Фан Клуб: Вардар

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Договор во којшто се гарантира настап во прв тим?!? Ма дај бе дечко. Не постои таква работа. Испаѓа ова се повреди Вајс ама може да се движи и од некоја причина сака да игра - должни се да го играат?!? На крај краева ќе го отпуштат ако сакаат, ќе си ги земе парите по договор и ќе крши глава некаде. Вардар иде внимателно со засилувањата и тоа треба да не радува а не да не нервира. 11 играчи се вадат на терен и не е битно само да се донесат нови играчи - битно е да се донесат играчи што очигледно ќе ја надградат позицијата што ја држи претходникот. Колеќевски е донесен да го менува Илбер Али. Со други зборови ќе гледа шанса тук-таму. За разлика од него овој Керла звучи солидно. Се надевам дека ќе го потпишат. Доволно млад, со еден настап на репрезентација на БиХ и резиме кое веќе опфаќа тимови како Железничар и Жилина.
Хехехехе, повредите се исклучок нормално дека никој неможе да игра повреден ... инаку во секоја нормална европска екипа договорите со играчите содржат и клаузули во поглед на статусот на фудбалерот во тимот (првотимец, ротација, резерва) ... е сега дали и колку Вардар е дел од нормалните европски екипи или уште си тера по старо тоа е веќе друго прашање. Меѓутоа колку што можам да заприметам од активностите во овој трансфер период воопшто не се бараат играчи на позицииите каде што имаме солидни првотимци, туку само играчи кои би можеле да бидат нивна привремена замена, ете баш не дај боже во случај на повреди. Дали првотимците се заштитени со договорни клаузули или едноставно Илчо не сака да го менува тимот што победува, сеедно!

BTW според мене и ангажманот на Костовски е добра вест, подобро да вратиме некој играч кому Вардар му е матичен клуб одошто да ангажираме Нигериец со прекумерна телесна тежина ... мислам ако веќе мора да се бира меѓу нив двајца ;)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576

Тоа со ротацијата ти нема врска, премногу играш менаџер :)

Постојат тимови што имаат свои втори тимови(Барса Б, Реал Б..) кои се натпреваруваат во пониски лиги, кај нив може да има клаузула да не може играчот да игра во вториот тим. А дали ќе биде во прв тим или ќе седи на клупа цела сезона е избор на тренерот.

Сети се Пандев како го доби случајот со Лацио, доколку седеше на клупа немаше да го добие случајот но бидејќи беше целосно отстранет од првиот тим, и тренираше со младинците, го доби случајот.
 
П

Паспарту

Гостин
ЗЛАТКО ТАНЕВСКИ Е НОВ ИГРАЧ НА ВАРДАР!

Поранешниот играч на „црвено-црните“, дефанзивецот Златко Таневски, се враќа во Вардар, откако ја раскина соработката со полскиот Белхатов. Тој ги договори условите со раководството на клубот, потпиша договор на 18 месеци и ќе се приклучи на тренинзите на екипата, која од 2. февруари се сели на подготовки во Анталија, Турција.

Таневски од 2004 до 2006 година две сезони настапуваше за Вардар, одигра 44 натпревари за најтрофејниот клуб, потоа замина на печалба во Полска, во Лех Познањ (2006-2010), и во Белхатов (2010-2012).

„Се враќам во Вардар, најтрофејниот македонски клуб, кој повторно има шампионски амбиции и тоа беше пресудно за да се одлучам пак да го облечам „црвено-црниот“ дрес. Се надевам дека ќе дадам голем придонес во битката за шампионската титула и дека по повеќегодишен пост титулата ќе се врати во витрините на Вардар“, изјави Златко Таневски за ЕКИПА, а од утре треба и официјално да се приклучи на тренинзите на тимот што го предводи Илчо Ѓорѓиоски.

Се чини дека со доаѓањето на Таневски, Вардар го заокружува дефанзивниот ред, па најверојатно нема да му биде понуден договор на босанскиот интернационалец Семир Керла кој изминативе денови беше на проба. Останува само да се прецизираат мали детали со напаѓачот Јован Костовски, па и тој официјално да потпише договор со „црвено-црните“ и да се врати во својот поранешен клуб.

