“Манчестер Сити постигна договор со Валенсија за трансфер на Давид Силва.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Сити.
“Советниците на играчот и официјални лица од двата клуба ги финализираа деталите за петгодишен договор, кој ќе го донесе 24 годишниот Силва во Манчестер Сити.”
“Тој ќе ги комплетира медицинските тестови и официјално ќе стане играч на Сити кога неговата инволвираност на Светското Првенство ќе биде завршена.”
Силва зборувајќи од Јужна Африка рече: “Најпрво сакам да се заблагодарам на Валенсија како клуб и на сите лојални фанови, на моите соиграчи на тренерскиот персонал.”
“Ужував во шест одлични години во Валенсија, тие ме открија како фудбалер и тие секогаш ќе бидат специјален клуб за мене.”
“Ова е право време за јас да побарам нов предизивк и сум презадоволен што ќе играм во Англија со Манчестер Сити. Верувам дека Премиер Лигата е едно од најдобрите првенства во светот и сакам на Сити да му донесам успех и трофеи.”
“Имаше многу шпекулации за мене во медиумите од Британија и Шпанија, и сега потребно е целосно да се сконцентрирам на Светското Првенство. Затоа моите советници постојано беа во преговори со Сити во мое име за јас да можам да се фокусирам на националниот тим.”
Менаџерот на Сити, Роберто Манчини додаде: “Многу сум задоволен што тој доаѓа, мислам дека ќе направи големо влијани во Манчестер Сити.”
“Со ангажманот на Давид на сите им покажавме дека ги носиме најдобрите фудбалери тука и дека градиме тим за освојување на Премиер Лигата.”
“Со нетрпение чекам да го видам Силва како игра за Сити.”