Ајде да им го разгледаме малце првиов тим (бар тој што настапил на последниот меч

).
На голот
Андреј Харбунов. Дошол во оваа сезона кај нив. Има 29 години, не е репрезентативец и неможе да се пофали со некоја импресивна кариера. Цело време играл во Белоруското првенство.
Во одбраната на последните два меча им играл 21 годишниот
Денис Алексадорвич Полјаков. Има играно за младинците на Белосрусија а има и еден настап за сениорите.
Претходно играл во еден друг Белоруски тим...
Имаат еден централен дефанзивец од Србија.
Марко Симиќ, 25 годишен играч, висок 186 сантиметри

Овој изгледа им е постандарден. Претходните клубови не му се ништо импресивно. И ние купуваме играчи од вакви клубови. Пред да дојде во Бате играл за Јагодина, Бежанија, во Унгарски Хонвесд греел клупа една година а бил член и на Спартак од Варна и Черноморетс. Потекнува од школата на Партизан. Нема настап за ниту една репрезентација.
Друг централен им е
Егор Филипенко. Прав стапоња, 194 сантиметри е висок. И овој е прилично млад, 24 години има само, но сменил бајаги клубови. Изгледа овој им е еден од подобрите. Потекнува од нивна школа, па го купиле во Спартак Москва, па овие го позајмувале во наредните сезони во екипи во Русија, за повторно да се врати во БАТЕ. Има настапувано во сите младински катеогрии од репрезентацијата, а веќе има и 18 настапи за сениорската. Изгледа е стандарден и таму...
Лев бек им е
Александар Јуревич. Овој ми е попознат по името. Искусен играч, 32 годишен, стандарден во репрезентацијата на Белорусија. Има 36 настапи досега. Кариерата не му е којзнае каква. Играл 7 години во Шахтјор од Солигорск (Белоруски тим, не Украинскиот), потоа изиграл една сезона нестандардно во Карпати Лвов и се вратил во БАТЕ каде што ја почнал кариерата. Низок играч, 174 сантиметри, а изгледа може да игра и на други позиции.
Е сега незнам колку души играат во одбрана, ама гледам во составине многу често се со 5 дефанзивци... Последен во дефанзивата е
Артем Рацков. Висок 186 сантиметри, 26 годишен, кој освен една година што ја минал во Химки во Русија, цело друго времен бил во Бате Борисов. Игра и за репрезентацијата и има 9 настапи.
Еден играч во репрезентацијата го пишува дека игра одбрана, а на друго место дека е играч од средината. Али според висинава, 190 сантиметри изгледа е уште еден стапоња што игра во одбрана како централен. Се работи за
Максим Бордачов. Уствари он и Филипенко изгледа се стартери во нивната репрезентација на овие централни дефанзивни позиции. Иако има 25 години веќе има 15 настапи за репрезентација и 2 гола.
Незнам кој од овие игра десен бек...
Често во составот како дефанзивци на поелдниве мечеви биле земени Рацков, Симиќ, Јурченко, Филипенко и Полјаков...
Овој Бордачов играл само на псоледната пријателска, во првенството го нема некое време, само на клупа седел. Може имал некоја повреда....
Претпоставувам
Евгениј Кунцевич им е десен бек. Играл претходно во некој тапа клуб па сега дошол кај нив. Висок 179 сантима, нема настапи за репрезентација а има 24 години.
Во средина воглавно им се помлади играчи, со исклучок на капитенот
Дмитри Лихтаревич. Има 34 години. Во Бате е веќе 11 години, изиграл над 200 мечеви...
Има само еден настап за репрезентација.
Друг играч од средината им е
Дмитри Баха. Има 22 години, висок 182 сантиметри. Дете на Бате и цело време е во овој клуб. Има изиграно 60-тина меча и постигнато 10-тина гола... Ги поминал младинските селекции, ама освен за олимпискиот тим не добил шанса за сениорите. Има 24 настапи за младинците.
Двајца играчи од средината имаат по некој настап за репрезентацијата и се актуелни репрезентативци. Едниот од нив е
Александар Павлов, кој има 27 години, висок 178 сантиметри (затоа претпоставувам дека игра крило...). За репрезентација има 8 настапи и нема постигнато гол... Шест години играл во Днепар од Могилев, па дошол во 2009 во БАТЕ. На 90-тина меча има постигнато 10-тина гола.
Друг играч од средината кој игра во репрезентација е
Ренан Брешан. Е од овој веќе ме фаќа страв

Станува збор за 23 годишен Бразилец, кој има и Белоруско државјанство и има 2 настапи за репрезентацијата на Белорусија. Стандарден во БАТЕ, дошол од Бразилско првенство во 2010 година. Има дадено околу 30 гола на 70-тина меча... Импресивно, особено ако станува збор за играч од средината. Првата сезона во БАТЕ дал 15 гола по што бил избран за играч на сезоната... Можеби станува збор за крило некое? Или полушпиц ко Стојаковиќ?
Друг играч од средината кој влегувал како замена во последниве мечеви, на местото на капитенот е
Едгар Олехнович. 25 годишен играч, висок 183 сантиметри. Дошол од Динамо Брест кој му е прв клуб, па за 3 години изиграл 50-тина меча...
Не игра за репрезентацијата.
И последен играч од средината за кој може да се најде некое инфо, и игра прилично стандардно 25 годишниот
Филип Руџик. Има и 3 настапи за сениорската репрезентација на Белорусија. Дошол во БАТЕ од Нафтан кој му е прв клуб.
Напаѓач кој го користат во последниве кола е
Артем Концевои. Има 29 години, прилично низок е 177 сантиметри ваљсда им е брз напаѓач. Почнал во БАТЕ, па отишол една сезона во Спартак Москва, па го позајмувале, па дошол во МТЗ од Белорусија за пак да заврпи во БАТЕ на крајот. Има и 10 настапи за репрезентацијата, али изгледа одамна го немаат земено.
Оваа година го земале
Дмитри Мазалевски, кој има 27 години и е висок 176 сантиметри. Уште еден низок напаѓач... Цело време играл во Динамо Брест па дошол тука... Нема некоја импресивна кариера, али откако дошол во БАТЕ го земале за репрезентација и веќе има 2 настапи.
Играч кој ми е познат по имево е 28 годишниот
Витали Родионов. Во БАТЕ е веќе подолго време, а една сезона бил позајмен во Фрајбург каде дал 4 гола на 15 меча. Има и 28 настапи за Белорусија и постигнато 6 голови. Овој им е прв напаѓач изгледа...
Како позајмица од Јагјелоина од Полска, го имаат Бразилецот
Маикон. Пред да дојде кај Пољациве, играл во Гомел од Белорусија. Ништо импресивно, а и не е којзнае колку стандарден во БАТЕ, воглавно влага како замена.Има 26 години и нема настапи за ниедна репрезентација.
Горе-доле ова им е екипата. Нормално ваљда сум ги изуткал имињата, али тепки се за преведување

Не ми изгледаат многу импресивно. Иако играле лани во ЛШ, сепак поминале екипи од типот на Линфилд, Екранас и Штурм. После ја знаете приказната во ЛШ, освен нерешеното дома со Милан, дсругине резултати им се слаби...