Фан Клуб: Вардар

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Оса и Ранѓеловиќ се подготвени за репрезентација, првиот место дрвото Шумуликовски, вториот место креативецот кој го немаме.
Јас мислам дека среден ред со Оса-Ранѓеловиќ-Тасевски ќе биде одличен, иако овој вториов треба уште многу да работи, физички е слабо подготвен.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
194
Поени од реакции
727
^ И јас тоа го прашав вчера Скопјанец 1978.
На еден бугарски сајт даваат и директни преноси од нивниве тимови во Анталија, ама никаде не е спомнато дека Вардар ќе игра со Славија.
Да не биде и овие со младинци да играат, па пак да какаат луѓево на страната на ФБ како со Ростов. Дајте дознајте на време.
Луѓето со право какаат. Не може да се објавува дека се игра со Ростов, а уствари се работи за нивниот Б тим. Такви работи не проаѓаат веќе кога не може ништо да се скрие во денешно време. Очигледно Вардар не знае со кои противници треба да игра во Анталија и на лице место ги бара, за разлика од другите кои си имаат договорено пријателски од претходно. Дури разбрав дека во Анталија нема заминато официјален претставник на клубот да ги брка овие ствари, туку се е оставено на стручниот штаб?!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Вардар и Миравци и во официјалните документи во ФФМ ги избришаа додавките 1947 и 1951; Шишковски повеќе не е претседател на Вардар; Оса и Бојовиќ станаја државјани на Македонија.
http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=4214:vardar-and-miravci-erased-the-numbers-from-their-names&catid=1:domestic&Itemid=63

Кој е овој Трпковски?
 
Па би требало да ни се објасни како и каде преку ноќ се менува првиот човек на Вардар, а за тоа не дознаваме од клубот, туку од информативниот весник на ФФМ (МакФудбал)?! Вардар евидентно е дека бележи резултати, ама си остана непроменет оној стар начин на неговото функционирање. Нетранспарентен, мистериозен, непристапен за јавноста, сомнителен... Дали е тоа нивото на кое треба да делува најголемиот клуб во државата!?
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Ако може членот Скопјанец 1987 да ни објасни од кои причини е сменет Шишковски ?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Шишковски доби нова функција во Вардар – претседател на Бордот на директори

07
ФЕВ 2012​
19:58​

Зоран Шишковски не е повеќе претседател на Вардар, но како клуб здружение на граѓани, по извршената трансформација на најтрофејниот македонски колектив во акционерско друѓштво.

