Фан Клуб: Вардар

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Комитски Камбек

Навивањето во сала сепак не може да се спореди со она на стадион. Фудбалската пролетна сезона започнува на 1 март (сабота), а Вардар му гостува на Напредок во Кичево. Минатата полусезона помина со театарска атмосфера низ стадионите ширум државава. Навивачката група која е препознатлива по верното поддржување на својот фудбалски миленик, навивачката група која е синоним на Македонското тифо движење, ја немаше на својата матична трибина поради континуираните обиди на разни ликови и институции поддржани од управата на клубот да го нарушат единството на истата. Но, саботниот меч ќе помине во атмосфера каква што сите посакуваме. Битката е добиена! Комити после повеќе од 6 месеци се враќаат организирано на мечевите на нашиот ФК Вардар. Клише е да се каже дека секој удар врз групата ја прави посилна, но сите ќе треба да се потрудиме да ја вратиме групата каде што беше во минатото и во иднина да ја издигнеме на многу повисоко ниво исправувајќи ги грешките кои како група сме ги правеле во текот на нашето постоење.
Почнуваме од Кичево!
Ќе се патува со воз, а цената на превозот+карта е симболични 150 денари.
Црвено-црниот воз може да тргне, а првата цел ни е боење на Кичево во Вардаровите бои и враќање со трите бода за продолжување на атакот кон третата титула по ред.
Собирот е во сабота на Железничка од 9 часот, а тргнувањето е во 9 и 30. Да се запази и кодексот на облекување, па сите да бидат облечени строго во боите на Вардар (црно или црвено).
Забавата може да почне!

Член од
10 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
1.930
Фичо се вратил на тренинзите, но одиме во Кичево без Павловиќ и Захов :facepalm: како нивна замена го подготвувале Борјан Ристевски од младинскиот погон.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Борјан 22 години има веќе, тешко дека во младински погон спаѓа :pos:
 
Член од
10 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
1.930
Борјан 22 години има веќе, тешко дека во младински погон спаѓа :pos:
22 годишно голобрадо момче :pos:

Уште прво коло и со проблеми се соочуваме, како за прв натпревар на новиов тренер и на некои од новиве играчи очекувам победа, со 1-2 гола, уште ми се некако невоиграни и слаба реализација на подготвките.
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.723
Поени од реакции
3.095
22 годишно голобрадо момче :pos:

Уште прво коло и со проблеми се соочуваме, како за прв натпревар на новиов тренер и на некои од новиве играчи очекувам победа, со 1-2 гола, уште ми се некако невоиграни и слаба реализација на подготвките.
Trenerov gi ubil od trcanje bez veze, i ne bil ic dobar trener baska, na muskuli ke izgurame sezonava u pm
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Ете добра шанса да земат добри играчи за без пари , се распадна Металист кхаркив од Украина , сите играчи од наредната недела ќе бидат слободни и че им се врачи отказно решение. Клубот има многу јаки Бразилци и Аргентинци и украинецот Девич кој е најдобар стрелец во украинското првенство со 15 гола , доколку се навистина амбициозни плановите на Вардар ете отворена можност да делува.
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
СЕ ШУШКА, АМА ШАНСИТЕ СЕ СКОРО НИКАКВИ

Објавено на 21/02/2014 » 4740 Прегледи» Slider, ФУДБАЛ

Денеска низ главниот град на Македонија во чаршиските кулари „проструии“ сензационална вест. Доколку се верува на на овие мубети, најдобриот македонски фудбалер на денешнината Горан Пандев е многу блиску до договор со ФК Вардар. Како и да е ваквата вест треба да се прими со огромна резерва зашто нашиот фудбалер има договор со Наполи до јуни 2015 година. Кога го прашавме нашиот извор за потврда или демант на ваквата вест , мудро се насмеа и ни кажа дека наскоро ќе ни ги потврди или демантира ваквите информации.

Во денешниот број на „Македонски спорт“ се вели дека тимот на Монако „го пикира“ сега веќе поранешниот македонски репрезентивец. Ваквата вест ја објавија медиумите во Франција и Италија, но Наполи за неговата слобода бара 7.000.000 евра. Од порано во игра се тимовите на Фиорентина и Тотенхем, а неговото заминување од Неапол е се поизвесно ако се има во предвид дека шанса „добива на парче“ од страна на Шефот на стручниот штаб, Рафа Бенитез. Доколку остане оваа сума како обештетување нема шанси Гоче да се врати во матичната земја.

