Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Добро изгледа засега но има уште 10 кола и секако дека играме уште со Баерн, Гладбах и Шалке. ;)
 
K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Не знам што повеќе ми направи кеф,победата и одлепувањето на +7 од вториот или играта на Гундоган,којшто изгледаше фантастично.Каков само репертоар на подавања има!Комплетно ја контролираше средината,создаваше шанси и за првпат од кога дојде играше со самодоверба.

Кел е солиден ама како прво е во години а како второ нема ни 1/4 од тие креативни квалитети.Со Гундоган/Бендер + Кагава/Геце/Куба+Левандовски(само да не промашува зицери)...мини-Барса.Секој може да намести гол и секој може да го даде.

Инаку и двете серии се рекорд на тимот.18 мечеви без пораз+8 победи по ред.

Највпечатливо е тоа што тие 8 победи по ред се без Геце.Дечкото е невиден талент ама не недостига воопшто...секоја чест на Куба како го замени.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Видео од утакмицата на аматерите на Дортмунд против аматерите на Шалке кој двата играат во 4. лига од прошлата недела. Прекрасно видео кое многу кажува колку се „сакаат“ Прусиците со комшиите од Гелсенкирхен

Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893

За 4та лига :pos:

Инаку со оглед на тоа што мислам дека ќе го задржите тимов и догодина, плус Ројс и уште некое дете, мислам дека е редно нешто во Европа да направите...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Видео од утакмицата на аматерите на Дортмунд против аматерите на Шалке кој двата играат во 4. лига од прошлата недела. Прекрасно видео кое многу кажува колку се „сакаат“ Прусиците со комшиите од Гелсенкирхен

ваква атмосфера ретко каде се прави..каква посетеност низ цела сезона секоја чест..
инаку Гетце уште некое време го нема така да сека со Вердер дома мора победа после киксот со Аугсбург..Вердер е без Пизаро и Арнаутович
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
ваква атмосфера ретко каде се прави..каква посетеност низ цела сезона секоја чест..
инаку Гетце уште некое време го нема така да сека со Вердер дома мора победа после киксот со Аугсбург..Вердер е без Пизаро и Арнаутович
http://www.bild.de/sport/fussball/mario-goetze/bvb-star-vor-comeback-23164310.bild.html

Геце ќе игра со Баерн (y)
 
K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Хахахаха не ми се верува...121 минута!!!

Финале на 12 Мај....се чекаат Минхенци да ја завршат утре својата работа па да гледаме вистинско финале.

Каква иронија со голманот на Гројтер Фурт....тренерот го стави во игра во 118 минута за да брани пенал а сам си даде гол во 121,т.е топката удри во статива и се одби од неговиот грб назад во гол.:icon_lol:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Хахахаха не ми се верува...121 минута!!!

Финале на 12 Мај....се чекаат Минхенци да ја завршат утре својата работа па да гледаме вистинско финале.

Каква иронија со голманот на Гројтер Фурт....тренерот го стави во игра во 118 минута за да брани пенал а сам си даде гол во 121,т.е топката удри во статива и се одби од неговиот грб назад во гол.:icon_lol:
Тоа ти е Германски куп, има нешто посебно во овој натпревар. И секако дека не важат другите правила. Значи влезот на Дортмунд во финале е сензација со оглед на тоа што вообичајно испаѓа во трета рунда од некој 3-лигаш :D

Ама добро е што Гундоган ги извај парите за неговиот трансфер, дечково последниве утакмици има добра форма, вгодина очекувам уште поќе од него.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Лукас Бариос влето за 12м Евра ќе оди во Кина http://www.bild.de/sport/fussball/lucas-barrios/kohle-wichtiger-als-karriere-23285980.bild.html

Наместо досегашните 2,5м Евра ќе зема 6,7м Евра највероватно нето а овие во Дортмунд се бруто (-45% = нето). Значи Дортмунд сепак ќе земе добра пара за него. Исто така се шпекулира дека Данте ќе оди во Баерн за 4,7м Евра а на негово место за 5м Евра ќе го земат Сантана од Дортмунд. Дортмунд за замена на Сантана е заинтересиран на младиот Кирххоф оф Мајнц. Ми изгледа доста добар трансферпериод ќе има Дортмунд.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Си средивте голема работа со Ројс вие.

Ако ги задржите Хумелс, Суботиќ, Кагава, Куба, Геце и Гроскројц, а мислам дека сигирно остануваат сите овие бар уште наредна сезона, тогаш очекувам резултат и во Европа. Имате доволно длабочина да ротирате малку...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.629
Поени од реакции
22.365
Си средивте голема работа со Ројс вие.

