Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.597
Шпекулациите за Нејмар се шират како епидемија. Што мислите, можно ли е да го донесат Нејмар во овој преоден рок? :unsure: Дали е прерано? Кој треба да си замине во тој случај? 70% Афелај си оди, доколку дојде Нејмар, 100% си оди Афелај.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Што знам бе...од една страна добро освежување би бил Нејмар, ама од друга страна тоа за еден од напаѓачите може да значи седење на клупа цела сезона, во овој случај најпогоден би бил Педро, ако земеме предвид дека Афелај би одел сигурно.

Јас сепак би се решил да го донесеме на крајот на сезоната.
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Ако дојде Нејмар покрај Афелај сигурно ќе си замине или на позајмица еден од Тељо и Куенка. Ја би за Тељо у Барса Б, а Куенка или на позајмица или да се продаде со buy back опција. Едноставно нема да има место за нив полрај Нејмар (20), Педро (23), Санчез (24), а знаеме дека тука е и Виља, па и еден од Иниеста/Фабрегас, нормално Меси секако игра :ROFLMAO:
Ако потпише петелов уште летово (ја би бил најсреќен на цел свет :D) мислам дека нема да игра уште на почетокот прва постава али со тек на времето по таа лева страна би станал незаменлив, со тоа ќе се ослободи место за Виља како шпиц, позицијата кај што мислам дека е најдобар. Плус ако покрај него се Меси и Нејмар неможе а да не е добар! ;) Ќе има многу опции за нападот тогаш али сигурно најлошо ќе биде за Педро.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Нека го земат, додека не го земе некој друг. За 2-3 години ќе биде вториот најдобар фудбалер во светот.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.597
Или пак шпекулациите за Нејмар ќе си останат само шпекулации и на крајот, како сон ќе се разнесат, за само еден ден. :D
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
проблемите со ефикасноста во нападот и шутот од далечина - мора да се решат.........Виља конечно се враќа во тимот,но по толку голема пауза надвор од терен прашање е кога и дали ќе ја врати својата препознатлива форма........Неимар има желба да игра покрај најдобриот,зошто тоа да не му се овозможи годинава,ете нека завршат ОИ и нека се договорат фино - поштено
 

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
Едноставно е ако дојде Нејмар

Голмани : Валдес, Пинто.
Одбрана : Алвес, Монтоја, Пике, Пујол, Маскерано, Фонтас, Бартра, Абидал(?), Алба, Адриано. (Можеби Агер)
Средина : Бускетс, Фабрегас, Чави, Иниеста, Тиаго, Афелај, Џонатан.
Напад : Меси, Алексис, Педро, Виља, Тељо, Куенка, Нејмар.

Јас мислам дека попаметно е да си замине Куенка доколку дојде Нејмар.
И мора да се донесе еден кој што ќе го покрива Бускетс, Кеита си замина а ни остана само еден CDM.
Со огред на тоа дека сакаат да го донесат Агер, а Бидејќи на Маскерано природна позиција му е CDM може да има некакви ротации во тимот.
Сепак Тито е на функција и тој треба да знае што и како му треба.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Патрик Клајверт (мојот омилен играч од тогашната Барса) ќе биде помошник на Ван Гал, во репрезентацијата на Холандија!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.597
грешка си..Роналдињо нема 2 златни топки..туку 1-на..а Деко има 2 ЛШ но не му се по ред:D
Сум смешал брзините нешто.. :confused: Ајде, да ми се случеше сега, да речеме од водката е, ама уште во 10 саатот...:icon_mrgr:
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Што е работава со Сонг од Арсенал?
Незнам зашо го бараат не ни е потребен играч од средината, треба стопер и напаѓач да куваат, незнам кој кур им е.. :mad:
Без квалитетен стопер ништо не праиме и сезонава, за нападот ќе иде некако!
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
76
Поени од реакции
174
^
Според пишувата на 'Sport', Барселона и Арсенал во следните 48 часа ќе донесат конечна одлука околу преминувањето на Алекс Сонг во редовите на Барселона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom