Фан Клуб: Вардар

Член од
31 мај 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
2.595
Нема шанси сега за сега, а и Оса не сака да чуе ни за шпански ни за друг клуб. А дека имаше интерес за него имаше, ама да го дадевме тогаш поштено ќе згрешевме а плус сега и фудбалерите вредат дупло повеќе него претходно.

PS Мало извинување за вчерашното раздрмување ама вака е поинтересно, сепак за мене беше бум пошто за Влатче се работи, а и мораше да се испочитува неговата желба.
Само објасни ни тука зошто веста која ти ја најави минатата вечер ја претстави како негативна но и позитивна од друга страна, а јас не гледам тука што е позитивно ?!
Или задоволни сте со тоа што Влатко го напушта Вардар, тоа ви е позитивно ? Значи треба да се радуваме кога еден од најдобрите играчи го напушта клубот, не сум знаел за ова :) . Далеку од тоа дека ве обвинувам вас за трансферот, тоа е негова одлука. Но има нешто чудно, испаѓа како едвај да чекавте да го напушти Вардар, дали фалеа пари во буџетот или пак влијаеа можеби вашите нарушени односи со него лично, за кои немојте да мислите дека баш никој не езапознаен.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.401
Поени од реакции
18.557
Ако земе вардар доста пари од ова,зашто да не е добра вест..На крај краева добро е и за него,вајда нејкете вашиот омилен играч најдобрите години во македонска лига да ги потроши.А колку беше најдобар,прочитајте на страните поназад во темаваа..Каде истите кој што сеа жалат збореа дека влатко баш и не се покажал нешто нај нај..
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.468
Поени од реакции
8.609
Кога само ќе ми текни овај влатче како се чукаше во гради јас за вардар јас за комити ова она кога на крај цела работа ти била само за пари(што за него што за некој во клубот ) и користење на клубот како отскочна даска и спас на кариерата кога немаше каде да оди се прибра кај вас , да зминеше некаде германија италија што ти знма некоја јака лига ај да резбериш ама ова играње курташак со вас а можеби и грешам :sneaky:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.468
Поени од реакции
8.609
овој па овој :facepalm:
Шо јас бе ?!
Овај вашиот е крив гледам вчера бомба бомба реков кој знае што арно сега напрајле тоа да ти биди да го шитнат љубимецот на навивачите :eek:ако тоа е бомба не знам што да ви речам :cuc:
 
Ф

Флеш

Гостин
ej ako se zeme osteta 500 000 e . Ova e dobro no ako e pomalku e togas We are fucked UP !!! :facepalm:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Влатче беше лош сезонава, не покажа ништо посебно, можда ќе се подобреше во вториот дел од сезонава, али сепак добро е што се продаде бидејќи има 29 години.

Не знам и зашто обвинувате било која страна во случајов, се најубаво за Влатче и со памет во глава при трошењето на парите добиение од кинезиве :)
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Нека потврди Скопјанец 1978, моите информации велат дека ако не отишол сега, на лето немало да земеме ништо ако го купеле, а аналогно од тоа следува дека на лето му завршувал договорот.