Ако ги задржите Хумелс, Суботиќ, Кагава, Куба, Геце и Гроскројц, а мислам дека сигирно остануваат сите овие бар уште наредна сезона, тогаш очекувам резултат и во Европа. Имате доволно длабочина да ротирате малку...
И ја мислам така. Ројс иде влето, идат и Амини и Битенкурт како млади таленти. Бариос си заминува значи ќе мора за него да се донесе замена, млад талент кој ќе седне и на клупа ама со потенцијал да му парира на Левандовски. На среде ќе има еден трансфер. Ако го продолжи Кагава договорот вероватно Куба ќе си замине, ако не ќе испадне највероватно обратно. Значи или Кагава или Куба си одат. Во одбраната за жал мора да го пуштиме Сантана, многу добар бек но нема шанси против Суботиќ и Хумелс. Највероватно за 5м Евра оди во Гладбах. Иначе за него веќе имаат замена најдено во Мајнц, младиот Кирххоф треба да иде но ќе видиме за колку пари. Поред мене 5-7м Евра ќе мора да се платат. Иначе ќе си оди и Кринге конечно и ќе ослободи пари за плата, исто така Рангелов и Да Силва.

Вака треба да изгледа тимот следната година:

Гол:
Вајденфеллер *
Лангерак

Бек:
Суботиќ *
Хумелс *
Кирххоф (?)
Пишчек *
Овомојела
Шмелцер *
Лове
Кох

Средина:
Кел
Бендер *
Лајтнер
Кагава *
Геце *
Гроскројц
Перишич
Гундоган*
Ројс *
Амини
Битенкурт

Напад:
Левандовски *
Бојд
??

Вака некако би дошло плус 2-3 играчи.

--------------------Вајденфеллер-------------------- (Лангерак)
--Пишчек----Суботиќ--Хумелс----Шмелцер-- (Овомојела, Кирххоф, Лове, Кох)
---------------Бендер-----Гундоган---------------- (Кел, Лајтнер)
---Геце--------------Кагава-------------Ројс------- (Перишич, Гроскројц, Амини, Битенкурт
----------------Левандовски------------------------ (Бојд, ???)
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Ке си има големи проблеми Дортмунд сите почнуваат да барат големи плати а Дортмунд едноставно ке неможе на сите да им даде еве си имаат проблеми со Кагава нејке да го продолжи договорот на Левандовски му понудиле договор овој одма ги одбил дури изјавил дека смешна била понудата и дека треба да биде мегу најплатените во Дортмунд кај е крајот коа ке дојде за продолжување на договорите на Хумелс,Геце,Суботич. Како и да е веќе Дортмунд станува појак тим и ако сака да успева во ЛШ и во БЛ неможе со истава тактика да иде цело време млади играчи да се промовираат тоа можеби ќе биде до некаде успешно во БЛ али затоа во ЛШ пак ке имаат исти проблеми ако продадат некој од Хумелс или Геце догодина се надевам ке ги уложат тие пари на добри трансфери пример од Геце сигурно ке извадат над 30 милиони(можеше и повеке али му истекува 2014 договорота а ова лето нема да го продаваат)
 
Засега Дортмунд нема никакви проблеми со платите. Буџетот за плати е некаде 45м Евра што е околу 25% од очекуваниот обврт и многу малку. Во Дортмунд никој не зема поќе од 3м бруто-плата освен сега Ројс со 3,5м и највероватно Кагава ако го продолжи договорот. Секако дека и договорите на играчите се врзани на успехот значи релативно ниска плата имаат ама многу земаат премии за бодови, титули итн. што секако е и добро за клубот пошто ако има успех ќе има и пари за плати но и за играчите преставува мотивација плус. Е сега јасно е дека за продолжувајне на договорите мора да се одврзе ќесето тоа Дортмунд и ќе го прави но црвената линија е 3,5м Евра па ако не сака некој да продолжи ќе биде продаден. Барем Дортмунд покажа дека секој играч е заменлив.
Но исто така да не заборавиме дека Дортмунд го напуштаат играчи кој земаа големи плати, на пример Зидан или влето Кринге. Само овие двајце ќе ослободат 5м годишно.
Кагава и Левандовски досега не земаа големи плати, Кагава околу 1,5м Евра а Левандовски 1м Евра. Дортмунд му понуди на Кагава 3-3,5м а на Левандосвки првата понуда беше 1,5м и многу мала. Мислан дека за 2,5м Евра ќе потпише, и за Кагава сум оптимист.
Значи од една страна се ослободуваат пари и од друга тие се трошат за накачувајне на плати. Самиот Вацке изјави дека се очекува буџетот за плати да нарасне до 50м Евра што не е никаков проблем ако Дортмунд игра редовно ЛШ и остварува обврт па и до 200м Евра.

За разлика Баерн дава 120м Евра годишно за плати што е околу 3 пати поќе од Дортмунд. Екстремно високи плати дава Баерн, на пример за Гомез сега 9м, Рибери и Роббен исто толку земаат па и Швајни и Лам не земаат нешто помалку. Тие 5 играчи земаат како цел тим од Дортмунд. Овие бројки Дортмунд ни сакат ни мојт да ги постигнет, Баерн од економски аспект е светлосни години пред сите други екипи во Германија, но примерот Ројс кажуват дека не е све до парите. Во Минхен ќе земеше дупло поќе пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom