Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707



НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ГОРАН ПАНДЕВ КАТЕГОРИЧЕН:
Беласица ќе се распадне
Горан Пандев, кој се врати во Струмица по одморот во Шпанија, пред да се јави на првата прозивка кај својот нов тренер во Интер, Гасперини, на 10 јули, со огорченост зборува за алармантната и хаотична состојба во која се наоѓа неговиот матичен клуб Беласица. Тој дури предупредува дека на клубот му се заканува згаснување.
- Беласица, можеби, уште годинава ќе се распадне и ќе исчезне, доколку не се преземат некои итни мерки. Невозможно е се уште да работи во вакви ненормални услови. Фудбалерите дури немаат топки, а стадионот "Младост" подолг период не е во функција. Нема струја и вода и фудбалерите ја извршуваат хигиената во салата "Парк". Беласица на 13 август ќе прослави 89 години од своето постоење и, како што стојат работите, најверојатно, ќе згасне. Струмица не го заслужува тоа и градот е полн со графити "Сакаме силна Беласица" - прашува Пандев.
Минатата година се најавуваше дека Игор Ѓузелов, кој се уште игра во Белгија, ќе ја преземе Беласица. Но, таа идеја не се оствари. Потоа имаше гласови дека токму Пандев сака да биде главен концесионер на стадионот "Младост" и спонзор на клубот.
- Точно е тоа. Но, Перо Мицевски, сегашниот спонзор, не дозволува. Тој не вложува и затоа Беласица ќе ја преживува оваа летаргија се до 2035 година, до кога тој има важечки договор - додава Пандев, најавувајќи дека и сегашната генерација фудбалери ќе го напушти клубот во такви услови.
(Љ.М.)

Извор.ВЕСТ
http://www.vest.com.mk/?ItemID=73E27C6C10FDDE43876F0BCAAF21963B
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Сигурен сум дека Перо не е единствената пречка која не дозволува овој клуб да пркне!

Во тој договор каде тој го преземал клубот и стадионот под концесија мора да постојат услови кои тој мора да ги исполни .

Уште кога ке се додади фактот дека Општината може во секој момент да го прекине овој циркус ......
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Сигурен сум дека Перо не е единствената пречка која не дозволува овој клуб да пркне!

Во тој договор каде тој го преземал клубот и стадионот под концесија мора да постојат услови кои тој мора да ги исполни .

Уште кога ке се додади фактот дека Општината може во секој момент да го прекине овој циркус ......
Општината ги сакаше и стадионот и салата но не ги доби.Тие се на претптијатието за стамбен и деловен простор.Општината има испраќано илјада жаби но без резултат.
Салата ја одржува новиот концесионер на предходниот му ја одзема дражавата поради неисполнување услови.
Додека стадионот со новиот концесионер салбо оди.Да го преземе Пандев или Општината можеби ќе нема некој имиња фудбалери во Беласица но ќе има струја,вода,среденеи терени услови за младите фудбалери.
Јас како што знам Бате Ване му ја продаде Беласица со се стадионот на Мишевски бидејќи предходно ја пререгистрираа Беласица од здружение граѓани во приватна.Е сега тој имот таму тешко да го напушти новиот газда,Кој дозволил Беласица да стане приватна треба да одговара.
Сега кој сака да го преземе клубот овој газдава ќе му бара многу пари.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Општината ги сакаше и стадионот и салата но не ги доби.Тие се на претптијатието за стамбен и деловен простор.Општината има испраќано илјада жаби но без резултат.
Салата ја одржува новиот концесионер на предходниот му ја одзема дражавата поради неисполнување услови.
Додека стадионот со новиот концесионер салбо оди.Да го преземе Пандев или Општината можеби ќе нема некој имиња фудбалери во Беласица но ќе има струја,вода,среденеи терени услови за младите фудбалери.
Јас како што знам Бате Ване му ја продаде Беласица со се стадионот на Мишевски бидејќи предходно ја пререгистрираа Беласица од здружение граѓани во приватна.Е сега тој имот таму тешко да го напушти новиот газда,Кој дозволил Беласица да стане приватна треба да одговара.
Сега кој сака да го преземе клубот овој газдава ќе му бара многу пари.
Не грешка си барем јас мислам!

