П
Паспарту
Гостин
Ако има спонзор тоа 100% ќе биде Брацо, а доколку тој се врати, јас тогаш ќе го кажам своето мислење за целата ситуација во Вардар, за сега ќе останам колку-толку воздржан.Е ај да видиме што ќе бидне сега, дали ќе се заинтересира плус некој спонзор да влезе и дали ќе пркнеме од оваа дупка.
Никогаш не ни имало заинтересиран спонзор за влез во Вардар, сето она со Агрокор, со "Норвежаните", Бразилците и Шеиците било само мачкање очи и ништо друго...
Кажав во многу претходни постови, а сега пак ќе повторам, Вардар нема да најде спонзор се додека т.н. wannabe газди се виснати над клубот. Нема човек на светов кој би давал пари во клуб, а притоа малоумни идиоти со капацитет 0 (нула) на мозокот да раководат (читај крадат) со тие пари. Моменталната ситуација во Вардар е баш таква, некои луѓе чекаат спонзорот сам да дојде, не ни мрдаат со прст да пробаат истите тие да го најдат, и чекаат само да дојде некоја пара во клубот за да се истепаат кој повеќе ќе земе... Притоа кажуваат приказни Агрокор и нашинец од Норвешка, а вистината е дека ни Рамче Трејд од Шутка не сака да финансира во нашата гордост.
Некој од вас очекува Сетинов да најде спонзор во наредниот период!? Поголеми се шансите Македонија на исток да се граничи со Кина, отколку он да најде спонзор...
Тешка е ситуацијата во нашиот Вардар, а во наредниот период доаѓа она најтешкото, да не кажам пеколот