Il Fenomeno
non mollare mai
- Член од
- 14 март 2007
- Мислења
- 3.226
- Поени од реакции
- 707
НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ГОРАН ПАНДЕВ КАТЕГОРИЧЕН:
Беласица ќе се распадне
- Беласица, можеби, уште годинава ќе се распадне и ќе исчезне, доколку не се преземат некои итни мерки. Невозможно е се уште да работи во вакви ненормални услови. Фудбалерите дури немаат топки, а стадионот "Младост" подолг период не е во функција. Нема струја и вода и фудбалерите ја извршуваат хигиената во салата "Парк". Беласица на 13 август ќе прослави 89 години од своето постоење и, како што стојат работите, најверојатно, ќе згасне. Струмица не го заслужува тоа и градот е полн со графити "Сакаме силна Беласица" - прашува Пандев.
Минатата година се најавуваше дека Игор Ѓузелов, кој се уште игра во Белгија, ќе ја преземе Беласица. Но, таа идеја не се оствари. Потоа имаше гласови дека токму Пандев сака да биде главен концесионер на стадионот "Младост" и спонзор на клубот.
- Точно е тоа. Но, Перо Мицевски, сегашниот спонзор, не дозволува. Тој не вложува и затоа Беласица ќе ја преживува оваа летаргија се до 2035 година, до кога тој има важечки договор - додава Пандев, најавувајќи дека и сегашната генерација фудбалери ќе го напушти клубот во такви услови.
(Љ.М.)
Извор.ВЕСТ
http://www.vest.com.mk/?ItemID=73E27C6C10FDDE43876F0BCAAF21963B