете малку со тензиите, навистина нема потреба.
Во идеален свет, Вардар ќе има членови од Комити во управа, одлична академија која ќе произведува играчи за странски пазар, сопствен тренинг центар, стадион, редовни учесници во ЛЕ како минимум и ред други работи. Ама за жал не живееме у таков свет.
На прсти се бројат државите каде што политиката нема улога во фудбалот. А, уште помалку ги има и државите каде што сопствениците не "крадат" за сопствени интереси.
Кире ја претера за некои работи од што е наивен, ама за некои работи па и е во право. Треба да бидеме реални за некои работи, во Вардар нема да видиме успешни и чесни луѓе да работат за интересот на клубот ако сакаме да бидеме на врвот.
Немам доверба во Миленко ни Орце, ни ВМРО ни СДСМ, во никој. Секој си работи за своите интереси, некои повеќе некои помалце ама колективно сите не донеса на ова ниво каде што сме денес.
Единствена 100% доверба што некој ја заслужува тоа се дечките од Комити кои го водат клубот моментално. И Емирати утре да дојдат да ми потпишат дека ќе даваат 10м по сезона нема да им верувам у намерите како на овие дечки. Што и да одлучат сум 100% сигурен дека ќе биде во наш интерес.
Алал им вера, и не би сакал да сум на нивно место. Делува како невозможна мисија да договориш некои детали како не би паднале на ова ниво пак.
Јас немам ништо против ако следните спонзори работат за нивни интереси се додека не му наштетуваат на клубот. Секоја инвестиција мора да биде транспарентна, пари од трансфери треба да одат во клубот, ако се врати игралиштето треба да остане на име на Вардар по секоја цена, стадион исто. Клубот не смее да се остави на цедило и во долгови по никоја цена. Ниедна титула не вреди толку.
И сето ова не е лесно да се договори, затоа што на овие преговори има само едни дечки со искрени намери, а другите гледаат да заработат на грбот на Вардар.
Затоа не правете непотребен притисок и тензии, верувајте на дечките што го водат Вардар.