Стадионот мора да е во сопственост на Државата а општината го има под концесија за многу години каде истата може да го предава исто под концесија!

Значи поентата ми е никој нема во своја сопственост спортски објект изграден предходно од државата освен платено концесија на користење!

Проверете вие навивачите убави ке видите дека е така, или барем така е кај нас!

Истио проблем ние го имавме кога после заминвањето на Бугаринот , Аревци (тоа се музичка група) го презедоа клубот заедно со се стадионот под концесија каде после неисполнувањето на некои услови беше под закана да им се одземе концесијата.....по што овие истите се одкажаа и ги вратија документите и клучевите на Општината!

Така да според мене доколку некој од тие големци (читај Пандев) сака да го презем клубот сетот тоа ке зависи само од неговата желба и колку таа истата ке сака да се оствари а не само пред медиуми да се фрла како да беше тој ке било друго....ние тоа водичка веке ја поминавме!
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Општината ги сакаше и салата и стадионот но не ги доби да не зборам зошто ги добија приватни лица под концесија.Иако и двата објекта се градени со самопридонес стадионот дел од УЕФА.
http://daily.mk/cluster3/cc250874aedcd1e7bc24af83818c18fb/433359
Општина Струмица речиси десет години се обидува да ја врати спортската сала Парк под локална власт. Иако беше најавено отстапување на сите спортски објекти на општините, Струмица се уште не може да ја добие.

 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Многу играчи заминаа , Беласица се распаѓа ,
На никој не му е гајле , струмичани не се замараат со струмичкиот спорт ..ги занима само кафе и ништо друго .. се гледа каков народ има во струмица ..додека не се свестат и не дојдат асални спонзори што сакат да направат нешто од фк беласица нема да биде ништо од овој селаков ПЕРО ...ако чекаме тој да не внесе во 1 лига ..мислам дека нема ни да дочекаме ..е така ке си ја гледаме беласица со 10 души на стадион , без вода на стадионот без струја без ништо а имаме еден од најубавите стадиони во Македонија..е така спортски ПОЗДРАВ до сите , како што можеа да направат скопјани за Вардар , МЗТ , така може и струмичани да направват за Беласица , но немаат осет за спорт , на никој не му текнува да се организира ..поздрав
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Вечерва во 01:00 ке се одржи состанок во кафе „ЕКСТРИМ“ на тема : СТРУМИЦА САКА
СИЛНА БЕЛАСИЦА!, на состанокот ке бидат присутни членови од младински совет на град Струмица како и членови на навивачката група „АЈДУЦИ“... Секој кој е заинтересиран за активностите кои следат е поканет да дојде и да се информира. Првата активност која ке... се одржи е веке во сабота а тоа ке биде мировен протест на плоштадот „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - Струмица , поддржан од навивачката група „АЈДУЦИ“ , Младинскиот совет на град Струмица и општина Струмица. По повод тој настан ке биде и одржан состанокот во доцните часови !

ЕДЕН ПО ЕДЕН СТРУМИЦА НА НОЗЕ: САКАМЕ СИЛНА БЕЛАСИЦА !

Дојде и нашето време!!
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Сите мораме да се собереме на тој протест во сабота, да бидеме во што поголем број.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Разгласејте низ тај фејсбуко.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Има разгласено на УЛТРАС АЈДУЦИ на профило..и на таа групата шо е..
 
Член од
2 мај 2011
Мислења
245
Поени од реакции
55
Јорде Серафимовски ново засилување во Беласица :D
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
И овој голманот Кралевски го видов преги на тренингот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom