За прв пат по дооолго дооолго време сум песимист за Ел Класико на домашен терен. Огромна предност ќе има Реал со неиграњето на Пујол и Пиќе.
Одлично ќе биде ако ја одржиме разликата од 8 бода до тој натпревар, у таква ситуација Реал ќе биде тој кој ќе мора да победи по секоја цена, со плус 8 и нерешено би и одговарало на Барса, али работата е што Барса не би била Барса ако не иде и на тој натпревар на трите бода, на победа.
Како фан на Барса сакам да не мењаме ништо односно да се тргне како и секогаш на победа, али знаејки дека моментално имаме + 8, дај боже и до тој натпревар, знаејки го најмоќното оружје на Реал, контрата и полуконтрата, плус додајте дека ни ги нема главните стуба во одбраната, незнам колку тоа би било паметно.
Незнам, не би било лошо Тито да проба како Пеп што направи пред 3 години кога на Бернабе у средината го убаци Дани и со тоа да ја неутрализира најопасната страна на Реал, тогаш дефакто игравме 4-4-2, налик нешто на ова што можеме на 7-ми да го извадиме:
Валдес
Монтоја - Маскерано - Незнам кој - Адријано
Дани - Чави - Бускетс - Иниеста
Меси - Педро
При напад ова може одма да се трансформира во 4-3-3, Дани ќе биде десно крило, Меси централно а Педро лево, а при бранење и те како ќе биде одлично покриена десната страна со Дани и Монтоја.
Стварно појма немам што би било најпаметно во ситуација во која ни ги нема двајцата првотимски стопери а од друга страна имаме солидна предност која моментално изнесува 8 бода. Да ја одржиме таа разлика до натпреварот би било одлично, па и со нерешено на Ел Класико не треба да бидеме незадоволни, пак ќе повторам, во ситуација каде сме ептен лимитирани во одбраната.