Сакав тука да напишам пост, на фејсбук ми е скурчено од разни душегрижници кои последната утакмица на Беласица им била пред 5 години.
Клубот стана жртва на суети и на личности болни да бидат во прв план, и борејќи се самите меѓу себе, ја уништија Беласица.Пинда нити е бил, нити ќе биде достоинствен сопственик на Беласица.ФК Беласица е на Струмица, а во превод тоа значи или здружение на граѓани(забрането по новиот закон,кој го уништи спортот) или АД, но со доминантна сопственост на општина Струмица.Поради тотална негрижа на луѓето кои беа дел од клубот, тој тонеше и тонеше и дојде таму каде што е под самото дно.Тие кои благодарејќи на Беласица станаа тоа што се , денес се нејзините гробари.Копат и ја копат јамата, во која мојот клуб пропаѓа.Останавме малце што се бориме против тоа, но сме премалце за да победиме или да го спасиме клубот да пропаѓа во таа јама, ама сме доволно силни да не дозволиме клубот целосно да згасне.Во ова лудило кое се случува наречено Струмички фудбал, губат сите, а не добива ама тотално никој.ФК Беласица изгуби уште една сезона, отидена напразно, 2 клубa од Струмица влегуват во 2ра лига(времето кога Беласица е во 3та), додека Беласица си тапка у 3та.А најжално е што како ни стои и догодина џабе ширење на лига, пак ќе си останеме во 3та, жално но вистинито.Освен за правање селфиња, и менувања лога, за друго не ги бива.УО кој е направен, немал е ниту еден ебен состанок после неговото основање.Како функционира клубот, ама тотално никој нема појма.Важно ако падне критика против газдата, право се дурле.Ах бе Беласица, кој дојде да те воде.
Во екот на цела ситуација почна како печурки после дожд, да никнуват скриени профили на Ајдуци, што ги има повеќе од што има Ајдуци на трибина.Ама тава не е битно, еден слеп го поддржува Пинда а удара против Пандев, друг го моли Пандев да ја превземе Беласица (правите Ајдуци никогаш повеќе нема да го молат јудата) други одат контра сите.Убаво е што бар многу валкани работи у Беласица, излезее на виделина.Ама што аир кога тоа не ги помрднува работите напред.
Од 2011 кога беше протестот, до сега , ништо не е сменето на позитивно, се оде на доле и на доле, 4 сезони сме 3та, а сигурно веќе влеваме и во 5та сезона во тоа мачење по селата, дека што има смеене до солзи, но нема никакви услови за прав фудбал.Кој бил на тие турнеи знае.Супер е да бидеш некоја сезона во тие ниските лиги, да га осеташ нивната магија, но што е доста, доста е.А Ајдуци приказна сама за себе, бевме во принцип топло ладно, останааме 30 најтврдокорни, имаме УО што не функционира исто како на ФК Беласица, а срцевината на групата е составена од 4 души.Како одат времињата за групата, тешко дека ќе се издига, и га има иста судбина на Беласица, да тоне и тоне, и кога мислаш допрено е дното, ќе се случе нешто што ќе ти покаже дека си грешка, тие што можат нешто да сменат на подобро куро ги боле, а тие што останааме се трудаме да га живуркаме групата, одеме на гости, одеме дома, чисто да постоо тава име, ама повеќе и така не оде.Последен реквизит групата има извадено повеќе од година дена, па што е многу , многу е.Баш поради ваквите работи не прославивме роденден ние од УС, 5 години постоење, 5 години основен темел на групата.Групата едноставно и да не постои.
Колку и да пишаш џабе е, како и да е срцето ме боле и ми се кине кога гледам што се случува со 2те работи кои најмногу ги сакам во мојот живот, ФК Беласица и НГ Ајдуци.Целата моја младост ја оставив на клубот и групата, многу важни моменти во мојот живот се поврзени со овие две нешта, многу работи сум пропуштил поради нив, и не ми е сеедно кога гледам како тонат, и одат во заборав.Се чувствувам како Дон Кихот, се борам против некоја ветерница, и секогаш губитникот сум јас.