Празен Градски, ЗОШТОООО
Не може бре да оствариме подобар резултат, тоа е тоа...
Очекував победа, ама кога видов дека нема да игра Асани, реков дека нема теорија да тепаме.
Како за беља и Ловречич се повреди после неколку минути
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Па во игра влезе Блажевски. Вардар ако имал полош играч од овој во средината, го сечам на маса.
Толку е силата на оваа екипа.
Создадовме одвај 1-2 шанси и тие успеавме да ги уништиме.
Најпрвин ќе се осврнам на играта на Фичо.
Фичо иди си дур е време, барем по добро да те памтиме.
Од феномнална РЕПРЕЗЕНТАТИВНА форма падна на форма на Илбер Али и Гешоски...
Како само ја поеба шансата кога топката му тапкаше за да ја акне на волеј на 5 метра од голот. Успеа да ја промаши и да се засопне...
Многу е спор бе човече, имаше шанса еднаш да дојде пред Пашовски пред една лошо вратена топка, па дури и овој го претекна.
Прв кој треба да си замине е Влатко Гроздановски. Влатче фала ти за се, ама подобро дојди си на трибина. Знаеме дека го сакаш клубот, дека даваш се од себе, но некогаш и тоа не е доволно. Одамна го нема Влатче од минатото...
Или Пелистер беа брзи или нашиве се ултра спори.
Дури и Георгиев не можеше да ги претрча. Или па повредите си го земаа данокот. Време е за пензија уште на оваа возраст.
Петров во рамките на можностите. Деспотовски слично, му треба на него уште еден играч во средината...
РИБАРОТ...
Како само го претрчуваа и блокираа...
Една не знае да нафрли, ептен ме разочара. Додуша и не може он да разочара, толку знае да игра. Како овој бил порано еден од најдобрите во првенствово? Уствари Македонско е...
Сите се спори како полжави. На десетина пати не можевме АУТ да изведее, зашто не можеше никој да дотрча да прими топка...
Штета за шансата на Петров, убаво се снајде во таа ситуација, но имаше лоша завршница...
За Ковачев чиста десетка, не растури во одбрана...
Од наша екипа мене највеќе впечаток ми остави Иванов. Може да го биде и ова дете. Подобро екипа само од помлади играчи да составиме...
На другиве им поминало времето веќе.
И мислам дека одново и одново не ни беше суден чист пенал, при последниот корнер кога мислам дека играчот на Пелистер играше со рака.
И во прво полувреме имаше груб фаул врз Фичо кој остана несанкциониран.
Катастрофално судење поради тоа што пемногу беше толерирано мизерното задржување време на играчте на Пелистер.
Дуел на полжави и лежачи по терен.
Мизерија човече, па после немало публика. ЗА ШТО ДА ДОАЃА ПУБЛИКА??????????
Ја задржуваа топката од 82 ди 86-та минута. Прво голманот нивни земаше залет од наша трибина за да ја рогне топката. Доби жолт. Само што извади жолт, еден игтрач на Пелистер легна на средина на теренот. Па го носеа едно друго. После тоа еден резервен на Пелистер шутне втора топка во терен.
И судијата не даде ниеден црвен, легенда...
На трибини мал број навивачи, можеби најмал досега во дуели со Пелистер (околу 500 души на почеток после си испоседнаа на страна пола од нив, па навивавме 300 души), ама навивањето мене ми беше супер
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)