Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Денеска повторно презентација на нов играч на Валенсија - Тино Коста. Во последните две сезони во Монпеље 25 годишниот левоног Аргентинец постигнал 15 голови и имал 17 асистенции. Исто така две години бил биран за играч на тимот од страна на навивачите на Монпеље. Во Валенсија дојде за 6.5 милиони евра и се очекува да биде наследник на Рубен Бараха. Среќно! :)







Утре се очекува и презентацијата на Турчинот Мехмет Топал.
 
B

boki10messi

Гостин
Од оваа криза, Валенсија ќе излезе 3 пати појака. Само треба трпение, да не се очекува во првата сезона да освојат тројна круна.:):) Не како Ман Сити, откако се засилија очекуваа одма титули. Валенсија нека си доведува играчи за помали цени, нека се воиграат и нека си газат се:)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Претставен и Турчинот Мехмет Топал:





Мехмет Топал за разлика од Тино Коста кој ќе го заменува Бараха, се очекува да биде новиот Албелда. Еве го неговиот најдобар гол минатата сезона во Лига Европа на натпреварот Динамо Букурешт - Галатасарај:


Останува уште презентацијата на Французинот Софиан Фегули за во понеделник, кога и ќе започнат подготовките на тимот.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Претставено и петтото засилување сезонава:
20 годишниот мидфилдер Французинот Софиан Фегули




Тимот пак се врати на тренинг:

 
B

boki10messi

Гостин
Нареднава сезона според мене ќе биде тешка за вас. Ќе биде сезона на склопување на новиот костур на тимот. Ама, затоа за 2-3 години ќе имате сјаен тим. Ако работите се одвиваат во правилна насока.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Во моментот се официјализираше и најновото засилување за Валенсија, а тоа е 29 годишниот напаѓач, Баскиецот Ариц Адуриз од Мајорка. Се смета дека ќе потпише за следните три сезони.
Минатата сезона во дресот на Мајорка постигна 12 голови. :)



 
B

boki10messi

Гостин
Добро бе колку играчи доведовте????
И за колку пари?
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Добро бе колку играчи доведовте????
И за колку пари?
Сеуште нема ништо официјално објавено, иако се шпекулира дека ќе дојде за 4 милиони евра, а Мајорка бараше 5,5.
Инаку шести нов играч засега.
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Добро бе колку играчи доведовте????
И за колку пари?
Сеа за сеа има квантитет,само времето ќе покаже дали ќе има и квалитет.Сите засилувања според мене се на место па останува само да видиме дали и колку ќе се вклопат во нашата игра.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Сеа за сеа има квантитет,само времето ќе покаже дали ќе има и квалитет.Сите засилувања според мене се на место па останува само да видиме дали и колку ќе се вклопат во нашата игра.
По продажбата на Виља, Силва и Жигиќ мораше да дојдат нови играчи во нападот. Валенсија во врска со нападот гледаше да продаде скапо, а за ефтина цена да го земе она најдоброто што преостанува од домашните играчи. Солдадо и Адуриз минатата сезона постигнаа 16 т.е 12 голови. Но најважно од се е што сите играчи кои дојдоа во тимот, направија отстапки и доаѓаат со голема желба да играт во Валенсија.

Исто така е добро тоа што многу рано се оформи тимот за следната сезона, за да можат што повеќе да се запознаат и да се воиграат во претсезоната.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.128
Поени од реакции
75.066
Мајорка ви го продаде Адуриз иако воопшто и го немаат платено целосно неговиот претходен трансфер од Билбао во Мајорка. Иначе честито нови засилувања, па оваа година Депор и Валенсија да се борат за високи места :)
Иако засилувањата на Валенсија се прилично просечни во однос на тие што заминаа (освен Солдадо), сепак сметам дека каква што е моменталната ситуација во Шпанија, Валенсија не би требало да има поголеми проблеми за да стигне до место кое води во ЛШ. Можеби Севиља ќе ги истисне од овогодинешната четврта позиција, али мислам дека Валенсија лесно би се справила со останатите две појаки екипи Атлетико и Виљареал.
Борбата за титула покрај Барса и Реал е научна фантастика :tapp:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Адуриз ги помина медицинските тестови и вечерва во 19 часот ќе биде претставен како нов играч на Валенсија.


--- надополнето ---

Официјално добродојде и за Ариц Адуриз :)







Конечно тимот е формиран. Мора да се пофали Мануел Љоренте бидејки и покрај продажбата на Виља и Силва, состави одличен тим а истовремено го намали долгот за 100 милиони евра.
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Познат распоредот во шпанската примера,првиот натпревар го играме против Малага на домашен терен на 29 август.Еве го и целиот распоред:

http://www.ciberche.net/previos/19159
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Познат распоредот во шпанската примера,првиот натпревар го играме против Малага на домашен терен на 29 август.Еве го и целиот распоред:

http://www.ciberche.net/previos/19159
Распоредот е одличен, на самиот почеток нема потешки натпревари, и исто нема два тешки натпревари по ред (против Реал, Барса, Севиља, Атлетико, Виљареал). Тоа значи подобра припрема за Лигата на Шампионите како и поголеми ротации во клубот. Исто така за разлика од минатата сезона сите натпревари против фаворитите освен Атлетико се нагости во првиот дел од сезоната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom