Пак ќе кажам, честото немање на прес-конференции не е причина да се вреѓа раководството или непотребно да се шири негативна атмосфера, барем засега, затоа што има побитни работи од тоа. Чекајте барем да се заврши трансформацијата во А.Д. , наоѓање на нови спонзори(како што знам, нели сега е тоа приоритет?), па за пресови има време. Инаку да, лошо е ако воопшто нема известувања, но ако се ретки, не значи дека не се работи ништо или се работи за лошото на клубот.
Никој не го вреѓа раководството...
Не видов некој до сега да ги навреди...
Тоа што луѓето имаат основани барања и критики е сосема друга работа и далеку од навреда.
Тоа што управата честопати е именувана како фудбалски дудуци, тоа е вистина, и самите си го знаат тоа...
Лично се знам со дел од нив. Знам дека врска си немаат од фудбалот.
Но тоа не значи дека нема да работат добро...
Сепак за барање на играчи и договарање, треба малце повеќе
Не ни смета тоа, никој не побарал смени до сега, пошто резултатите се добри
Негативна енергија се шири баш заради тоа што никој не излегува да каже која е намерата во клубот...
Не бараме они да излезат и да речат преговараме со тој играч, ќе му понудиме толку и толку пари, мада во денешно време и тоа не треба да биде прикривано (од друга страна контактираме играчи кои ако сакаме ќе бидат наши, што значи негледам која е поентата на прикривањето, божем некој друг клуб ќе ни ги земе). Но сите не интересира кога тимот ќе премине во АД?
Може они веќе покренале постапки и што ти ја знам таму, али во ред е да ги известат навивачите.
Затоа се шират маалски муабети, па спонзорите не одбиле, па платите намалени...
Да излезеа бар на еден прес друго ќе беше.
А вака еден ќе рече од сигурни извори дознав ово оно, втор ќе каже комшијта ми игра во Вардар кажа вака и вака, и се создава конфузија меѓу фановите поучени од минатите газди
Ете излегува ревија за Вардар, и ние врска немаме...
Пак се дознава од некој што наслушнал од Петко од Станко.
Издаваат ревија, ваљда намераваат да продаваат печатени изданија а нема никаков маркетинг.
За кого ја издаваат ако воопшто ја издаваат....?