Одигравме слаб натпревар ако гледаме реално, но сепак успеавме да се извлечеме некако. Теренот на Осасуна од секогаш бил тежок за играње, така да ова се многу важни бодови. Но, луѓе да не се залетуваме, сепак е второ коло и треба да се оди натпревар по натпревар. Се додека ние победуваме, Реал не ни може ништо. Иниеста одигра многу слабо, Санчез на моменти ми изгледа како да не знае да ја води топката, Фабрегас исто. Факт е дека играта ни живна и постигнавме два гола откако влезе Чави. Ама дај не плукајте толку, туку разберете дека четвртокот имаа исклучително тежок натпревар против Реал и денес ги одмараше некои од играчите кои ке му требаат против Реал, како Чави, Педро, Макерано.. Тељо стартуваше затоа што на Педро му треба одмор. И разберете дека пред се тие се луѓе како нас, не машини. Тоа е нешто што најмногу ме нервира кај овие навивачиве на Барса што ги гледам и на фб и по форумиве. Одма да се вреѓало и играчите да седеле на клупа... И мене ме изнервира тоа што изгледаа како да се присобрани од некаде да играат фудбал, а не како играчи на Барса, но тоа е, пред се беа уморни, а против себе имаа и многу мотивиран противник и жежок терен. Но, запоменете дека не се машини и дека не можат секоја шанса да ја претвораат во гол и дека Валдес не може да спасува се и дека ке има и такви натпревари на кои и Иниеста и Чави и Пујол и Меси и било кој друг ке имаат лош ден и ке одиграат под своето ниво. Но, тоа не значи дека одма треба да ги прогласувате за дрва. Не знам, прочитав погоре некоја будала го прогласи Иниеста за слаб играч. Тој или гледа фудбал од денес или е навистина ретарда.. А Пујол без разлика на годините, секогаш ке има допринос за овој тим бидејки и навистина им помага од ментален аспект. На играчите им е многу полесно кога знаат дека го имаат Пујол покрај себе. Фудбалот не се игра само со физичка сила, треба да се биде и ментално силен, не знам колку вие "навивачите" на Барса што ги прогласувате Иниеста и Пујол за дрва го разбирате тоа. Иако признавам дека во овој момент како подобра стоперска варијанта ми изгледа Пике-Маскeрано, сепак Пујол е далеку од слаб играч.
И исто не плукајте многу по Тељо. Очигледно Виланова гледа во него квалитет кој што вреди да игра за Барса штом толку го форсира пред Афелај. Сигурно Виланова знае многу повеке за фудбалот и за состојбите во Барса од тие кои го прогласуваат Тељо од нас. Да беше недоволно добар за Барса ке играше во Алмерија, но игра за Барса во првиот тим и нема што да го оспорувате неговиот квалитет. И Виља не може да игра сеуште 100% бидејќи имаше тешка повреда. Значи и тој е човек, не машина. Секоја чест до оние навивачи на Барса на форумов кои го разбираат тоа и не ги прогласуваат играчите одма за дрва и за недоволно квалитетни.Значи помалку плукање по дечките, не е спорно дека и самите го даваат максимумот. И одиме натпревар по натпревар без залетување. Останете ми со здравје