Ова се добри потези на раководството на Вардар, враќањето на своите квалитетни фудбалери кои изминативе сезони беа на печалба во странство. Останува да се види што ќе биде и со нигерискиот интернационалец Ибе Зито Огбона, дали ќе го помине последниот филтер пред да потпише договор со најтрофејниот македонски клуб.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5077
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.984
Поени од реакции
74.046
Е сега веќе може да правиме муабет за засилувања :cool:
Одлично засилување, за зацврстување и на онака јаката одбрана. Истотака цел на управата треба да бидат и некои брзи бекчиња, особено лев бек :D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Ајде нека е со среќа ја би сакал уште голман да се донесе и ја ќе бидам задоволен пошо тие шо требаше ги откачивме другите сите останаа а како се засилуваат другите екипи освен Металург би рекол ако успееме првите три кола да победиме веќе ќе може да поплека да се спремаме за славење на титулата
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Добро е доста е сега за сега,земавме и дефанзивец и напагач,само Огбона да смали некое килце зашто така не иде :D битно Али нема да го гледаме толку веке,е да можеа да поработат и за лев бек,али ајде здравје во иднина ке биде све.
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Златко Таневски е одлична аквизиција затоа што може подеднакво добро да покрива и како централен но и како десен бек, а баш на тие позиции бевме малце тенки по заминувањето на „резервистот“ Марјан Мицков.

Според мене тука комотно може и да се затвори трансфер списокот. Нападот го наполнивме со играчи на центарфорската позиција (се разбира ако покрај Колеќески се официјализираат договорите со Костовски и Огбона). Средниот ред уште од есеноска ни е екипиран ( Оса, Ранѓеловиќ, Грозданоски, Стјепановиќ, Стојаковиќ, да не знаеш кого попрво да го ставиш во игра) додека одбраната го докажа своето на дело, башка сега засилена со Таневски очекувам во пролетниот дел да биде уште поцврста. На голманската позиција го имаме Захов, кој доколку продолжи во ист стил за една до две години му предвидувам и репрезентативна кариера, само првин ќе мора да „изгори“ или барем убаво да се „испече“ на својата дебитантска авантура во европските купови
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.984
Поени од реакции
74.046
Солиден е Захов и јас не би го менувал.
Ако дојдат и Костовски и Огрбона, треба само да најдеме уште по некое бекче.
Нека го донесат и Стефан Ристовски па да правиме муабет :icon_mrgr:
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Златко Таневски е одлична аквизиција затоа што може подеднакво добро да покрива и како централен но и како десен бек, а баш на тие позиции бевме малце тенки по заминувањето на „резервистот“ Марјан Мицков.

Според мене тука комотно може и да се затвори трансфер списокот. Нападот го наполнивме со играчи на центарфорската позиција (се разбира ако покрај Колеќески се официјализираат договорите со Костовски и Огбона). Средниот ред уште од есеноска ни е екипиран ( Оса, Ранѓеловиќ, Грозданоски, Стјепановиќ, Стојаковиќ, да не знаеш кого попрво да го ставиш во игра) додека одбраната го докажа своето на дело, башка сега засилена со Таневски очекувам во пролетниот дел да биде уште поцврста. На голманската позиција го имаме Захов, кој доколку продолжи во ист стил за една до две години му предвидувам и репрезентативна кариера, само првин ќе мора да „изгори“ или барем убаво да се „испече“ на својата дебитантска авантура во европските купови
Костовски или Огбона. Двајцата не се потребни. Јас сум повеќе за Јове, а местото на странец да се искористи за попунување на друго место во тимот.
Една лоша вест е што најверојатно Ранѓеловик ќе го немаме поради операција до Април.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
еве едно добро засилување само вака да се продолжи и нека донесат брзи бекови како на времето брага растур кога правеше
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
И што ако купуваат кога нема прес? :(

:icon_lol:
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
До крајот на овој преоден рок очекувајте уште некое засилување, за што во целост ќе бидете известени на прес конференцијата која ќе се одржи на 1-ви февруари.

вака пишува на офоцијална фб страна на Вардар, значи ќе има пресс
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.984
Поени од реакции
74.046
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5092

Вратен е Ристовски во Парма, ама и овие не сметаат сериозно на него. Треба сда си го вратиме, пошто ако не заигра уште една година, може комотно да се откаже од фудбалот...
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5092

Вратен е Ристовски во Парма, ама и овие не сметаат сериозно на него. Треба сда си го вратиме, пошто ако не заигра уште една година, може комотно да се откаже од фудбалот...
Moze da go zememe pa ke vidime kako ke se snajde i kaj nas, dobro bi bilo , mlad igrac potencijal e
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5092

Вратен е Ристовски во Парма, ама и овие не сметаат сериозно на него. Треба сда си го вратиме, пошто ако не заигра уште една година, може комотно да се откаже од фудбалот...
Па дефинитивно ако е паметен, подобро ќе му е да се врати во Вардар отколку да го селат од еден во друг Серија Ц клуб, а нема абер да заигра. Само стагнира така, а во Вардар му се пружа шанса повторно да го покаже својот неспорен талент. Ова не е оној Вардар од пред неколку години, кога стварно немаше смисла да пропаѓа момак во тогашниот хаос. Сега е многу поинаква состојба и воопшто нема да му чекор назад доколку се врати.
Во меѓувреме, и Огбона го ставил својот потпис за Вардар. Сега според мене, доаѓањето на Костовски нема смисла. И онака, Илчо во сите утакмици игра со еден шпиц.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom