Штета што Нури замина во лош момент,инаку прилично сум сигурен дека сега немаше да бидеме само на два фронта.
Тоа не оштети од два аспекта,прво,тој беше главен креатор,асистент и одлично изведуваше слободни/центар шутеви а второ,наместо да се корегира малку формацијата за оваа сезона го купија Гундоган како директна замена а тој во овој момент од неговата кариера не е ни пола од тоа што беше Нури минатата година.
Целиот среден ред беше ужасен првите два месеци,Гундоган ниту го разигруваше нападот ниту беше добар во дефанзивни задачи...штом почна Клоп со Бендер/Кел,одбраната стана многу посигурна бидејки се губеа многу помалку топки на средина и тие двајцата го контролираат тој централен простор,им даваат топки на Куба/Геце/Кагава и лесно се враќаат во одбрана.
Штета што Геце и Бендер се повредија против Арсенал при 0-0...ќе беше поинаков натпревар и којзнае како ќе завршеше а со тоа и целата сезона во ЛШ.Како и да е,јас би бил презадововен со одбрана на титулата а ако се додаде и потенцијално финале во купот,тогаш сезонава би била речиси перфектна.
Со Лајтнер и Ројс догодина средниот ред ќе биде фантазија особено ако останат Кагава и Геце.