Работнички е огромн закана во моментов...
Бајаги воиграни изгледаа денеска. Додуша и Пелистер се скапаници полусезонава без ниеден играч во нападот, со очајна одбрана, ама сепак Работнички некако прелесно ги совлада.
Нека дојдат нашиве од Кичево па да кажат како сме играле. Од напишаното реално сме немале некои којзнае какви шанси. Овие од екипа секој шут, па и од гол на гол да бил, го пишувале на нивнана страна.
Напредок остана без скоро цел прв тим од есента. Коруновски, Тони Вељановски, Христијан Димоски, Каланоски, Кркелиќ, Дејан Цветановски, Ристе Марковски, сите го напуштија тимот, а им останаа браќата Степановски (Менде не играл денес ради повреда), Најдоски кој го поврзуваа со нас (кој патем не играл ради повреда) и некои не толку битни играчи.
Се засилија со Зердевски како замена за Коруновски, а како нови играчи им дојдоа и Куштрим Балажи, Коњарски од Силекс и оној Дуков што ко бајаги го најавуваа дека светски играч ќе бил
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Дуков дури и денес бил 80 минути на клупа
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И против ваков скоро распаднат тим, без никакви подготовки, кои патем 45 минути играле со играч помалку, успеавме да славиме само со 0-1.
Иако сме тепале, вака од извештајот на екипа и од резултатов, не сум воопшто задоволен и се потврдува мојот став сдека тренеров три чисти нема.
Не чекаат дуели со Пелистер и Работнички. Тука ќе видиме до каде сме.
А во моментов сме сами на врвот
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)