Jovo Sk-Mk
Е брзо е,брзо е
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 40
Хехехехе, повредите се исклучок нормално дека никој неможе да игра повреден ... инаку во секоја нормална европска екипа договорите со играчите содржат и клаузули во поглед на статусот на фудбалерот во тимот (првотимец, ротација, резерва) ... е сега дали и колку Вардар е дел од нормалните европски екипи или уште си тера по старо тоа е веќе друго прашање. Меѓутоа колку што можам да заприметам од активностите во овој трансфер период воопшто не се бараат играчи на позицииите каде што имаме солидни првотимци, туку само играчи кои би можеле да бидат нивна привремена замена, ете баш не дај боже во случај на повреди. Дали првотимците се заштитени со договорни клаузули или едноставно Илчо не сака да го менува тимот што победува, сеедно!Договор во којшто се гарантира настап во прв тим?!? Ма дај бе дечко. Не постои таква работа. Испаѓа ова се повреди Вајс ама може да се движи и од некоја причина сака да игра - должни се да го играат?!? На крај краева ќе го отпуштат ако сакаат, ќе си ги земе парите по договор и ќе крши глава некаде. Вардар иде внимателно со засилувањата и тоа треба да не радува а не да не нервира. 11 играчи се вадат на терен и не е битно само да се донесат нови играчи - битно е да се донесат играчи што очигледно ќе ја надградат позицијата што ја држи претходникот. Колеќевски е донесен да го менува Илбер Али. Со други зборови ќе гледа шанса тук-таму. За разлика од него овој Керла звучи солидно. Се надевам дека ќе го потпишат. Доволно млад, со еден настап на репрезентација на БиХ и резиме кое веќе опфаќа тимови како Железничар и Жилина.
BTW според мене и ангажманот на Костовски е добра вест, подобро да вратиме некој играч кому Вардар му е матичен клуб одошто да ангажираме Нигериец со прекумерна телесна тежина ... мислам ако веќе мора да се бира меѓу нив двајца