Јас лично не би можел да се одлучам за тоа која екипа игра подобар или поубав фудбал, дали Барса со Роналдињо и Рајкард или Барса со Пеп и Меси. Сепак некако симпатиите повеќе ми се на страната на оваа Барса, не заради тоа што е машина за голови и тоа што ланската сезона имаа приближно просек од 3 гола по натпревар во сите конкуренции туку оваа Барса ми делува некако по компактно, по здружено, играат сите за еден еден за сите, оваа Барса го има Пеп, извонредно интелегентна личност и одличен другар со играчите а и голем + е тоа што има дури 8-9 играчи од кантерата од кои 6 се прва постава.
Факт е дека Барса со Рони беше спектакуларна, беше вистинска сензација и тешко дека ќе видиме повторно таков виртуоз, играч кој што имаше очи на тилот, играч кој правеше бриљантни потези, дриблинзи, асистенции и голови и еден Деко кој беше плеј број еден во тоа време но сега повторно имаме играч најдобар во светот, играч на кој топката буквално му се лепи за нога, играч кој ги излудува сите дефанзивци на теренот, играч кој што е невозможно да се чува еден на еден, играч кој што сеуште не го достигнал својот личен врв а веќе е нумеро 1 во светот. Тука се и Чави и Иниеста, најдобрите средни играчи и заедно со Меси и Пеп мислам дека оваа убава серија ќе трае подолго од серијата на Рајкард, Рони и Деко.
П.С. Има уште два ипол саата до утакмицата со Динамо, очекувам повторно одлична и прекрасна игра на Кампот, игра со многу голови и да го завземеме првото место на табелата.