Не се согласувам за вториов дел. Влатче не бил планиран за продажба. Може Фичо беше планиран па затоа беа доведени и Костовски и Огбона, ама Гроздановски сигурно не бил на таа листа.
Како што кажав понудата стигнала пред некој ден, и се се случувало во последни моменти.
Клубот неможе ни оддалеку да им парира на условите на Кинезите бидејќи полека и нивната лига добива спонзори милионери, така да нашиве плати изгледаат смешно во споредба со тоа што они може да понудат.
Така е немаше ништо да се земе, а Влатче не беше планиран за продажба, и заради посебниот однос што го заслужи Влатче во целиот досегашен период за Вардар излеговме во пресрет на неговата желба.
--- надополнето: 1 март 2012 во 16:36 ---
Само објасни ни тука зошто веста која ти ја најави минатата вечер ја претстави како негативна но и позитивна од друга страна, а јас не гледам тука што е позитивно ?!
Или задоволни сте со тоа што Влатко го напушта Вардар, тоа ви е позитивно ? Значи треба да се радуваме кога еден од најдобрите играчи го напушта клубот, не сум знаел за ова :) . Далеку од тоа дека ве обвинувам вас за трансферот, тоа е негова одлука. Но има нешто чудно, испаѓа како едвај да чекавте да го напушти Вардар, дали фалеа пари во буџетот или пак влијаеа можеби вашите нарушени односи со него лично, за кои немојте да мислите дека баш никој не езапознаен.
Јас стварно незнам од кај виде или кај прочита дека се радуваме или задоволни сме со ова позитивно е за Влатче негативно е за нас како управа и за навивачите на кој миленик им беше.
А што требаше да го задржиме и да му ја усереме шансата што ја има, а што се однесува до мене затоа и го најавив како што најавив види уште еднаш што пишав и како го најавив тоа и дека нема ни трошка радост во ниту еден мој коментар. А инаку да имаше нарушени односи немаше да му излеземе во пресрет и ќе го држевме тука.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.401
Поени од реакции
18.557
Шо јас бе ?!
Овај вашиот е крив гледам вчера бомба бомба реков кој знае што арно сега напрајле тоа да ти биди да го шитнат љубимецот на навивачите :eek:ако тоа е бомба не знам што да ви речам :cuc:
Што не ти е јасно бе,миленик не миленик респектот се заслужува кога игра тука,а он го заслужи со тој однос.Благодарност за тоа што го прикажа,али коа е личната кариера во прашање може да оди,не отиде у ривалски клуб ебате..или му наштети на вардар на некој начин.Ова му е шанса да се обезбеди за понатака,го знае он тоа а треба да го знае и секој со 2% мозок у главата...Пријателска разделба и со среќа,па здравје понатака ако Вардар стане помоќен клуб што може да го издржи зашто и да не се врати.
Незнам што се фурате толку со ова љубота кон клубот,и ја го сакам вардар али ако ми се пружи шанса радо би ја искористил,и сите вие што мрчите тука.Еден кристијано роналдо од Манчестер си отиде,не па Влатко Гроздановски.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Премногу голема беше понудата за да ја одбие Влатче,знаете дека Кинезите имаат премногу пари и оваа заработка Вардар не смееше да ја пропушти ! Не ја знам точната цена,али знам дека е доста голема,нека му е со среќа на Влатче и вратите за него секогаш ке бидат отворени во Вардар .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.898
Сакам да напишам нешто ама тешко ми иде...емоциите се големи:(Искрено незнам како се чувствувам,незнам дали сум среќен или тажен,повеќе би рекол дека ми е многу тешко затоа што нема да го дочекам мај и тоа што го сонував цела година:(Долго размислував за ова и незнаев дали да го слушам срцето или разумот...на крај победи разумот.Имам 29 год и живеам од фудбалот,кариерата наша е многу кратка а јас сум при крај за жал...Секој на различен начин ќе го разбере ова мое заминување од Вардар,некој ќе ме осудува,ако некој навредив се извинувам ама во едно сум сигурен,ВАРДАР не е Влатко,ВАРДАР може без секој и ВАРДАР ќе биде шампион повторно оваа година,за жал без мене:(Фала ви на сите за подршката браќа КОМИТИ,никогаш нема да заборавам што правевте за мене и секогаш ќе бидам дел од вас на Запад
Влатче (y)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.561
Поени од реакции
29.154
Ни самите не сте свесни колку ни помогна и на Вардар па и нас Комити. Кој беше во Охрид на гостување т.е. тој што се враќаше со комбе па и јас се врати/вме благодарение на Влатче кој ни плати превоз, и ред други работи кој не се за форум. Да се надеваме дека ќе се врати у Вардар и ќе си ја дочека долгоочекуваната титула во дресот на Вардар.

Поздрав и се најдобро мајсторе!
 
П

Паспарту

Гостин
Кога само ќе ми текни овај влатче како се чукаше во гради јас за вардар јас за комити ова она кога на крај цела работа ти била само за пари(што за него што за некој во клубот ) и користење на клубот како отскочна даска и спас на кариерата кога немаше каде да оди се прибра кај вас , да зминеше некаде германија италија што ти знма некоја јака лига ај да резбериш ама ова играње курташак со вас а можеби и грешам :sneaky:
Па нормално дека за пари е целата работа, и јас да бев на негово место ќе го направев истото. Парите што ќе ги заработи таму за една година, тука ќе му требаат десет за истите. Или подобро да ти појаснам, не е исто да работиш во канцеларија во некое министерство, да земаш плата +25 000, или пак да работиш како столар (со секоја почит кон професијата) и да земаш 5 000 денари месечно. Он своето кон клубот го има многу пати докажано, нема потреба ама баш на никого да ја докажува љубовта, посебно не на некого кој нема никаква допирна точка со клубот. Кинеската лига можеби не е јака, ама е барем 10 пати поквалитетна од нашата. Бидејќи не си запознат еве да ти кажам, Влатче имаше кај да оди ама дојде во Вардар и за истиот клуб жртвуваше месец и кусур неиграње, далеку од тоа дека се прибрал кај нас поради тоа што немал клуб. Вардар и без Влатче е класа подобар од Металург и Шкендија, а да не зборувам па за другите клубови, така да се освен титула ќе биде срамно!

Јас му посакувам среќа и се најдобро во Кина на Влатче...

Навивач на пелистер да ти зборува за играње курташак :pos: Како беше она, ќе го тепавте оној битолчанецот што ви го свирна сред Битола, а денес на истиот нозете му ги бацувате, или грешам? Некако и партиската поврзаност ти спласна последниов период, да не вмешала политиката прсти и кај вас во клубот? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom