Фан Клуб: Вардар

Член од
11 април 2023
Мислења
1.997
Поени од реакции
6.355
Затоа зборам доколку е клубот во можност, а не дека би се нафатил да дојде во една недефинирана ситуација. Но имај во предвид дека ни Цујо не е во најдобрите фудбалски години и ќе има што ти знам какви опции во потрагата на нов ангажман.
Се слагам со тебе во право си,ама има веќе понуди од Турција и Србија.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
558
Поени од реакции
3.010
Некои нема да се согласат со мене, ама Тетовче втор пат го напушта Вардар во најтешките моменти без разлика дали е тешко или не, ако си се нафатил, нафати се до крај… Го прешкрта Деснич, дечкото лани што се не направи и сега на полусезона си оди ? 17 бода ќе имавме па дури и повеќе и било кој од тука на форумов да го водеше тимот, убедливо најповлечен фудбал игравме на повеќето натпревари… Ќе отиде сега некаде на друго место, ништо нема да направи и следен чекор што е ? Пак назад у Вардар ? Не мора, фала му за се што направи до сега… и он и Ѓоко воопшто не мораа да доаѓаат за ваков “спас” да понудат, едниот си оди кога почнавме се подобро да играме, другиот е директор оддалечен 1000 км и ни го носи Љутви Биљали а го шкртаат Деснич, па и Жоглев…
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.650
Поени од реакции
4.260

Баш така
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.815
Поени од реакции
72.146
Втор пат не шитка, а ако направи трансфер во друга македонска екипа, треба да биде максимално игнориран во иднина.
Ако оди во странство, тогаш нема што да му се замери.

За тоа дека ги шкртнал Десниќ и Жоглев (за вториов не е вистина), апсолутно немам што да му замерам. Со ништо немаше да придонесат за подобри резултати. Десниќ уште нема клуб, не успеаа со Јаневски ни Сокол купот да го освојат :D
Не се согласувам ни дека не ја водеше добро екипата, сосема солидни бевме на повеќето натпревари.
 
Деснич е апсолутно на исто ниво со сите наши офанзивци дури и подобар, не реков дека е грешка што го шкртна, туку дека го шкртна за цела сезона а он првично се нафатил “до декември”… Ако си се нафатил на полусезона, зошто го “бркаш” еден од најдобрите играчи а ти не планираш да останеш.. за Жоглев мислев на тоа дека на некои натпревари можеше апсолутно повеќе минутажа да добие во второ полувреме место Азер, а не ја доби… Бевме солидни да, ама бевме и доста анемични и повлечени на натпревари кај што можеше да се добие уште некој бод…
 
Па не е дека го шкртна, сто пати е зборувано за тоа. Речено му е дека не го планира за во прв тим и то је то. Дали планирале некој подобар да носат, не знам, ама не донесоа. Можеше да се задржи, секако е подобар од Љутви, али дааааалеку од гејм чејнџер. Просечен играч, исти учинок ќе имаше како и Цветановски. Да беше толлу добар, веднаш ќе најдеше клуб, немаше да игра фудбал во маало. И тој Јаневски исто, си отиде дека му ја намалиле фиктивната плата што воопшто не ја земаше. По балони играат и двајцата.
Омерагиќ игра затоа што има статус младинец, не знам што не е јасно.

Жоглев беше повреден, гледаш дека едвај стои на нозе цела полусезона. Апсолутно немаме играч кој е добар за стартер како напаѓач, а богами не се ни за клупа за резерви во прва лига.

Со кои играчи би играле понеанемичен фудбал? Дај не заебавајте. И овие бодови се премија. Со Веце и Папули како одбранбени, добро е по 5 комада што не лапавме секоја утакмица.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
352
Поени од реакции
1.674
Многу е тешко кога ќе дојдеш на веќе формирана екипа која згора на се е приврзана на претходниот тренер. Успеа Васоски до негде да влезе во екипата, некаде да унапреди некои елементи, но впечаток е дека Вардар можеше да има повеќе бодови на крајот од овие 17. Ред е да се каже дека имаше и пехови со повреди на клучни играчи во одредени моменти, некои како капитенот да ги изгуби и за цела сезона. Веројатно гледајќи каква е ситуацијата во екипата не можејќи да ја унапреди доволно, ја напушта, што рака на срце и не му е прв пат. Сега кога треба да сме активни на пазар, ние немаме ни тренер, ни спортски директор. Кој ќе договара играчи, што за останување, што за доаѓање?
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
902
Поени од реакции
2.934
Не знам што да кажам искрено, многу работи се непознати за имам изграден став за заминувањето на Васоски, дали требал да остане или не.
Чим дојде повторно, тоа значи од првото негово доаѓање некои "работи" се испеглани затоа и прифати да дојде, или пак беше обострана корист за двете страни.
Ова сезона, секој што малку прати македонски фудбал знае дека ситуацијата во Вардар е катастрофална, Комити влегоа во оган и тоа е тоа, ќе учат од грешки, и ќе има грешки, од мене само респект, иако и за тоа што го прават си имаат и они корист.
Најголем проблем е што македонецот е уназадуван во фундаменталните основи генерациски, изгубено е она свое ЈАС, затоа и државата ни е тука каде што е, и затоа Вардар е тука каде што е.
Тешки времиња креираат силни луѓе, па ајде можеби е време тоа да се покаже на дело.
Не може никој да ме убеди дека не постои некој доволно финансики моќен играч у државава што сака да помогне на Вардар.
Само треба време, oдамна и Вардар не е тоа што некогаш беше, нити Скопје е градот што некогаш пленеше со својата убавина.. но секоја генерација со своја борба.
Затоа и добронамерникот за да помогне у Вардар ќе му треба многу време пред тоа да го стори, многу од вас знаат какви све игри се играа и играат зад затворени врати.
За во Вардар не треба само финансиски средства, треба многу повеќе од тоа, затоа и многу луѓе што можат да помогнат го заобиколуваат, затоа што и ризкот со Вардар е огромен.
Моментално некако и транспарентноста намали и тоа што го градевеме неколку месеци, али пак од друга страна очекувано е и тоа, па ајде да видиме времето што ќе покаже, дали за добро ќе е.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.722
Поени од реакции
6.361
Тренерот Горазд Михајлов се разделил од Силекс, по мене добро решение да се проба да се донесе во Вардар ..

Направи добри резултати со Силекс , ги внесе во прва лига , играше финале на куп лани , и оваа сезона е веднаш зад водечката тројка Струга , Шкупи и Шкендија ..
 
Член од
18 август 2019
Мислења
222
Поени од реакции
368

Од тоа што разбрав он ќе одел во Шкендија,а Васовски во Силекс
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.722
Поени од реакции
6.361
Од тоа што разбрав он ќе одел во Шкендија,а Васовски во Силекс
Не ти е точна информацијата , Васовски ке оди во Кина , а Шкендија како што знам ке земеле најверојатно тренер од балканов ..
 
Член од
18 август 2019
Мислења
222
Поени од реакции
368
Не ти е точна информацијата , Васовски ке оди во Кина , а Шкендија како што знам ке земеле најверојатно тренер од балканов ..
Силекс го контактирале Васовски,но сепак он има веќе понуда од Кина и ако биде се како што треба ќе потпише за неколку дена.Според мене не треба да се критикува што ќе замине бидејќи таму сигурно ќе зима убава плата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom