Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
NO da ne go zaboravime Busquets...i toj e talent od nasata skola i nemu treba da mu se ukaze sansa...znaci vaka ja mislam deka ako go zememe Fabregas togas Keita treba da zamine!
Кеита е најмалиот проблем во приказната...

Не продаваш ДМ кога купуваш ЦМ освен ако несакаш да добиеш не балансиран тим што може да освои само голем к**.

Кеита треба да се замени со некој ДМ што нема да биде на Афрички куп секоја втора сезона.

Бускетс не е природен ДМ и не играше многу добро како единствен ДМ минатата сезона (освен против Јунајтед). Најдобро игра кога се во комбинација со Туре во средината и еден од Чави или Ињеста.

Затоа изгледаше паметно да се земе Маскерано ама сега кога нема ништо од тоа ќе трчаме по Фабрегас.

Реално гледано за се е така летово. Чики и Лапорта на врвот на својата неспособност.

Да не се заебаваме сите знаеме што побара Пеп, а што доби. Главна цел не ни беа Ибра, Цеск ни Виља...

Тоа што Пеп бараше е да се купи Рибери. Може да игра како LW и СМ БЕЗ ДА СЕ ИЗГУБИ НА КВАЛИТЕТ и практично ни ги решаваше сите проблеми освен со одбраната.

На крај , Лапорта реши дека е подобро да се најде замена за Ето и да се фрлат парите на Ибра. (не викам дека ова не е добра зделка финансиски гледано ама не е најсреќното можно решение на спортски план и не е тоа што му требаше на тимот највеќе).

Кога веќе беше решено дека Ето ќе си иде се знаеше дека најголемото засилување оваа сезона нема да биде Рибери туку замената за Ето (Виља или Ибра), колку и да сакаат директорите на Барса да не прикажат како финансиски моќен клуб и колку и да сме финансиски моќни нема доволно пари за две толку големи засилувања.

Затоа може сеа само да се молиме дека нема да има многу повреди сезонава иначе отидовме...
 
P

pepito*

Гостин
eve go tiago protiv francija

сигурно е дека ќе има место за Тиаго во Барса,Чави најмногу уште 5 години може да игра врвен фудбал,Иниеста како што гледам полека полека ќе се премести на крило и Тиаго и Цеск ќе играат стандардно во средниот ред!

За Бускетс ми беше страв ако дојдеше Маскерано,ама тој не дојде,па ќе игра исто толку често колку што играше и оваа година

Кеита е добра замена и мора да остане,сигурно ќе биде потребен во една толку долга сезона
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Абе факт е дека Рибери ќе ни завршеше нејвеќе работа и ќе не покриеше одлично на две позиции, ама Лапорта и Чики заебаа работата.Со играч како Рибери тепаш 2 муви со 1 удар :))). Кога веќе не сме во можност да дојдеме до неговите услуги... ондак подобро решебние моментално од Фабрегас и не гледам:toe:
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Ако дое Цеск највише Анри ке го јаде,ама некако не ми штима Иниеста да игра крило затоа најдобро ке биде да земеме некој играч шо ке се сложи да грее клупа,а ако(недај боже се повреди Чави/иниеста)да го замени како на пример Деко!
 
P

pepito*

Гостин
МОРАМЕ да земеме дефанзивец,многу сме тенки во одбраната

Гуардиола го неќел Хенрике,па изгледа пак ќе го прати на позајмица,а ако не го прати ќе игра утакмици како што играше Касерес годинава-во купот и др полесни утакмици
Ни остануваат само Маркес,Пујол и Пике
Златен Милито и да се врати,нема да биде како порано

Ама мораме да земиме халф-ако не Чигрински,тогаш барем Компани
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
МОРАМЕ да земеме дефанзивец,многу сме тенки во одбраната

Гуардиола го неќел Хенрике,па изгледа пак ќе го прати на позајмица,а ако не го прати ќе игра утакмици како што играше Касерес годинава-во купот и др полесни утакмици
Ни остануваат само Маркес,Пујол и Пике
Златен Милито и да се врати,нема да биде како порано

Ама мораме да земиме халф-ако не Чигрински,тогаш барем Компани
И јас го мислам истото, да го земеме веќе еднаш Компани и да не му ја мислиме многу затоа што тој може да игра и во одбраната и во средината.
Исто така и да си го вратиме нашиот Фабрегас кој што најверојатно ќе дојде во Барса за десет дена.:vozbud:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
kako so gledam ovaa godina na site linii sme slabi so igraci i vo odbrana i sreder red i napad
ne daj boze da ima podolga povreda na nekoj igrac i da ne recam gotovi sme
i lani mislam deka beme slabi so igraci ama nemavme mnogu povredi i taka nekako se gurase,ama ovaa godina ke bide mnogu mnogu potesko zs ke gi nema nitu keita i ture baska ima i povike natprevari od lani za igranje i kako ke bide samo gospod znae
samo da nema povredi i drugoto se ke bide OK
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
И јас го мислам истото, да го земеме веќе еднаш Компани и да не му ја мислиме многу затоа што тој може да игра и во одбраната и во средината.
Исто така и да си го вратиме нашиот Фабрегас кој што најверојатно ќе дојде во Барса за десет дена.:vozbud:
Дај боже да се врати Фабрегас, а за Компани и не сум баш нешто многу за негово ангажирање. Незнам оти ама нешто ми вика дека нема баш да се снајде во Барса
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Дај боже да се врати Фабрегас, а за Компани и не сум баш нешто многу за негово ангажирање. Незнам оти ама нешто ми вика дека нема баш да се снајде во Барса
pa za vo klupa dobar bi bil...moze da igra i DM i CB
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Пошто неам шо да праам во 5 саат сабајле, а не ми се спие ке пробам да напраам една анализа на тимот на Барса и играчите со кои располагаме.