Шишковски (прв од лево) со нова претседателска функиција
Административните промени помалку ги збунија вардаровите навивачи,па заминувањето на Шишковски од претседателската функција на Вардар всушност е само промена во функцијата, па тој со трансформацијата останува прв човек, но со функција претседател на Борд на директори на АД Вардар.
Првиот човек на вардарци мораше да се повлече од функцијата во здружението на граѓани и тоа место да му го отстапи на Љупчо Трпковски, затоа што здружението граѓани ФК Вардар продолжува да постои. Трансформираниот гигант останува со своите оперативци, а тоа го потврди и директорот Горан Митев, кој сега со трансформацијата станува извршен член и овластено лице на клубот.
„Шишковски поднел оставка како претседател на здружение на граѓани, што е обврска, затоа што не е можно да биде претседател на два субјекти. Шишковски е претседател на Бордот на директори на АД ВАрдар“, изјави Горан Митев, директорот на клубот.
ФК Вардар е првиот клуб, кој се трансформираше по новиот закон за Спорт и најавен е влез на ЕВН како прв акционер на клубот. Вардар и Миравци веќе ги немаат додавките од годините за постоењеи ФФМ официјално ги избриша.
Инаку како што беше објавено, по Предраг Ранѓеловиќ и Ајскрим Гуобадија Оса и Раденко Бојовиќ добија македонски државјанства, па Вардар си отвори простор за нови странски засилувања на лето, за предизвикот во Европа
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
Malo doobjasnuvanje do PELINKOVAC,
Vardar sega se transformirase od zdruzenie vo AD i funkcionira so izvrsni i neizvrsni direktori koi broi 7 clenovi, ts bord na direktori.
Edistven glaven izvrsen direktor e Goran Mitev a ostanatite se neizvrsni direktori, pretsedatel na bordot na direktori e Zoran Siskovski, a toa znaci deka glaven vo Vardar i edistven izvrsen direktor Goran Mitev,
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Ако може членот Скопјанец 1987 да ни објасни од кои причини е сменет Шишковски ?
Со регистрацијата на Вардар во Акционерско друштво согласно Законот за спорт, орган на управување е одбор на 7 директори од кои еден е претседател на одборот на директори - Зоран Шишковски, а еден е извршен директор Горан Митев кој ги извршува работите на клубот. Значи во акционерското друштво Шишковски си ја задржува претседателската функција и нема никаква мистериозност, таинственост, нетранспарентен или што се више не се изнакажа. Сосема јасно на пресот беше кажано дека е усогласено работењето на клубот согласно закон, а и во весници беше објавена структурата на клубот.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Прашање до Скопијанец 1978 дали може некако да се обезбеди пренос од натпреварите кој ги играа Вардар во Анталија ?
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
Па би требало да ни се објасни како и каде преку ноќ се менува првиот човек на Вардар, а за тоа не дознаваме од клубот, туку од информативниот весник на ФФМ (МакФудбал)?! Вардар евидентно е дека бележи резултати, ама си остана непроменет оној стар начин на неговото функционирање. Нетранспарентен, мистериозен, непристапен за јавноста, сомнителен... Дали е тоа нивото на кое треба да делува најголемиот клуб во државата!?
A be SKOPSKI ESNAF dali znaes sto znaci funkcioniranje na edno akcionersko drustvo kakov sto e sega Vardar, toa znaci bukvalno isto so isti zakoni i zakonski akti kako i bilo koe drugo AD, kako sto se ELEM, MEPSO, DRZAVNA LOTARIJA i drugi koi sto se sto posto so drzaven kapital.
Znaci sega treba da mu se dade podrska na direktorot za da gi organizira site ovie raboti za da funkcionira Vardar na prav nacin.
Kazuvas nikoj od upravata ne otisol vo Antalija, da vistina e toa. A jas tebe da te prasam koga site znaeme deka momentalno Vardar funkcionira so cetvorica vraboteni DIREKTOROT I TROJCA SMRTNICI, koj ke ostane da raboti i da organizir sve pred pocetok na prvenstvo ? Treba site nie da imame trpenie i da im dademe sansa da si ja rabotat rabotata i siguren sum vo golem uspeh.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Прашање до Скопијанец 1978 дали може некако да се обезбеди пренос од натпреварите кој ги играа Вардар во Анталија ?
За жал мислам дека не е можно освен ако некој од противниците не го емитува натпреварот кога играат против Вардар, а мене душа ми гори да отидам до Анталија да видам како се одвиваат припремите и натпреварите што ги играме
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 21:32 ---
A be SKOPSKI ESNAF dali znaes sto znaci funkcioniranje na edno akcionersko drustvo kakov sto e sega Vardar, toa znaci bukvalno isto so isti zakoni i zakonski akti kako i bilo koe drugo AD, kako sto se ELEM, MEPSO, DRZAVNA LOTARIJA i drugi koi sto se sto posto so drzaven kapital.
Znaci sega treba da mu se dade podrska na direktorot za da gi organizira site ovie raboti za da funkcionira Vardar na prav nacin.
Kazuvas nikoj od upravata ne otisol vo Antalija, da vistina e toa. A jas tebe da te prasam koga site znaeme deka momentalno Vardar funkcionira so cetvorica vraboteni DIREKTOROT I TROJCA SMRTNICI, koj ke ostane da raboti i da organizir sve pred pocetok na prvenstvo ? Treba site nie da imame trpenie i da im dademe sansa da si ja rabotat rabotata i siguren sum vo golem uspeh.

Намали малку интензитет, луѓето ги интересира и сигурно не се упатени како што сме ние упатени пошто го трчавме целиот пат од 15 јуни. И не сте четворица повеќе сте, а мислам дека и добар дел од одборот ги трча работите. А фала богу дека сите ја имате поддршката од извршен директор до доле а и ја добиваме на секој чекор
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Мала промена на редослетод за пријателските натпревари.
Во четврток играме против Рух Хорзов, 4-то пласирана екипа од Полска, а на 12-ти со Славија Софија.

http://fkvardar.mk/vesti/154--------12----
 
Kajgana Shop

На врв Bottom