За вчерашниот меч,шо да се коментира.
Слаба игра,посебно на одбраната,колку само лесни голови се примија то чудо едно:nesvest::nesvest::nesvest:
Посебно потфлија страничните дефанзивци-премногу лесно создаваа слободен простор по страните играчите на Интер,и кога ќе се прошетаа непречени до шенсаесетникот веќе беше касно,сите три гола се примиа од 10 ина метри,нешто шо за екипа како Барселона е недозволиво.
Наивност,премногу грешки,конфузија во одбраната,подарок од судиите и гол од чист офсајд на Милито резултираше со 3 примени гола,ако не се лажам ова е прв меч каде Барса прима 3 гола оваа сезона.
Мораше одбраната да биде на ниво-а за слабата игра на средниот ред,посебно на нападот-очекувано беше дека Интер сите сили ќе ги насочи во запирање на Меси,а посебно добра работа завршија со запирањето на мозокот на екипата Чави Хернандез.:kesa:
Тотално промашување на Гвардиола беше Серџо Бискец,едноставно бескрисен беше вчера
Втора голема грешка-пуштањето во игра од самиот старт на Ибрахимовиќ:nesvest:
Се изгуби таа полетност,брзина,свежина во играта во нападот која ја красеше Барса се до мечот со Еспањол-нормално е кај сите тимови да се јави криза,неминовно е тоа,пренапорниот распоред,играњето на 2 фронта си го зема својот данок-штета е шо кризата се јави баш на можеби клучните мечеви!!
Гладијаторите во одбраната на Интер Лусио и Самуел не му дадоа око да отвори на Ибрахимовиќ.:kesa:
Против таква одбрана требаше да се пушти Кркиќ,со статичност-да не речам со одење не може да се пробие бедемот на Интер.
Треба легнување на топката и форсирање на препознатливата игра за Барса,од нога до нога!!!
Судиите секако му кумуваа на високиот пораз тоа е факт-оштетена е Барса за еден гол(иако имаше и неколку непостоечки офсајди кои беа му беа досудени на Интер),не беше досуден чист пенал над Алвес.
Слаб судија-се надевам во реваншот ќе има фер коректно судење и подобриот ќе оди понатаму!!!
Се надевам дека ќе се повтори 24 ноември 2009 и ќе биди барем 2-0 за Барса.
lee:
Има време дотогаш,ќе анализираме наредните денови за овај меч.:salut: