Во секој случај, ќе изгубиме одличен играч. Му посакувам се најдобро во кариерата, да напредува, да се докаже и да стане еден од најдобрите.
Моментот кој нема да го заборавиме е неговата асистенција за голот на Меси на Бернабе(0-2 во полуфинале од ЛШ 2010-11), не можам да најдам видео.
Вечерва, да сум јас Тито би стартувал со МВП во нападот(ако Виља е спремен, ако не Тељо).
Значи ова:
Валдес
Дани - Пике - Маске - Алба
Бускетс
Чави - Иниеста
Педро - Меси - Виља(Тељо)
Санчез и Фабре сеуште мислат дека се на одмор, не се влезени во ритам.
Валдес очекувам вечерва да се покаже, ама не како во претходниот натпревар.
Одбраната стандард. Капитенот играше прва постава во неделата, плус не се знае дали целосно е опоравен од повредата.
Триаголникот во средина не се чепка.
За Санчез кажав, не е во форма. Затоа, нашиот најдобар напад(кога сите се здрави) гласи
Меси-
Виља-
Педро. Доколку Виља не може од прва минута, Тељо нека игра лево. Иако не го сакате, добар е дечкото, игра подобро од Алексис!
ВИСКА БАРСА!!!