Централен напад (ST) : прва опција ке биде Ибрахимович нормално, замена за него би бил Бојан или Анри зависи од тактиката на Пеп, би требало да добие Бојан повеќе шанси како замена за Ибра, а Анри да си остане на лево крило, но ке има многу рокади помеѓу нив двајца затоа што можат и на крило и во центар да играат за разлика од Ибра. Централниот напад е добро покриен и нема потреба од додатни засилувања.
Лев крилен напаѓач (LW): Доколку успее да се среди ахиловата тетива на Анри, он би бил прво решение за оваа позиција барем уште оваа сезона, како замена за него би требало да конкурираат Педро и Бојан, Педро ме изненади во предсезоната и дефинитивно ке добие повеќе шанса на оваа позиција, Иниеста истотака може да игра одлично на оваа позиција. Доколку повредата на Анри е посериозна за да одсуствува неколку месеци тогаш дефинитивно треба да се најде некоја опција за засилување на оваа позиција но доколку Анри се врати брзо, јас а верувам дека и Пеп имам доверба во Педро и Бојан (и иниеста ептен ако треба) како солидни замени за лев крилен напаѓач.
Десен крилен напаѓач (RW): The Mesiah неприкосновен на оваа позиција, во моментите кога треба да се одмори или во помалку битни натпревари, шанси ке добива Џефрен(кој истотака играше одлично во предсезоната), па дури и Бојан и Педро може да играат на оваа позиција по потреба. Нема потреба од нов играч.
Среден ред (CM) и (DM) : Иниеста и Чави а зад нив Туре би било идеално, замени за нив Кеита кој може да го замени иниеста или чави, и Буске кој може да игра и CM и DM, да не го заборавам и Гуди(ако не не напушти) кој може да игра CM во некои послаби натпревари а а и лани го видовме нелолу пати како напаѓач ,проблемот во средниот ред е немањето на уште еден играч од типот на Туре, кој би можел солидно да го замени на позиција DM, Буске е тука само но тој ја нема силата и пробивноста на Туре. Еден Маскерано совршено би дошол но нема шанси за негов трансфер во Барса, Компани е исто добар играч иако не е негова класа. Ако дојде Фабрегас, тогаш Чави, Иниеста и Фабрегас нема теорија да играат заедно во средниот ред поради тоа што ке бидеме премногу отворени во средина, затоа Иниеста би идел лево крило а Фабри би играл на неговото место до Чави, но со овој трансфер ништо не сме решиле, затоа што евентуална посериозна повреда на Туре би била катастрофална, Ако се повреди еден од дуото Иниеста, Чави пак не е толку страшно бидејки би останал еден плејмејкер во средниот ред, а за повреда на двајцата не сакам ни да помислам. Значи доаѓање на Фабри не би било лошо но поважно е доаѓање на моќен DM.
Централна одбрана (CB): Пике и Пујол прв избор, Маркез и Енрике замени, и нормално очекуваме враќање на Милито. Нема потреба од засилување.
Лев бек (WBL) (LB) : Абидал би требало да добие предност пред Максвел, иако Пеп ке им даде подеднакво време и на двајцата.
Десен Бек (WBR) (RB) : Алвес(или Алвеш како сакате) е one and only, замена за него би бил Пујол кој може доста добро да изигра и десен и лев бек а во првиот тим е уште и Виктор Санчез кој игра на оваа позиција и би требало да го видиме во Копа дел Реј против третолигаши.
Голман : Валдес прва опција, иако знае да напраи некој глупост сепак е одличен голман и не би го сменил сеуште, замена Пинто и Жоргера.

Идеален состав :

------------------ИБРА-------------------
----АНРИ-----------------------МЕСИ-----
------------------------------------------
-----------Иниеста ---Чави---------------
-------------------------------------------
------------------Туре--------------------
---Абидал------------------------Алвес---
---------------Пујол---Пике---------------
--------------------------------------------
-------------------Валдес------------------

Втор состав :

------------------Бојан--------------------
----Педро-----------------------Џефрен---
--------------------------------------------
--------------Кеита----Гуди----------------
--------------------------------------------
------------------Буске---------------------
---Максвел------------------------Санчес--
---------------Енрике---Маркез----------------
----------------------------------------------
--------------------Пинто--------------------

Ми се приспа од постов:icon_roll , ај поздрав и VISCA BARCA :music3:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom