Ф
Само објасни ни тука зошто веста која ти ја најави минатата вечер ја претстави како негативна но и позитивна од друга страна, а јас не гледам тука што е позитивно ?!Нема шанси сега за сега, а и Оса не сака да чуе ни за шпански ни за друг клуб. А дека имаше интерес за него имаше, ама да го дадевме тогаш поштено ќе згрешевме а плус сега и фудбалерите вредат дупло повеќе него претходно.
PS Мало извинување за вчерашното раздрмување ама вака е поинтересно, сепак за мене беше бум пошто за Влатче се работи, а и мораше да се испочитува неговата желба.
Шо јас бе ?!овој па овој![]()
Така е немаше ништо да се земе, а Влатче не беше планиран за продажба, и заради посебниот однос што го заслужи Влатче во целиот досегашен период за Вардар излеговме во пресрет на неговата желба.Нека потврди Скопјанец 1978, моите информации велат дека ако не отишол сега, на лето немало да земеме ништо ако го купеле, а аналогно од тоа следува дека на лето му завршувал договорот.
Не се согласувам за вториов дел. Влатче не бил планиран за продажба. Може Фичо беше планиран па затоа беа доведени и Костовски и Огбона, ама Гроздановски сигурно не бил на таа листа.
Како што кажав понудата стигнала пред некој ден, и се се случувало во последни моменти.
Клубот неможе ни оддалеку да им парира на условите на Кинезите бидејќи полека и нивната лига добива спонзори милионери, така да нашиве плати изгледаат смешно во споредба со тоа што они може да понудат.
Јас стварно незнам од кај виде или кај прочита дека се радуваме или задоволни сме со ова позитивно е за Влатче негативно е за нас како управа и за навивачите на кој миленик им беше.Само објасни ни тука зошто веста која ти ја најави минатата вечер ја претстави како негативна но и позитивна од друга страна, а јас не гледам тука што е позитивно ?!
Или задоволни сте со тоа што Влатко го напушта Вардар, тоа ви е позитивно ? Значи треба да се радуваме кога еден од најдобрите играчи го напушта клубот, не сум знаел за ова. Далеку од тоа дека ве обвинувам вас за трансферот, тоа е негова одлука. Но има нешто чудно, испаѓа како едвај да чекавте да го напушти Вардар, дали фалеа пари во буџетот или пак влијаеа можеби вашите нарушени односи со него лично, за кои немојте да мислите дека баш никој не езапознаен.
Што не ти е јасно бе,миленик не миленик респектот се заслужува кога игра тука,а он го заслужи со тој однос.Благодарност за тоа што го прикажа,али коа е личната кариера во прашање може да оди,не отиде у ривалски клуб ебате..или му наштети на вардар на некој начин.Ова му е шанса да се обезбеди за понатака,го знае он тоа а треба да го знае и секој со 2% мозок у главата...Пријателска разделба и со среќа,па здравје понатака ако Вардар стане помоќен клуб што може да го издржи зашто и да не се врати.Шо јас бе ?!
Овај вашиот е крив гледам вчера бомба бомба реков кој знае што арно сега напрајле тоа да ти биди да го шитнат љубимецот на навивачитеако тоа е бомба не знам што да ви речам
![]()
ВлатчеСакам да напишам нешто ама тешко ми иде...емоциите се големиИскрено незнам како се чувствувам,незнам дали сум среќен или тажен,повеќе би рекол дека ми е многу тешко затоа што нема да го дочекам мај и тоа што го сонував цела година
Долго размислував за ова и незнаев дали да го слушам срцето или разумот...на крај победи разумот.Имам 29 год и живеам од фудбалот,кариерата наша е многу кратка а јас сум при крај за жал...Секој на различен начин ќе го разбере ова мое заминување од Вардар,некој ќе ме осудува,ако некој навредив се извинувам ама во едно сум сигурен,ВАРДАР не е Влатко,ВАРДАР може без секој и ВАРДАР ќе биде шампион повторно оваа година,за жал без мене
Фала ви на сите за подршката браќа КОМИТИ,никогаш нема да заборавам што правевте за мене и секогаш ќе бидам дел од вас на Запад
Па нормално дека за пари е целата работа, и јас да бев на негово место ќе го направев истото. Парите што ќе ги заработи таму за една година, тука ќе му требаат десет за истите. Или подобро да ти појаснам, не е исто да работиш во канцеларија во некое министерство, да земаш плата +25 000, или пак да работиш како столар (со секоја почит кон професијата) и да земаш 5 000 денари месечно. Он своето кон клубот го има многу пати докажано, нема потреба ама баш на никого да ја докажува љубовта, посебно не на некого кој нема никаква допирна точка со клубот. Кинеската лига можеби не е јака, ама е барем 10 пати поквалитетна од нашата. Бидејќи не си запознат еве да ти кажам, Влатче имаше кај да оди ама дојде во Вардар и за истиот клуб жртвуваше месец и кусур неиграње, далеку од тоа дека се прибрал кај нас поради тоа што немал клуб. Вардар и без Влатче е класа подобар од Металург и Шкендија, а да не зборувам па за другите клубови, така да се освен титула ќе биде срамно!Кога само ќе ми текни овај влатче како се чукаше во гради јас за вардар јас за комити ова она кога на крај цела работа ти била само за пари(што за него што за некој во клубот ) и користење на клубот како отскочна даска и спас на кариерата кога немаше каде да оди се прибра кај вас , да зминеше некаде германија италија што ти знма некоја јака лига ај да резбериш ама ова играње курташак со вас а можеби и грешам![]()