:)
http://tip.com.mk/se-suska-ama-sansite-se-skoro-nikakvi/
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Ете добра шанса да земат добри играчи за без пари , се распадна Металист кхаркив од Украина , сите играчи од наредната недела ќе бидат слободни и че им се врачи отказно решение. Клубот има многу јаки Бразилци и Аргентинци и украинецот Девич кој е најдобар стрелец во украинското првенство со 15 гола , доколку се навистина амбициозни плановите на Вардар ете отворена можност да делува.
За на тренинг ли ќе им се ??? Па уште најдобриот стрелец од Украјна ќе дошол у Макеоднија , и тие бразилците. Што си прајте филмови бе :tapp:

СЕ ШУШКА, АМА ШАНСИТЕ СЕ СКОРО НИКАКВИ

Објавено на 21/02/2014 » 4740 Прегледи» Slider, ФУДБАЛ

Денеска низ главниот град на Македонија во чаршиските кулари „проструии“ сензационална вест. Доколку се верува на на овие мубети, најдобриот македонски фудбалер на денешнината Горан Пандев е многу блиску до договор со ФК Вардар. Како и да е ваквата вест треба да се прими со огромна резерва зашто нашиот фудбалер има договор со Наполи до јуни 2015 година. Кога го прашавме нашиот извор за потврда или демант на ваквата вест , мудро се насмеа и ни кажа дека наскоро ќе ни ги потврди или демантира ваквите информации.

Во денешниот број на „Македонски спорт“ се вели дека тимот на Монако „го пикира“ сега веќе поранешниот македонски репрезентивец. Ваквата вест ја објавија медиумите во Франција и Италија, но Наполи за неговата слобода бара 7.000.000 евра. Од порано во игра се тимовите на Фиорентина и Тотенхем, а неговото заминување од Неапол е се поизвесно ако се има во предвид дека шанса „добива на парче“ од страна на Шефот на стручниот штаб, Рафа Бенитез. Доколку остане оваа сума како обештетување нема шанси Гоче да се врати во матичната земја.

:)
http://tip.com.mk/se-suska-ama-sansite-se-skoro-nikakvi/
Уште една глупост, колку да пишат нешто :tapp:
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
За на тренинг ли ќе им се ??? Па уште најдобриот стрелец од Украјна ќе дошол у Макеоднија , и тие бразилците. Што си прајте филмови бе :tapp:

Уште една глупост, колку да пишат нешто :tapp:
За постот за Пандев не коментирам ништо зошто стварно глупост е ама незнам зошто мислиш дека е неостварливо да се доведат играчи од Металист во украина има огромни нереди и не верувам дека играчите би продолжиле во тоа првенство таму а претходно кажав " Доколку се навистина толку амбициозни плановите на Фк Вардар може да делува веднаш и има одлична можност"
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
За постот за Пандев не коментирам ништо зошто стварно глупост е ама незнам зошто мислиш дека е неостварливо да се доведат играчи од Металист во украина има огромни нереди и не верувам дека играчите би продолжиле во тоа првенство таму а претходно кажав " Доколку се навистина толку амбициозни плановите на Фк Вардар може да делува веднаш и има одлична можност"
Па ти знаеш ли колку тие играчи вредат и колку плата зимаат, как опреку ноќ, ние одеднаш ќе се расфрламе со 400-500 000 евра месечно плати а?
Плус тоа нема шанса таков играч да натераш да дојде во Македонија, едино би дошол, ако му дадеш плата како на Меси и Роналдо.
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Па ти знаеш ли колку играчи вредат и колку плата зимаат, как опреку ноќ, ние одеднаш ќе се расфрламе со 400-500 000 евра месечно плати а?
Плус тоа нема шанса таков играч да натераш да дојде во Македонија, едино би дошол, ако му дадеш плата како на Меси и Роналдо.

Епа нели се сака ЛШ да се игра а доколку се сака ЛШ мора да се инвестира и уште еднаш ќе кажам дека играчите се веќе слободни агенти и единствено плата треба да им се обезбеди не обесштетување . А со самото квалификување на еден клуб во групната газа од ЛШ клубот зема 10,5 милиони евра плус после од секоја победа по 1 м и од секоја нерешена 500к така да ете ти ја инвестицијата дупло вратена а платите во Металист се движеа од 10к па до 100к месечно за Девич и Диего Соуза. Инаку овие играчи во Металист немаа земено 3 месеци плати.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Денес поледна проверка пред сабота, со Локомотива од 2 играме.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Тепавме против Локомотива 3-0 сме ги решиле по брза постапка во рок од 8 минути, Илчо двоен стрелец и Јованвоски дал еден. Идеме во Кичево и очекувам убедлива победа, искрено не ми е мило што Напредок се пред распаѓање, поради доаѓањето на рамковен за Градоиначалник, ама и те како ни се потребни овие бодови па мора да си тепаме, инаку јас би да им пуштиме да не ни требаа бодовите.
 
:pos: ќе бидне играчиште од него во Вардар ова му е веќе 3 гол мислам за Вардар откако е дојден. Мора да победиме во Кичево за да одржиме чекор со водечкиот Турново, но и за во позитивна атмосфера се дочека дербито со Пелистер.
Да не беше некој да ги гледа денеска од прва рака да сподели информации како изгледа тимот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom