Ако не се подобри Ибра нема шо да бара у прв тим зашо ваков напаѓач не сака Барса, Барса сака напаѓач како што беше Ето да ги искористува сите можности а не да промашува празни голови.
Ете затоа го сакам Виља
Брат, ако некој промашуваше празни голови тоа беше Ето само што после 2, 3 или 4 голови ретко кој му ги памтеше промашувањата.
Сите очекуваат Ибра да дојде и одма да почне да дава исто голови како што даваше Ето. Колку и да е добар Ибра му треба време за прилагодување. Оваа сезона му е период на адаптација.
Ако ја споредиш статистиката помеѓу Ибра и К. Роналдо ќе видиш колку се слични.
Ибра има 12 голови и 6 асистенции, Роналдо 15 голови и 4 асистенции. Скоро идентично. Не гледам некој да се буни за тоа како игра Роналдо во Реал.
Проблемот со Ибра е тоа што нагло му падна формата ама ако го некој го гледал редовно со Интер може да потврди дека барем еднаш годишно запаѓа во голгетерска криза и најчесто се враќа во форма во најважниот момент во сезоната.
Така што тоа не е ништо ново. Виља исто така има падови на формата. Разликата е во тоа што дава голови кога не игра добро затоа што често игра како единствен напаѓач во Валенсија и има многу простор за маневрирање, тактички, па може да излезе од шеснаесетник кога сака и да си најде простор од таму.
Ибра има строго дефинирана улога во Барса со огранчен простор на движење затоа што со него играат уште двајца напаѓачи во иста линија. Кога Педро или Меси трчаат по крилата Ибра мора да биде во шеснаесетник и да чека топка. Ако Чави му даде топка, а он е свртен со грб накај гол мора да ја подаде назад за да не ја изгуби и да зачува посед. Виља нема таква задача во валенсија. Ако изгуби топка тогаш ништо, почнуваат од почеток со градење на акција преку Банега, Силва, Мата... едноставно Валенсија не играат на посед и губењето топка не им ја нарушува филозофијата.
Ибра е најдобриот напаѓач за барса во моментов. Чекајте и ќе видите до крај на сезоната.