Сами сте криви ко го играте Дортмунд. За џабе се буните.
Иначе нема што да се објаснува поќе, мислам сите можни објаснувања ги чувме последните месеци. Донесете ги најдобрите психологи во светот тука на помош иначе црно му се пишува на Дортмунд.
не знам што се дешава,многу ми е чудна целава ситуација,пред две години финале лига на шампиони каде несреќно изгубија,оваа година на дното на бундес лига табелата.
Се надевам дека Клоп ќе ги доведе во ред во брзо време,имаат супер состав за тие услови,но повредите се тие што ја реметат работата,според мене тие се главен виновник за ваквата лоша ситуација во Дортмунд.Сепак голема е разликата од комплетно здрав прв состав и половина болница каде ниту 10% од главните играчи не можат да се опорават,па играат тотално небитни играчи на позиции каде што не се навикнати.
Да се вратат повредените и мислам дека Дортмунт ќе почне да игра пак јако,но одбраната е пак во дупка бидејќи Хумелс многу често влече повреда и е неконстантен,па се нема негова достојна замена.
И Ројс почнаа да го мачат повреди,Гундоган веќе долго време влече повреда на грбот од која не може да се опорави и да заигра како што знае и умее.
Нивни достојни замени би требало и мора да се доведат ако Дортмунд пак сака да се бори за врвот на Германија бидејќи ова што се случува во Дортмунд е криминал и многу ми е криво.